Post Views: 4
Комисијата за заразни болести препорача стартот на второто полугодие да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.
На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во земјава.Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје...
Post Views: 10
Старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови.
Несомнено, старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови. Во непосредна близина на локалитетот „Караѓулевци“ – гробница од „македонски тип“, до 70-те години на минатиот век на една парцела постоел приватен објект, а по неговото рушење, парцелата се претворила во простор за депонирање на шут.
Во 2017 год., на овој простор...
Post Views: 14
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда); За пензии...
Post Views: 9
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.32 % има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.20 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.16 %.
Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни...
Post Views: 2
Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти.
Домаќин на предавањето ќе биде Машинскиот факултет во Скопје, модератор е професор Ташко Ризов, а истото ќе биде спроведено од страна на Мак-Јамс и Амбасадата на Јапонија во Тирана.
Предавањето опфаќа искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига, во Јапонија, старо...
Post Views: 2
Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони.
„Најновото предлог техничко решение за регионалната инфраструктура предвидува изградба на една регионална санитарна депонија за двата региони, лоцирана во село Добрашинци, општина Новаци и претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп, со што и дефинитивно се напушта претходниот...
Post Views: 5
49-те сателити на Вселенската компанија „Спејс-екс“ лансирани на 3 февруари ќе се срушат на Земјата. За жал, Земјата била погодена од геомагнетна бура што ја зголемила густината на атмосферата и предизвикала исфрлање на 40 од овие сателити од орбитата.
Според првичната анализа, геомагнетната бура ги спречила сателитите да излезат од безбедниот режим и да го започнат планираното движење низ орбитата. Како последица, 40 сателити ќе се вратат или веќе се вратиле во Земјината атмосфера, изјавиле од компанијата.
Од компанијата додаваат дека сателитите не се опасност за луѓето...
Post Views: 13
За да ги евидентира инспекциските податоци за прекуграничните пратки (TFS) отпад на самото место, ЕУ проектот LIFE SWEAP во 2021 година разви апликација за известување за податоци за инспекција за мобилни уреди.
Апликацијата е наменета за инспекторите и службениците за спроведување на законот во ЕУ да ги евидентираат нивните инспекции на пратките на отпад и да им овозможат на нивните организации да имаат целосна евиденција за инспекциите, откриените прекршувања и дејствијата за следење.
Build-in е, исто така, систем за означување со кој инспекторите или службениците...
Post Views: 7
Министерството за образование и наука информира дека денес е извршена исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на 27.046 студенти корисници на ова право. Вкупно 17.484 од нив, кои го остварија правото при првиот рок од конкурсот објавен за оваа цел, ги добија средствата за месец ноември. Додека на 9.562 студенти кои го остварија ова право на вториот рок од конкурсот, исплатени им се средства за месеците октомври и ноември.
МОН потсетува и дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој нареден месец, ќе биде отворена можноста за аплицирање за остварување...
Post Views: 2
На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
Исто така поради минирање на патниот правец А2 Кичево-Охрид, денеска ќе има прекин во сообраќајот во периодот помеѓу 15:00 и 16:30 часот, информираат од АМСМ.
Post Views: 0
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.
Така, Законот за прекршоци против јавниот...
Post Views: 3
Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна наЦентарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица и лица со попречености. Обуката, која содржи теоретски и практичен...