Post Views: 0
Студенчишкото блато кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува од денес. Со проектот предвидено е да се постават границите на блатото и да започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото.
Планирано е во овој природен резерват да бидат изградени и набљудувачници од каде...
Post Views: 1
Процесот на децентарализација тапка во место, тврди градоначалникот Александар Петрески. Без локален развој нема подобар животен стандарад, додава тој. Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Петрески.
Градоначалникот потенцира дека доказ за се поголемата централизација е и тоа што земјиштето кое општината само пред неколку месеци го доби на управување им е одземено пред неколку недели. Зa неговата судбина повторно ќе решава државата. „Тоа ме потсетува на национализацијата...
Post Views: 10
Поддршка на самостојниот синдикат на клиничкиот центар денес му дадоа и докторите од општата болница од Охрид. Лекарите кои штрајкуваат интервенираат само на итни случаи, а на сите останати пациенти на кои состојбата не им е итна прегледите им се презакажуваат за други денови. Д-р Никола Симоновски, претседателот на синдикат на Општата болница Охрид вели дека прекинот на работата се одвива без никакви последици по пациентите бидејќи на сите оние кои им е неопходна здравствена помош истата им се пружа.
Инаку, лекарите специјалисти бараат под итно укинување на проектот...
Post Views: 10
18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор...
Post Views: 5
Градоначалникот Александар Петрески и годинава ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите номинации. Оваа пракса се воведе минатата година со цел да се растеретат од притисокот и да здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија, бидејќи изминатите години доделувањето на наградите го тресеа скандалозни случувања.
За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот ја префрлија на еден човек- Градоначалникот,...
Post Views: 7
За прв пат во градов се организира повеќедневен камп на деца од неколку градови од поранешните ЈУ простори. Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на овј камп кој треба да се одржи од 4 до 8 декември, во неделата кога се одбележува и патрониот празник на ова училиште, но и на градот. Кампот го носи името Боите на светлината, а на него ќе учествуваат деца од четири градови и тоа Пиран од Р. Словенија, Котор Р. Црна Гора и Кикинда и Белград, Р. Србија. Се очекува да пристигнат околу 20 деца заедно со своите ментори. Учениците ќе бидат...
Post Views: 4
Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин...
Post Views: 1
На градските избраници во Советот на Општина Охрид веќе осум месеци не им се исплатени паушалите. На секој советник месечно треба да му се исплатат 14 000 ден. Бидејќи во советот има 23 советници ако се направи проста математика за изминативе осум месеци општината на секој од нив им должи по 96 000, а на сите вкупно околу 2 мил денари. Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски вели дека ова е крајно несериозен однос на Локалната кон нивната работа и функција.
Инаку, исплатата на паушалите е регулирана со Законот за исплата на плати и други надоместоци на избрани...
Post Views: 5
54-тата седница на Советот на Општина Охрид невообичаено кратака. На дневен ред беа ставени само четири точки и уште една дополнителна која беше додадена на барање на Комисијата за финансии и буџет. Советниците на првите три точки беа прилично комотни. Но, атмосферата се загреа кога на ред дојде четвртата точка- Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на Локална самоуправа Охрид за 2012 година. За опозицијата нема никаква оправданост да се прави ребаланс на буџетот бидејќи како што потенцираа тие уште при неговото донесување укажувале дека проекцијата...
Post Views: 1
Денес свечено беше отворен новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од оваа градинка фаќајќи го за рака Градоначалникот Александар Петрески го однесоа до трите занимални и новата трпезарија во која ќе можат да уживаат и да ги поминуваат своите детски денови нивните нови другарчиња кои треба да пристигнат од наредната недела. Со овој симболичен гест доградбата на централната градинка се стави во употреба. Градоначалникот Петрески не го криеше задоволството од позитивната реализација на овој како што кажа капитален проект кој го финансираше Локалната. Тој...
Post Views: 6
Од наредната недела стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“. Новите простории во доградениот дел на оваа градинка утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба. Тие се изградени по сите нормативи и стандарди според правилникот за изградба на детска градинка. Во новите простории има три занимални, една трпезарија и магацински дел. Таму ќе бидат згрижени 90 деца, вели директорката на градинката, Марина Петровска Тодоровска.
Доградбата на централната градинка ја финансираше Локалната самоуправа, а уредувањата...
Post Views: 5
Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип. Сите 2100 вакцини кои годинава ги набави Центарот за јавно здравје веќе се потрошени. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ќе се потрудат да набават барем уште 200вакцини се во интерес на граѓаните.
Зголемениот интерес на граѓаните за вакцинирање се должи на зголемувањето на нивната свест колку тоа е добро за заштита на нивното здравје, вели Михаилов. Вакцинирањето е најбезбеден,, најлесен и наефтин начин на заштита од грип. Вакцината чини 400 ден., а доколку граѓаните заболат од грип ќе ги чини многу повеќе...