Post Views: 3
Најмладите и највозрасните денес се дружеа преку песна и рецитал. Дечињата од четврто одделение кои се ученици во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид и на неговите пациенти им поделија пакетчиња со овошје и сокови, но им приредија и убава програма од која на старите лица им навреа солзи во очите. Тие беа воодушевени затоа што во нивното секојдневно сивило блесна зрак кој го донесоа децата.
Идејата за оваа посета дојде од тоа што оваа недела е светска недела на стари и изнемоштени лица, а нашето училиште...
Post Views: 15
Такси превозниците во градов се жалат дека има мал број на такси постојки, а голем дел од оние кои се одредени од страна на општината не се функционални. Тие се загрижени поради новите измени во Законот за превоз во јавниот сообраќај бидејќи со нив е предвидено превозникот односно возилото да стои исклучиво на авто такси стојалиште определено од општината и тоа во случај кога е празно, односно кога нема патници или најавен повик за земање патник. Доколку не се почитува оваа одредба следуваат високи казни. Ако два пати исто возило се затекне да е паркирано на несоодветно...
Post Views: 7
Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид...
Post Views: 6
Охриѓани заинтересирани за доживотно учење. Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање и размена на успешни приказни.
Постојано интересот кај граѓаните за овие програми расте. Оваа година имаше 240 стипендисти, а од...
Post Views: 27
Штитениците од дневниот центар „Доброљубие“ сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило наменето за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства собрани од големата хуманитарна акциja „Декември-месец на отворено срце“ која се спроведе минатата година. Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“ вели дека откога во месец јули ова возило и било предадено на Локалната за таа да го одржува и да стопанисува со него, тие не го имаат користено за свои потреби.
Бидејќи ние во летниот период паузираме со работа немавме можност кога да го побараме возилото....
Post Views: 7
Измените на Програмата за детска заштита за 2013 год., за култура, за образование за социјална заштита и за спорт ги разбрануваа страстите кај советниците. Советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски рече дека работењето на новата локална власт очигледно е недомаќинско бидејќи средствата кои беа наменети за реализација на овие програми сега се планира да се намалат дури за 600 000 евра. Со тоа многу важни ставки од овие програми ќе бидат избришани, додаде Станкоски.
Станува збор за лоша проценка, односно планирање на буџетот. Во јуни беше донесена нова програма во која еден...
Post Views: 9
Двете точки од областа на урбанизмот кои беа повлечени на 12тата седница на совет а со кои се предвидува изградба на висококатници во централното градско подрачје никако да се најдат на дневен ред. Опозицијата која ја напушти таа седница во знак на подршка на Мирослав Шиповиќ, претседателот на ОО на СДСМ Центар, сега две заседавања на советот по ред ги бара овие точки.
Ова покажува дека има несогласувања внатре во советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се искоординираат меѓе себе и затоа не ги ставаат овие точки на дневен ред, вели Јoне Станкоски, советникот...
Post Views: 2
Руинирано детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Овие катчиња за одмор и рекреација кои се замена за некогашните маалски лединки се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме, велат граѓаните. Конкретно за изградба на игралиштето во оваа населба граѓаните чекале 30 години. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано...
Post Views: 8
Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.
Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан Стојановски ...
Post Views: 9
Слепите лица и лицата со оштетен вид ќе можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј заедно со Здружението за слепи лица од Охрид изработиле проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Тој е финансиран од фондацијата Ставрос Ниаркос во партнерство со Шведската организација „Културно наследство без граници“. Со овој проект треба да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид.
Ќе се изработат и копии на артефакти кои не можат да вообичаено да се допираат .Во...
Post Views: 19
Охриѓани денес го чествуваат верскиот празник Митровден. Голем број граѓани, со свеќа во рака и со молитва за здравје и бериќет се помолија пред импровизираниот црковен храм посветен на великомаченикот Св. Димитрија. Со звуците на македонската песна и игра на градскиот плоштад се одржа црковно народен собир. Граѓаните се задоволни од ваквиот начин на прославување на Митровден.
Од Црковниот одбор Св. Димитрија по десети пат го одбележуваат црковниот празник. Организираа свечен ручек пропратен со богат музички и сценски настап на музичари од земјава.
Со посно гравче...
Post Views: 23
Здружението Богојавление го кани Градоначалникот Никола Бакрачески да биде кум за Водици. Поканата веќе е испратена до Градоначалникот, а била во согласност со традицијата на здружението на секој ново избран градоначалник во првата година од мандатот да му се понуди кумство за Водици. Се очекува Бакрачески официјално да се произнесе за иницијативата на „Богојавление.
Инаку, здружението интензивно се подготвува за манифестацијата Водици 2014-та. Од таму велат дека интенција им е бројот на гостите кој минатата година изнесуваше околу 3000 да го зголемат. Димитри Пендов,...