Post Views: 36
Со три нови дестинации е збогатена понудата на унгарската ниско буџетна авио компанија Виз Ер.
Минатата недела од Скопје стартуваа нови линии до европските градови Берлин, Копенхаген и Братислава со кои, според надлежните, дополнително ќе се поттикне развојот на бизнисот и туризмот. Авионите ќе сообраќаат два пати неделно, а цените на билетите ќе почнуваат од 899 денари. За Македонија од особено значење е отворањето на линијата до словачката престолнина што е прво воздушно поврзување на двата града од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.
Македонската...
Post Views: 2
Женскиот велеслалом донесе и една необична натпреварувачка во Сочи – виолинскиот виртуоз Ванеса Меј, која стана првата скијачка од Тајланд со олимписки настап. 35-годишната Меј, која е родена во Сингапур, а растена во Велика Британија, настапи за нацијата на нејзиниот татко и го освои 67. последно место со 3 минути и 26.97 секунди, за 50.10 послабо од Мазе.
Нејзиниот нервозен, конзервативен стил на скијање беше во целосна спротивност со тој на елитните скијачи, но барем ја заврши трката за разлика од 22 од првите 89 скијачки на патеката.
„Очекував да бидам последна,...
Post Views: 5
Уставниот суд туку што ја донесе одлуката да се помилуваат осудени за избори нерегуларност, педофилија и други тешки кривични дела – дознава Либертас од судски извори.
Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот ден на улиците на главниот град се одржаа два протести. Едниот, организиран од граѓанската платформа „Ајде“, под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“, беше поддржан од опозицијата.
Илјадници граѓани побараа да не се менува Законот за помилување, како и оставка од петмина уставни судии, кои, според демонстрантите, работат и одлучуваат по диктат...
Post Views: 7
Споредбено со стариот закон санкциите за несовесните возачи се зголемени, но и се воведени нови обврски како детско седиште, шлем и рефлектирачки елек за велосипедистите и слично.
Следува листата на глоби за сообраќајните прекршоци според новиот закон:
Пропуштање пешаци на пешачки премин
Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред...
Post Views: 5
Викендов во Скопје на стрелиштето во Раде Јовчески Корчагин се одржа првиот Куп на Македонија во конкуренција на пионери и пионерки во национална програма.
Поради здравствени причини 3 пионери го отакажаа своето учество, па само 4 стрелци од СК „Охрид“ и ЖСК „Лихнидос“ зедоа учество на овај Куп.
Димитар Патчев од ЖСК ,,Лихнидос“ за само еден круг не успеа да се пласира на првата позиција, па заврши како второпласиран со резултат од 161 круг. Од СК „Охрид“ Виктор Димоски се пласира на 4-тото место со резултат од 152 круга.
„Овај Куп беше закажан само една недела претходно...
Post Views: 8
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(31), Д.Д.(18) двајцата од струшкото село Франгово како и против Ш.М.(20) од селото Радолишта.
На 17 овој месец, пријавените биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово. Полициските службеници како и шумскиот полицаец констатирале дека пријавените на туѓ имот неовластено пресекле околу 40 стебла букови дрва кои веднаш потоа ги префрлиле на соседна локација...
Post Views: 6
Аргентина ќе биде сериозно ослабена во настапите во Дејвис-купот годинава откако Хуан Мартин дел Потро обелодени дека нема да настапува за „гаучосите“ во ова натпреварување.
Најдобриот аргентински тенисер веќе извесно време беше во војна со челниците на Тениската Асоцијација на Аргентина, па сега конечно реши да пресече и да ја прекине репрезентативната кариера.
„Неопходно е да дојдат до промени, како би се поправиле грешките што се повторуваа толку често во претходните години. Јас никогаш не сум барал повластен статус ниту пак сум инсистирал на промени, но во последно...
Post Views: 3
КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија.
Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич.
Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд...
Post Views: 9
Еден од најпознатите европски кошаркарски менаџери, Мишко Ражнатовиќ, на чиј список на клиенти се наоѓа и Перо Антиќ, е најзаслужен за новиот ангажман на Ламар Одом, негов прв вон НБА лигата.
Искусниот крилен центар се очекува оваа седмица да го официјализира потписот со шпанската Лаборал Каха, екипа во која тој би требал да остане најмалку до крајот на оваа сезона. Како што најавуваат некои американски медиуми, во договорот на Одом нема да има клаузула која ќе му дозволи во случај на понуда веднаш да се врати во НБА.
Наместо тоа 34-годишниот Одом својата шанса за камбек...
Post Views: 20
Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува уште три нови електронски услуги.Електронски барања за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација, за рефундација за патни трошоци и за рефундација на ортопедски помагала се трите нови електронски услуги.
Осигуреникот ќе може да го следи статусот на своето барање во кој се наоѓа со што во секое време ќе има информација до каде е неговиот предмет на решавање и кога ќе се рефундираат средствата.За користење на овие услуги, осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ.Со првата...
Post Views: 4
Владата на Црна Гора усвои одлука и земјата ќе се обиде да биде домаќин на воведните три етапи од познатото велосипедско „Џиро д’Италија“ во 2016-та година.
Црногорците веќе имале средби со луѓето од натпреварувањето и заклучено е дека земјата располага со неопходниот потенцијал за сместување и со потребните патишта, пренесуваат медиумите.
„Џиро д’Италија“ е меѓу најпознатите велосипедски натпреварувања во светот, заедно со Тур д Франс и со шпанската Вуелта.
Првиот „Џиро“ е од 1909-та година, досега се одржал 96 пати, а паузирал за време на Светските војни. Надвор од...
Post Views: 4
Поранешниот шампион на светот во Формула 1 Жак Вилнев смета дека враќањeто на турбо моторите е многу ризчен потег кога во прашање е иднината на “најбрзиот циркус”.
Канаѓанецот кој во 1997 година ја осовои титулата, не е заговорник на радикални промени, а за новите правила вели дека се преостри.
“Возачот сега нема улога на одлучување кога e во прашање трошењето на горивото во трката. Мислам дека тоа сега нема никаква смисла. Луѓето сакаат да гледаат некоја поинкава Формула 1, но според мене ова е погрешен потег. Се плашам да кажам дека ова оди кон уништување на овој спорт....