Автор: Јаковлева Лионела

pedijatri

Со размена на искуства до подобри резултати во педијатријата

Post Views: 1 Целиакија, ларингит, бронхолит, даунов синдром, ова беа дел од темите на кои денес се разговараше на педијатриските стручни средби на медицинските сестри кои се одржаа во хотел Мизо во Охрид. На овие средби учествуваа 110 медицински сестри од државава. Целта на овие средби кои се одржуват години наназад е размена на искуства помеѓу персоналот во педијатриските одделенија ширум Македонија. Гордана Јонческа Маџоска, медицинска сестра во педиатриското одделение при општата болница во Охрид вели дека работата со деца е многу специфична. Од една страна е големо задоволство...

Continue reading

sednica

Веќе видено сценарио или случајност

Post Views: 0 Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до фондовите...

Continue reading

плостад

Одмор или кошмар

Post Views: 0 Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат. Според податоците...

Continue reading

sdsm

Двапати крои, еднаш сечи

Post Views: 4 Во општинската организација на СДСМ наголемо се подготвуваат за предстојните локални избори. Тие пред се работат со своето членстви и симпатизери на терен, но големо внимание посветуваат и на политички неопределените граѓани. Ставот на централата на СДСМ во Скопје е до крајот на јуни да се истакнат кандидатите за идните градоначалници. За Охрид веќе се споменуваат две имиња. Тоа е името на актуелниот Градоначалник Александар Петрески и името на претседателот на Општинската организација, Науме Јованоски. Кој ќе биде кандидатот за првата градска фотеља ќе одлучат резултатите...

Continue reading

konak

Опасен конак

Post Views: 1 Опасност ги демне учениците и минувачите кои влегуваат низ портата на црквата Света Богородица Перивлепта. Западната страна од ѕидот на конакот кој се наоѓа во дворот на црквата за 40сетина сантиметри е поместена од лежиштето, а на самиот ѕид има голема пукнатина. Секој момент истиот може да се сруши. Благоја Чочегов, жител од овој дел на градот вели дека тука секојдневно поминуваат голем дел од учениците кои учат во Основното училиште Св. Климент Охридски, а и туристите кои ја посетуваат црквата многупати се потпираат на опасниот ѕид без да знаат што може да им се случи. Чочегов...

Continue reading

jadenja

Живот во светот на тишината, но и во светот на уметноста

Post Views: 8 Живка Стојановска од Прилеп е жена, домаќинка, мајка и баба. Таа секојдневно ги прави сите оние вообичаени работи за една жена, но најмногу ужива кога готви и за своето семејство подготвува најразлични специјалитети било солени или благи. Нејзините раце се навистина вешти и од најобично тесто знае да направи вистинско уметничко дело. Живка својата способност за прв пат оваа година решила да ја покаже на манифестацијата „Жена домаќинка“ која е организирана од страна на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Р. Македонија. Со нејзината погача цвеќе ќе се натпреварува...

Continue reading

perivlepta

Највредниот живопис во Македонија

Post Views: 7 Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Од први јуни ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко и што поскоро треба да се конзервира бидејќи има големи оштетувања поради влагата која се јавила во црквата. Фрескоживописот не е третиран од 80-тите години на...

Continue reading

sileks

Хотелите ќе добијат електрошок

Post Views: 0 Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени.  Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи,...

Continue reading

jadenje

Патот до срцето води преку желудникот

Post Views: 6 Што се ни се нуди на мениата во охридските ресторани? Каква е гастрономската понуда во градов? Освен во  четири до пет ресторани во ниту еден друг не можат да се најдат нашите традиционални јадења како охридски чомлек, гравче тавче, пиперки полнети или сарма. Угостителите велат дека странските гости многу малку се запознаени со нашата национална храна па ретко ја порачуваат. Тие објаснуваат дека економски им е неисплатливо секогаш на лагер да ги имаат овие јадења. За жал освен скара, плескавица, вешалица и пилешки стек  со прилог од некој замрзнат зеленчук во најголемиот...

Continue reading

plaza

Крпа и пченка или лежалка и нескафе

Post Views: 1 Враќање во минатото. Се сеќавате ли кога лежевме и се сончавме на охридските плажи на крпи а не на лежалки, а за да ја поставиме крпата претходно требаше да подзачистиме затоа што плажата не се гледаше од шутот и тревата која се наоѓаше на неа. Се сеќавате ли на чичковците кои ви застануваа над глава нудејќи ви топли пченки. А се сеќавате ли дека кога ќе се искапевме во езерото, а водата беше матна и со реси поради бранот чекавме да се пуштат прскалките на блискиот тревник за да се истушираме. Е по се изгледа охриѓани и гостите ова лето ќе уживаат во една ваква плажарска...

Continue reading

kotva

Не се важни парите туку љубовта

Post Views: 1 Подигањето на спомен- обележјето посветено на празникот Богојавление- Водици, се поизвесно. На наредната седница на Советот на општина Охрид ќе биде формиран Одбор , кој ќе треба да се погрижи околу реализацијата на иницијативата на годинешниот кум на манифестацијата „Водици“, Ванчо Чифлиганец. Кумот не открива колку пари ќе го чини подигањето на ваквиот споменик, но вели дека тоа и не е толку важно. Чифлиганец потенцира дека оваа иницијатива е дадена со љубов и со желба споменикот што поскоро да се изгради. За таа цел апелира до надлежните институции да ја забрзаат...

Continue reading

komisija

Награди за најуспешните

Post Views: 29 Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци  биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top