Post Views: 6
Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат, вели директорката Марина Петровска Тодороска. Храната ги задоволува сите стандарди и нормативи пропишани за храна за деца од предучилишна возраст. Оброците се свежи и квалитетни, а не се користат никакви месни преработки како паштети, виршли, салами и др., додава таа.
Со оглед на тоа дека во последно време квалитетот на млекото во голема мера ја разбранува јавноста, од градинката смируваат дека млечните производи кои се конзумираат таму се со највисок квалитет. Директорката вели дека нема причина...
Post Views: 6
Охридското Здружение на пензионери успешно ја заврши минатата година. На денешната Седница на здружението која е пета по ред, а прва во оваа година беше усвоена завршната сметка за 2012 год, а се донесе и програмата за работа за 2013.Mаринела Jовановиќ, претседателката на Собранието на Здружението на пензионери-Охрид, вели дека се задоволни од домакинското работење на здружението.
Ова здружение минатата година беше успешно на спортски и културен план. Тоа го освои преодниот пехар на 17тиот републички спортски натпревар на пензионери кој се одржа во скопје, а неговите...
Post Views: 9
Патот од Св. Стефан до кардиолошки утрово наликуваше на река , велат граѓаните кои поминале тука. Тие додаваат дека ова не е прв пат да се поплави оваа улица.
Некои граѓани кои работат во овој дел од градот зад нашата камера коментираа дека постојано се случува ова и никако да се најде трајно решение. Тие велат дека проблем е тоа што цевките за атмосферската канализација се многу тесни па и при помали врнежи од дожд неможат да ги приберат водите кои се влеваат во нив и носат наноси од земја и гранки.
Екипите од ЈП Нискоградба после дојавата за дефектот веднаш излегоа...
Post Views: 1
Охриѓани исплашени од наодите на токсично млеко на „Дукат кое се продаваше на пазорот. 360 литри увезено млеко од „Дукат“ сместено во магацините на дистрибутерите во Македонија, се потврди дека се токсични. Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски, смирува дека овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет. Од Агенцијата за храна велат, ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и ќе се следи состојбата на европскиот пазар. Граѓаните, сепак се скептични кон квалитетот и голем број од нив кои го конзумираа...
Post Views: 13
Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија.
Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни...
Post Views: 1
И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор.
Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се потребни...
Post Views: 5
Сметководителите од Охрид на средба со преставници од Централниот регистар од Скопје. Целта на овие средби е да се разрешат нивните дилеми околу некои прашања од областа во која работат за да може што побрзо и поефикасно да се направат завршните сметки и да се запази законскиот рок. Трговските друштва завршната сметка треба да ја поднесат до крајот на февруари, а трговците поединци до 15 март, вели Љубинка Андоновска од Централен регистар.
Претходните искуства покажуваат дека во овЗавршните сметки веќе не ќе бидат ноќна мора за сметководителите. Нивното поднесување може...
Post Views: 1
Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Конечно се гледа крајот на проектот со кој по добивањето на грантот од американската амбасада пред повеќе од три години се оформи тим кој вршеше истражувачки работи на архитектурата и фрескоживописот во Перивлепта. Сите работи се завршени пред месец и половина кога бил одржан и состанок со Комисијата која ќе го верификува проектот. Него го предводеа двајца странски експерти назначени од УНЕСКО. Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска вели дека од страна на Комисијата имало некои...
Post Views: 11
Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци добиени од Централниот регистар.
Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски работи,...
Post Views: 1
Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од државата...
Post Views: 54
Дрвената палка со која Григор Прличев им покажувал на табла на своите ученици од денес ќе се наоѓа во наговата спомен куќа. Таа е подарок од неговата правнука, Олга Григорова Прличева која ја донесе од неговата семејна куќа во Софија. Олга заедно со уште неколку роднини на големиот поет, пристигнаа од Бугарија за да присуствуват на Прличевите беседи и да му оддадат почит на добитникот на ловоровиот венец. Ова не е прв пат членови на фамилијата на Прличев да дојдат токму на овој ден во Охрид. Тие биле тука и во 2005 год кога се отвори спомен куќата на овој великан. Тие...
Post Views: 1
Секторот за Туризам и локален економски развој минатата година реализирал 30 проекти. Раководителот на овој сектор, Гоце Симоновски вели дека не застануваат тука. Општина Охрид преку овој сектор неодамна аплицираше со уште еден проект. Станува збор за Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија. Ова е убава можност за промоција на Охрид во...