Автор: Голабовски Крсте

plaza

Распишан конкурсот за давање на oхридските плажи под концесија

Post Views: 3 За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа. „ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од плажите...

Continue reading

pap test

Бесплатен ПАП тест, ама кога?

Post Views: 0 Наскоро започнува кампањата за спроведување на бесплатни ПАП тестови. Имено, со оваа кампања, во текот на наредните три години треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години. Главни имплементатори се Министерството за здравство, Центрите за јавно здравје од земјава и секако матичните гинеколози. Др.Слободанка Коцева од Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека сите 11 матични гинеколози на подрачјето на Охрид Струга и Дебар се уредно поканети. „Тие се должни со оваа покана да ги обавестат нивните пациентки на возраст од 24-35 години, да направат...

Continue reading

Volers i Petreski

Средба Волерс-Петрески

Post Views: 1 Остварена средба помеѓу Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и Охридскиот градоначалник Александар Петрески. Градоначалникот на Охрид задоволен од средбата истакна дека на неа биле разменети мислењаОколу процесот на  децентрализацијата за тоа како тој се одвива насекаде низ Македонија, со посебен акцент на Општина Охрид. „Сметам дека беше многу добар разговорот и сигурен сум дека од тоа ќе излезе уште поголема соработка, дирекно и со Амбасадата меѓутоа и со невладините организации како UNDP и USAID, кои постојано не подржуваат како општина и нашите јавни...

Continue reading

strajkuvac

Протест во Ј.П. „Нискоградба“

Post Views: 0 Вработените од Никсоградба на протест. Велат дека причината за протестот се провлекува подолг период, некаде од месец декември минатата година кога добиле само половина плата. Тогаш им биле исплатени 8000 денари кои ни оддалеку не им се доволни, а велат дека треба да платат кредити, сметки, а тука се и давачките за храна и друго. Исто така, вработените се жалат дека не им се платени ни придонесите за здравствено осигурување. Велат дека веќе се наоѓаат на работ на егзистенцијата. „Крај со крај? Ако се ставиш ти во моја положба сигурно ќе земеш и заем од некаде, а како...

Continue reading

пожар

Два пожари за два дена

Post Views: 10 Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува. A во вчерашниот пожар...

Continue reading

Ефимија Шахова

Охридското семејство Шахови

Post Views: 3 Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, Охрид е богат, развиен град. Во него твори интеленгенцијата, творат првенците кои го водат градот, но ова е и периодот кој го обележале миграциите на нашиот народ, претежно во Бугарија. Илинка Јанева раководител на Историскиот архив раскажува дека едно од семејствата, кои во овој период емигрирале, а со кое Охрид може да се гордее, е семејството Шахови. Охриѓанецот Коста Шахов, активно се занимавал со издавачка дејност и се борел за подобар живот на македонците во Бугарија.Коста Шахов е едниствениот Mакедонец...

Continue reading

komitet

Прес конференција во два дела

Post Views: 2 О.К на Вмро-Дпмне поттикнат од вчерашната маратонска седница на Советот на оштина Охрид, повторно се обиде да добие одговор од мнозинството во Советот предводено од СДСМ заедно со  Градоначалникот Петрески, на како што велат, клучните прашања од интерес за граѓаните на Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски запраша како е можно околу 36 плус 35 милиони денари од Буџетот на Општината да се исплатат за ставки комунални услуги,греење,поправки и одржување, а не се одговори на тоа зошто бесцелно се троши буџетот кога улиците Питу Гули, Радојца...

Continue reading

sovetnici

Mаратонско издание на седницата на совет

Post Views: 9 Дискусија во недоглед. Иако најавувана како интересна, 45-та седница на Советот на општина Охрид запна пред да почне. Првата точка со која беше збогатен дневниот ред, а се однесуваше на Разгледување на влијанието на зголемувањето на цените на енергенсите врз работењето на образовните институции и Јавните претпријатија од градов, беше точката која предизвика дискусија од речиси два часа. Предлагачот на оваа точка, Градоначалникот Александар Петрески истакна дека проектираните цени на горивото со кои започна школската година иако многу пониски од овие нови цени, не можеле...

Continue reading

turnir

Велигденски турнир мал фудбал 2012

Post Views: 0 „Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл. „Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не...

Continue reading

semafor

Нов шок за македонскиот семеен буџет

Post Views: 1 Граѓаните во шок. Последниот удар кој на нивниот семеен буџет им го нанесе Регулаторната комисија со одлуката за уште едно зголемување на цените на нафтените деривати, крајно ги револтира. Трпи нивниот семеен буџет, трпат нивните бизниси, очајни се граѓаните. „За мене лично, права катастрофа, за сол не можам да заработам, а камо ли за леб, не ме удира само мене, ги удира сите во општеството и ако може да поефтини, а не да поскапи, зошто за сол нема да извадам“ се жалат граѓаните.  Па работиме со градежништво, имаме три-четири возила, безин трошам по 500-600 евра месечно...

Continue reading

most

Понтони да, но по еко-стандарди

Post Views: 1 Нов оглас, со нови обврски. Уште неколку дена до распишување на новиот оглас за краткотраен закуп на охридските плажи, а заинтересираните се соочуваат со најавата за доплнителната обврска, поставување на мини пристаништа, на пет охридски плажи. Од потенцијалните концесионери, сега за сега молк. Повеќето од поранешните закупци на плажите, на кои според акциониот план на МТВ треба да се постават понтонските пристаништа, не сакаат да коментираат се додека не се знаат условите во огласите за давање на плажите под краткотраен закуп, кои пак треба да се распишат до крајот...

Continue reading

sud

Милчо Клишески претседател на Основниот суд во Охрид

Post Views: 121 Судијата Милчо Клишески досега ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд во Охрид. Тој за функцијата Претседател беше избран во конкуренција од пет пријавени кандидати на конкурсот за избор на претседател кој неодамна го распиша Судскиот совет на Република Македонија. Инаку Клишески на функцијата претседател на Основниот суд Охрид доаѓа на местото на Владо Дејаноски. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top