Post Views: 0
Невистинит е овој пост во којшто се тврди дека Сингапур открил оти ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од вирус, како и тоа дека ја променил терапијата за лекување. Исто така, не е точно дека обдукцијата била извршена спротивно на протоколите и насоките од СЗО, затоа што СЗО не ги забранува обдукциите на починатите од ковид. Ковид-19 е предизвикан од вирус, а не од бактерија и ова е третото лажно тврдење во постот. Фактот што овие дезинформации им се атрибуираат на официјални медицински власти на Сингапур, покажува колку пропагандата и машината за лажни информации...
Post Views: 0
Вакцинацијата во С. Македонија е доброволна и никој никого не присилува да се вакцинира. Вакцинираните луѓе, наспроти тврдењето во овој пост, не претставуваат никаков ризик по здравјето на невакцинираните. Постот предизвикува нетрпеливост и го загрозува јавното здравје, промовирајќи наратив во кој се жигосуваат поединците кои решиле да го заштитат своето здравје и да го искористат правото да се вакцинираат. Сето ова се прави со употреба на навредлив речник
Рецензираме пост на Фејсбук со следната содржина:
Давидова ѕвезда.
За сите вакцинирани малоумни полтрони треба...
Post Views: 0
Вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински стабилизатори. Ниту една од овие состојки не е магнетска и како што нотира Центарот за контрола и превенција на болести, дури и кога би биле, големината на вакциналната доза е премала за да предизвика магнетите да се лепат на местото на инјектирање. Конспирацијата за микрочипови во вакцината, пак, започна кога компанијата „АпиЏект“ од САД, објави...
Post Views: 4
Во оваа објава се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Но, тука не е прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала. Нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале....
Post Views: 3
Информацијата дека четоврица пилоти на „Бритиш ервејз“ починале е точна, но не е вистина дека нивната смрт е поврзана со вакцината против ковид-19 и дека авиокомпанијата е во некакви кризни разговори со Владата за тоа дали да дозволи летање на вакцинирани пилоти. Од „Бритиш ервејз“, во изјава за „Ројтерс“, рекле дека ниту еден од смртните случаи не е поврзан со вакцините и ги демантирале тврдењата дека компанијата водела кризни разговори со Владата .
Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека откако четворица пилоти на „Бритиш ервејз“ (БА) починале по примена ковид...
Post Views: 0
Тврдењето дека празните листови во медицинските пакувања на вакцините се со цел да се сокријат информациите за безбедноста и за ефикасноста на вакцината, се невистинити. Листот е намерно оставен бел, затоа што содржи кју-ар код и веб-страница за да може да ги погледнете најновите и апдејтирани информации за вакцината
Рецензирамe пост на Фејсбук со содржина која се однесува на вакцината на Џонсон и Џонсон.
На видеото во склоп на постот женско лице во рацете држи затворена кутија од вакцината на Џонсон и Џонсон и откако ја отвора кутијата, од неа го вади упатството за...
Post Views: 0
Факт е и дека имаше голем број на донирани вакцини за Македонија. Меѓутоа, не е точно дека министерот за здравство и Владата купиле нула вакцини против ковид, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Купените вакцини, едноставно, доцнеа, иако договорите беа потпишани
Рецензираме пост кој беше споделен над 100 пати, иако е краток и неаргументиран. Всушност, преку споредба колку лубриканти и вазелин се купени, наспроти „нула купени ковид вакцини“, се прави спин.
Постот гласи гласи:
Филипче со Министерството за здравство има нула купено вакцини. Колку има купено Филипче...
Post Views: 5
Оваа Фејсбук објава којашто е дел од антиваксерската кампања, ги наведува читателите да веруваат дека навистина 5.000 луѓе починале само затоа што се вакцинирале, што не е точно. Ова претставува намерна манипулација и одвраќање на населението од процесот на имунизација, кој засега е единственото решение против заболување, тешки последици и смрт предизвикана од коронавирусот. Оваа бројка за 5.000 починати лица како резултат на вакцинирањето е извадена од ВАЕРС (VAERS) американскиот систем за пријавување на несакани настани за вакцини. ВАЕРС е систем каде што се пријавуваат...
Post Views: 4
Реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Брежани, Општина Дебрца се ближи кон својот крај.
Општина Дебрца ќе добие современ планинарски дом, со капацитет од 20 легла.
Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.
Реализатори на проектот се Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, Општина Дебрца и Општина Грамш од Албанија.
Градежните активности се одвиваа во...
Post Views: 11
За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, викендов ќе уживаат во првиот дел од мини серијата, Мистерии на дотраените куќи: Местенки за убиство – сабота 22:30.
Шенон Хамер е сопственичка на градежна компанија и истовремено експерт за реставрација на стари куќи од Викторијанската ера. За време на реновирање на една од тие недвижнини, Шенон, ќе најде докази за таинственото минато на една куќа и истовремено ќе предизвика лавина од немили настани.
премиерно, оваа сабота на ТВМ Телевизија, Мистерии на дотраените куќи:...
Post Views: 0
Неточно е тврдењето искажано во оваа објава на Фејсбук, дека самите производители на вакцините изјавиле оти тие не се ефикасни против индискиот сој и мутациите на коронавирусот. Точно е дека новите мутации ја намалуваат ефективноста на вакцината после првата доза, меѓутоа не е виститна дека нема никаква ефективност. Затоа, уште поважно е да се примат две дози од вакцината после кои ефикасноста од инфекција значително расте, речиси 88 проценти. А што се однесува до тешките последици од смрт и хоспитализации, вакцините обезбедуваат уште поголема заштита
Рецензираме пост...
Post Views: 2
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Тој, на 30.10.2021 година, за време пред изборниот процес, на објавен текст на електронски медиум, од својот Фејсбук профил напишал коментар со недолична содржина со што, поттикнал омраза насочена кон одредена група.