Post Views: 43
Охриѓани денес се потсетија на нивниот сограѓанин,Иван Точко кој е еден од основоположниците на повоената македонска литература. Тој е препознатлив по неговиот уникатен и динамичен стил, а критичарите го нарекувале и последниот македонски литературен романтичар. Но, за жал неговото име денес како да е подзаборавено, вели писателот Мишо Јузмески.
Со цел да не се заборави делото на Точко денес на неговиот роденден, во културниот центар „Култура 365“ се одржа литературни читање. Писателот Тоде Илиевски рече дека оваа идеја е за поздравување
На литературното читање беше...
Post Views: 1
Пред Божик, зад Божик кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божик, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувњето на Божик започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје и се она што е посно за да се направи свечената...
Post Views: 6
Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас, ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и...
Post Views: 1
Најлудата ноќ во Охрид мина мирно. Од СВР Охрид информираат дека ниту еден инцидент не го засени Дочекот на Новата година. Иако на градскиот плоштад и во угостителските објекти за празнициве престојуваат илјадници гости немало нарушување на јавниот ред и мир.
-Новата година од безбедносен аспект мина беспрекорно добро, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Не е регистрирана и ниту една сообраќајна незгода.За дочекот на Новата година на повеќе пунктови во градов беа распоредени дежурни полициски екипи и сообраќајни полицајци кои за среќА немаа многу интервенции.
Но,...
Post Views: 1
Свр Охрид максимално ќе биде ангажиран и во новава година. Новиот вршител на должност, началник на СВР- Охрид, Зоран Сарафилоски рече дека приоритет ќе му биде сузбивањето на насилството за што и лично ќе се завземе. Сарафилоски најави дека со жестоко темпо ќе продолжат и активностите за сузбивање на тешките облици на кршење на јавниот ред и мир.– Ќе бидам присутен на терен, ќе ги согледувам состојбите, ќе преземам мерки, а при тоа ќе нема прикривање на фактите. Ќе бидеме објективни и секогаш достапни за медиумите и јавноста, рече Сарафилоски.Портпаролот на СВР...
Post Views: 2
Звукот на петардите по се изгледа ќе го одбележат и овој дочек на Новата година. Деновиве насекаде по градов може да се слушне како некој се забавува пукајќи со овие опасни пиротехнички средства. Поради тоа од Секторот за внатрешни работи Охрид вршат интензивни и засилени контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање на овие пиротехнички производи.Деновиве акции беа изведени во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што беа пронајдени и одземени околу 28 000 парчиња најразновидни петарди и низа други пиротехнички средства нелегално набавени и наменети за понатамошна...
Post Views: 7
СДСМ и Градоначалникот Александар Петрески денес изведоа најгнасно и нечесно сценарио со кое сакаат да го уништат Охрид, обвинија од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму тврдат дека пред денешната седница на Советот на Општина Охрид со телефонско јавување и партиски наредби Петрески и Сдсм донеле голем број сограѓани како би им го штителе нивниот грб. Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ вели дека целта на Петрески и СДСМ е да создадат насилство и хаос па дури и човечки жртви.
Михаилов потенцираше дека најмалку од се ќе дозволат сценаријата...
Post Views: 8
Безбедносната состојба во средните и основните училишта во градов, задоволителна, велат од СВР Охрид. Податоците покажуваат дека бројот на инцидентите споредбено со 2009 е намален за неколку пати. Само за пример во 2009 имало 16 инциденти, а во 2012, 7. Најчесто станува збор за ветрбални навредувања кои подоцна прераснуваат во физички напади и тепачки. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид вели дека радува фактот што при тепачките не се користи оружје или некои опасни предмети.
Подобрувањето на безбедносната состојба во училиштата се должи на спроведувањето на неколку...
Post Views: 8
Нов сообраќаен режим на „Кеј Маршал Тито“ и кружниот тек кај плоштадот. На споменатата улица нема повеќе да се одвива сообраќај и ќе служи како шеталиште , а рампите на плоштадот се отстранети така што на овој дел ќе може сообраќајот слободно да се одвива без никакво запирање, вели Зоран Шикалоски, раководиделот на секторот за комунален развој и сообраќај.
Рампите повеќе нема да бидат во функција на паркинг просторот, а самото паркирање ќе се регулира со паркингметри или со смс пораки. Ова е одлука на Локалната во корелација со останатите субјекти, а причина се престојните...
Post Views: 4
Жителите на улицата „Петрино“ се закопани во кал. Откога кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асфалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Жителите кажуваат дека градежните работи на Петрино ги спроведувале кабелските оператори ТВ Алсат и Инфел, а подоцна на средината од улицата раскопувале од ЈП „Нискоградба“ за поставување на цевки за фекална канализација. Откога завршиле со зафатите само ја пошлунчиле улицата и си заминале.Никола Тренески, жител на оваа улица вели дека децата со гумени чизми...
Post Views: 2
ВМРО ДПМНЕ на своите пресс конференции континуирано ги лаже граѓаните. Нема да дозволиме охриѓани да помислат дека овие лаги се вистина, рече директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче како реакција на обвинувањата упатени кон ова ЈП од страна на ВМРО ДПМНЕ, а во врска со најновите вработувања.
Пред околу еден месец ја обвинија Локалната дека не аплицирала на владиниот проект за вработување на лица постари од 50 год. или нискоквалификувани кадри, а сега не обвинуваат за новите вработувања, вели Алче. 21 лице кои се нововработени се реална потреба за обавување...
Post Views: 5
25000 единки, подмладок од охридска пастрмка денес беа фрлени во водите на езерото. Ова порибување согласно договорот помеѓу Хидробиолошкиот завод и концесионерот „Пастрмка 2012“.
Можноста малите пастрмчиња да преживеат во езерото е дури 95%, вели Д-р Сузана Патчева, директорката на Хидробиолошки завод. Ова е уште еден обид да се зголеми рибниот фонд во езерото кој поради неконтролираното ловење се доведе до минимум. Концесионерот на езерото, Ристе Танасоски објаснува дека сега се она што се лови е во согласност и корелација со овој научен институт. Но, потенцира...