Post Views: 2
И во Скопје се слушна за проблемите на Охрид кога има пообилни врнежи од дожд. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски на пресс конференција која се одржа во главниот град рече дека Општината Охрид со години наназад не го решава проблемот со атмосферската канализација.За Александар Петрески се друго е приоритет, освен решавањето на овој горлив проблем, подвлече тој.Сликите од поплавата во Охрид, се слики на град како од 18 век, без основни услови за живот. Поплавени домови, преплавени улици, атмосферска канализација која нефункционира, е...
Post Views: 12
Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори.
Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на...
Post Views: 0
Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински.Ова е проект кој МЈП Проаква го реализира заедно со Швајцарската амбасада која за таа цел издвои средства во висина од 2 мил денари. На потегот од Св. Наум до Радожда во должина од 28 км има 11 пумпми станици. На ваков начин ќе се намалат трошоците за гориво и електрична енергија, а и ќе се избегне затајувањето на системот кој кога има пообилни врнежи од дожд треба да работи со поголем капацитет за да се постигне саканиот ефект за заштита на езерото од отпадните води, вели Златко Старкоски директорот...
Post Views: 5
Осум години манипулација со граѓаните и градот. Но дојде момент градоначалникот Александар Петрески да си ги признае грешките, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Петрески и неговиот тим во урбанистичката и организационата сфера направија голем број грешки кои многу ќе ги чинат на изборите кои доаѓаат, додаваат од таму.Петрески и неговиот тим ја признаа грешката со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Но, тоа што три дена после тоа признание Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување...
Post Views: 2
Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните заработиле казна за тоа. 56 260 ден. се наплатени годинава од страна на Општинскиот комунален инспекторат како глоба за непочитување на Законот за јавна чистота. Овој закон кој се донесе пред четири години граѓаните многу не го почитуваат, вели раководителот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танасоски. Оваа сума не е реална...
Post Views: 6
На манифестацијата „Водици“ да има почесен строј и охридска гарда. Ова е идеја на здружението „Богојавление“ која датира уште од поодамна, но досега не е реализирана. Потпредсадателот на ова здружение, Митко Пендов вели дека заедно со Министерството за култура и Локалната самоуправа имаат намера да распишат конкурс за униформа на охридска гарда која ќе биде препознатлива и ќе ги содржи симболите на Охрид низ вековите. Оваа гарда би се користела и за други манифестации кои ќе се одржуваат во градов. Ова здружение подготвува и други новини со кои ќе привлече гости не...
Post Views: 4
Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење. После речиси три години голгота, низ нивните чешми потече течноста што живот значи. 176 домаќинства, колку што има во ова село сега се приклучени на градскиот водовод. Синоќа кога потекла водата низ славините за нив било вистински празник, вели Климе Тренески, претседателот на МЗ Горно Лакочереј.
Тренески потсетува дека овој проблем започнал откога биле исклучени од водоводот од кој се снабдувале, а е во сопственост на Емо. Мештаните години наназад барале решение за нивниот голем проблем, па дури самоиницијативно...
Post Views: 5
Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Овој локален пат со должина од 8км е изграден со средства од Владата во висина од 25 мил. Денари. Груевски истакна дека сега сите граѓани кои живеат во овој дел од Општина Охрид како и сите намерници кои го посетуваат манастирот Св. Богородица во Скребатно не ќе мора да газат во кал и прашина бидејќи е изграден еден широк и модерен пат кој ќе го користат многу години.
Премиерот потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата преку...
Post Views: 4
Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век,вели Отец диме Азески.
Најстарата икона датира од 1740 година. Посебно вредни се иконите од Корчанската зографска работилница на Трпо Зограф,...
Post Views: 24
Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст.Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои бараат помош, некои од нив и не се евидентирани во списоците на Центарот за социјална работа поради строгите критериуми. Доколку сме во можност им даваме еднократна...
Post Views: 1
И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште тогаш започнаа реализација на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор.
Вие знаете дека Советот изгласа и изградба на споменик на Христо Узунов кој ќе биде поставен токму на ова место. Постојано сме во комуникација со директорката на Завод и музеј...
Post Views: 6
Македонија има потенцијал за развој на органското производство но тој се уште не е доволно искористен, велат екологистите. Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија, вели Владимир Џабирски, поранешен претседател на Здружението на екологисти на Македонија.
Во државава регистрирани се вкупно 250 фармери, производители...