Post Views: 4
15 дечиња со посебни потреби веќе осум години се згрижени во дневниот центар Доброљубие кој се наоѓа во просториите на црквата Св. Ѓорѓија. Тие таму го поминуваат и осмислуваат своето време под надзор на дефектолог, медицинска сестра и уште неколку лица кои се ангажирани околу нив. Овој дневен центар се отвори на иницијатива на католичката и православната црква, а е финансиран преку проект од германската влада. Никола Кукоски, проект менаџерот вели дека центарот добро функционира, но има и некои проблеми со кои се соочуваат веќе подолго време.
Бараме локалната или некои...
Post Views: 2
Цените на услугите, висината на давачките за поставување урбана опрема, локалната патна инфраструктура се само дел од проблемите кои ги мачат угостителските работници од градов. Од еснафот на угостители велат дека генерално се задоволни како измина туристичката сезона, но додаваат дека би била уште подобра доколку се минимизираат овие проблеми. Тие бараат да се зголеми соработката со Локалната самоуправа.
Локалната немаше време да се подготви за оваа сезона. Но се надевам дека нејзините служби ги увидоа недостатоците. Очекувам во иднина плодна соработка со цел решавање...
Post Views: 12
Есента со сите нејзини бои и убавини прикажана во изработки од пластелин, лисја, овошје, зеленчук и што ли уште не. Дечињата од прво и трето одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес своите ремек дела ги изложија во училишните хоници. Тие преку нив ја покажаа својата креативност и фантазија.
Идејата за ваквата изложба потекнала од вработените. Тие биле иницијатори првачињата да направат сликовници на тема есен. Наставничките заедно со учениците собирале суви лисја, шишарки и плодови од кои ги направиле несекојдневните изработки.
Ваквата изложба која во...
Post Views: 3
Настрадаа лед диодите поставени на макетата на старата охридска куќа кај влезот на Охрид. Само после еден ден од нивното поставување непознат сторител ноќеска упаднал во паркот кај клучката на излезот од Охрид, го исклучил напојувањето, и украл дел од поставеното осветлување.
Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите излегоа на терен и извршија увид на лице место. Ќе се трага по сторителот, вели Сашо Велјановки-советник за јавно осветлување.
Штетата која е направена изнесува околу 20 000ден., вели Велјановски. Екипи на општина Охрид...
Post Views: 7
Контејнерите скриени, ѓубрето на улица. По акцијата на ЈП Комуналец за дислокација на контејнерите од „Булевар Туристичка„ по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека, граѓаните отпадот почнаа да го фрлаат каде ќе стигнат.
Тие велат дека не се доволно информирани каде се преместени контејнерите па се затекнати кога со ѓубрето в раце не ќе ги најдат на нивното старо место и затоа отпадот го оставаат на несоодветно место.
По нашата обиколка на неколку локации каде се наоѓаа овие...
Post Views: 2
Од Охридското езеро по трет пат организирано беа извадени примероци на оружје старо неколку векови. Триесетина пушки, кубури, пиштоли и две сабји, сите во прилично добра состојба станаа сопственост на Завод и музеј. Со тоа се реализира и последната фаза на проектот „Охридското езеро, подводно – депо на оружје“. Кустосот Горан Митрески вели дека при оваа подводна акција пронајдени се пиштоли со специфична орнаментика карактеристична за дебарскиот крај. Тие се изработени од дрво и метал, а украсени со месинг. Биле симбол на статус како кај отоманското така и кај...
Post Views: 2
Дел од жителите на планинските села Куратица, Свињишта, Плаќе, Завој, Речица и Опеница ги пренесоа своите искуства и забелешки околу развојот на руралниот туризам во нивното место на живеење. Истите ќе им помогнат на стручните лица во Секторот за локален економски развој при подготвување на стратегијата за рурален развој на Општина Охрид. Во моментов интензивно се работи на свот анализата која пак треба да покаже колкава е оправданоста за развој на рурален туризам во овие места.
Нашата намера беше изработката на стратегијата за рурален развој да направи баланс помеѓу...
Post Views: 11
Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии за кои мал дел од граѓаните знаат. Тоа се брадата и ќесето на овој наш голем револуционер и визионер. И двете се стигнати во Охрид после макотрпни залагања на сега веќе покојниот кустос Никола Целакоски. Приказната за брадата на Христо Узунов започнува на денот на неговото загинување кога тој со своја рака си го одзел животот со цел жив да не му се предаде на непријателот. Пред да биде погребан некоја жена му ја отсекла брадата за да и ја испрати на неговата мајка на која Христо и бил син единец и неизмерно...
Post Views: 0
Жителите на населбата Канео, сопствениците на рестораните кои се наоѓаат на овај дел од крајбрежјето, но и граѓаните кои го користат Мостот на желбите за прошетки, алармираат за неговата состојба. Тој при секое невреме и налет на ветерот југ и високите езерски бранови се оштетува, велат очевидците. За тоа придонесува и високото ниво на водата кое беше застапено во последните неколку зими, додаваат тие. Митко Пендов, сопственик на ресторанот Потпеш вели дека мостот е квалитетно направен , но треба да се одржува.
Ние го санираме колку што можиме, но тоа доста чини. Зтоа...
Post Views: 30
Родителите на децата со посебни потреби од Охрид бараат да се отвори специјална паралелка во Основното училиште Григор Прличев. Во неа под надзор на обучено лице би учеле нивните деца кои моментално посетуваат настава во редовните паралелки, но според нив тоа не е вистинското решение поради состојбата во која се наоѓаат. Директорката на ова училиште Силвија Мојсовска вели дека е запознаена со оваа иницијатива и во целост ја подржува. Таа објаснува дека моментално во училиштето учат 23 деца со посебни потреби кои заслужуваат еден поинаков третман и работа со стручно...
Post Views: 2
Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари. Вчера попладне од неговиот дом на улица Дејан Војвода украдени се повеќе златни предмети и пари. По пријавување на тешката кражба стручни полициски екипи извршиле криминалистичко технички увид при што констатирани се сите аспекти на ова тешко казнено дело. Интересен е податокот дека при увидот не се пронајдени знаци на насилно влегување во станот, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.
Сторителите или сторителот на ова казненоп дело нема долго да му се радува на пленот. Набрзо ќе бидат изнесени пред лицето на јавноста. Тоа...
Post Views: 0
Возвишено, гордо, достоинствено и исправено одбележуваме 120 години од судбинскиот момент кога беше одредена историјата на македонскиот народ, рече градоначалникот Никола Бакрачески во денешното обраќање по повод денот на македонската револуционерна борба. Тој се наврати назад во 1892год. Кога во Солун шестмина мажи, револуционери и пред се македонци ја поставиле структурата на организацијата и ги втемелиле идеите за создавање сопствена македонска држава.
Иако низ годините се менуваа називите, две придавки секогаш беа стожерот на името на оваа организација. Тоа се...