Post Views: 2
На седницата на совет која е закажана за во вторник помеѓу точките на дневен ред се најде и „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“. Оваа точка се искористи како погоден терен за прибирање политички поени. Партиите од опозицијата обвинуваат дека за она за што пред две години се фрлало со дрва и камења по претходната Локална власт која ги дала паркинзите...
Post Views: 8
Националниот парк „Галичица“ опожарен. Само за четири дена овој месец во паркот се случиле два пожари. Првиот, кој зафатил површина од два хектари се случил на 20-ти март, кажа Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП „Галичица“ . Направен е увид на лице место и веќе се претпоставува кои се сторителите на овие казнени дела, велат од управата на паркот. Целокупната документација е испратена до органите на прогонот.
–Според првите индиции од терен и разгледувањето на местото на пожарот се гледа дека станува збор за намерно палење. Според наши искуства,...
Post Views: 0
Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, на митингот кој синоќа се одржа во Охрид рече дека не случајно кампањата започнува од тука бидејќи Охрид е најсилен светилник на вербата и победата. Тој подвлече дека никој не и ја подари незавиосноста на Македонија туку дека самите се изборивме за неа. Иванов потенцираше дека довербата на граѓаните се добива со реализација на ветените проекти затоа рече дека е горд што ветената програма од 2009 во целост ја реализирал. Притоа остварил и 450 средби со претседатели...
Post Views: 1
Уште во текот на летото во Охрид ќе се реализираат десетина капитални проекти во вкупна вредност од над 4 милиони евра со поддршка од Владата и со реализација на проекти кои се обезбедени од Светска банка, Европската банка за обнова и развој и други институции, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески кој денес имаше работен состанок со Градоначалникот Никола Бакрачески. Ставрески рече дека општината и понатаму се наоѓа во тешка финансиска состојба која е наследена, но подвлече дека Владата останува посветена во решавањето на ова прашање.
–Од Владата и од...
Post Views: 10
ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти. Денешниот ден беше посочен како денот кога во Велгошти и Охрид пред една година била извојувана најголемата победа на ВМРО ДПМНЕ. Таа симболика ќе биде водилка и на овие претседателски избори, а Велгошти како место од каде започнале многу револуционерни походи ќе ја детерминира нашата иднина, рече Градоначалникот Никола Бакрачески пред многубројните присутни во салата Тодор Александров.
–И денес од овде ќе испратам силна порака дека кај нас нема наши и нивни. Ние секогаш сме биле тоа што сме и никогаш...
Post Views: 1
Триесет млади луѓе на возраст од 14 до 20 години денес се здобија со сертификат со кој ќе можат да вршат едукација на своите врсници како да се заштитат од алкохолот. Ова следуваше после посетата на четири работилници на кои тие учесатвуваа во изминатите месеци, а на кои предавања на ова тема им држеше Владимир Панзов, претседателот на здружението „Здрав живот“.
Панзов вели дека алкохолизмот е потенцијална опасност за сите генерации, а особено за младите. Статистичките податоци покажуваат дека се поголем број млади луѓе незнаејќи ги штетните последици од конзумирањето...
Post Views: 2
Алергиите заземаат се поголем замав. Годинава поради високите температури и малото количество на врнежи на дожд и снег бројот на пациенти со поленозни алергии во охридската алерголошка амбуланта е зголемен за седум проценти. Тие доаѓаат да се лекуваат тука и од другите градови во државава.
-Синот имаше проблеми со алергија уште пред две години. Киваше, му отекуваше носот и очите. Долго време немавме решение и примаше антибиотици. Ние сме од Дебар и не упатија да дојдеме тука. Сега син ми е многу подобар бидејќи прима соодветна терапија, вели таткото на еден пациент.
Алергологот...
Post Views: 0
Енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година, тема на денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека СДСМ недомаќински работела со што потрошила милионски суми за службени патувања во периодот од 2005-2013 година заклучно со месец март. Митровиќ таксативно ги наброја сумите за патни расходи во земјата и странство од најмалата, 752 632ден. во 2005год. и највисоката забележана во 2010год., 4 140 594 ден. Во овој период од раководењето на СДСМ со Локалната самоуправа според ВМРО потршени биле вртоглави суми...
Post Views: 1
Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели бидејќи децата кои таму учат се на сите нас. Директорот на најголемото основно училиште во градов, „Христо Узунов“, Тони Симоноски рече дека мора да проговори за невистините кои беа искажани од страна на СДСМ. Тој ги демантираше тврдењата од општинските социјалдемократи дека на некои училишта во градов им биле блокирани жиро сметките поради неисплаќање на опремнините на пензионерите.
-Во ниту едно училиште не е заостаната неисплатена опремнина на пензионерите...
Post Views: 3
Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвинуваат од општинската СДСМ. Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. За блокираните сметки на училиштата во Охрид вината исклучиво ја сноси Министерството за образование и наука, велат од СДСМ. По освојувањето на локалната власт, за таквата состојба неоправдано и популистички...
Post Views: 1
Црвениот крст од Охрид го одбележа Светскиот ден на крводаротелството. Претседателот Сашо Точков рече дека изминатата година била и повеќе од успешна со реализирани 1734 дарувања крв и надминување на предвидениот план за 2.79 отсто. На вчерашната централна манифестација на Црвениот крст на РМ во Скопје, ЦК Охрид се здоби со посебно признание и плакета за исполнет план на крдовадарителството за изминатата година.
–Особено радува фактот што најголем број од крводарувањата кои се реализирани се од млади луѓе од средните училишта и факултетите. Тоа секако ни дава поттик...
Post Views: 1
Министерството за Економија обезбеди 220 000 евра за развој на туризмот. Денес започна проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки, во организација на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации. Овој проект е прв и единствен од ваков вид во државата, кој е обезбеден преку Словенечкиот билатерален проект за техничка помош од каде се одобрени 220.000 евра за период од 2 години. Главниот фокус на овој проект ќе биде ставен на подобрување...