Автор: Голабовски Крсте

kalendar

Талентирани деца има и во Охрид

Post Views: 3 Десарт, Дјелза и Деа Елмази се три исклучително талентирани второоделенци, чиј што најголеми интереси се музиката, ликовната уметност и математиката. Сите тројца литературно говорат и три јазици. Своите големи интелектуални способности несебично ги користат за да им помогнат на своите другарчиња од училишните клупи. Нивната мајка Шпреса Скоро Елмази, вели дека нејзините деца се надполнуваат меѓу себе кога станува збор за нивните таленти, но одговорноста  да се биде родител, да им се помага на три волку талентирани деца е огормна. „ Тие сами навистина и повеќе од мене...

Continue reading

flaer

„Полицајци“ во Охридскиот театар

Post Views: 3 Петта премиера за една година постоење на Охридскиот народен театар. Оваа сабота, со премиерата на претставата „Полицајци“ се заокружува репертоарот на оваа културна установа, која функционира во рамките на Центартот за култура „Григор Прличев“. Раководителот Горан Стојаноски, задоволен од развојот на оваа културна установа. „ Нашата должност е да ја говориме вистината, дури и акот таа не е најприфатлива во одреден моемнт, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетика. Не може да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мора да живееме...

Continue reading

sveki

Денес се чествува Велики петок

Post Views: 1 Денес се чествува денот кога се споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и неговото слегување во адот. Овој ден претставува стожерна точка во Страдалната седмица кој минува  во знакот на тагата. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и престарените, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. „ Денес е моментот кога Христос се симнува од крстот и се извршува опелото на нашиот Господ Исус Христос, потсетувајќи се на оние кои го распнаа и ние кои постојано го распнуваме со нашите прегрешенија...

Continue reading

Ljupco Nаstoski

Скромен подарок за Велигден, но даден од срце

Post Views: 1 Да прогледа малата Симона Јовеска. Тоа е велигденската желба на независниот советник Љупчо Настоски. На само два дена од одбележувањето на големиот Христијански празник Велигден, Настоски на неколку социјално загрозени семејства од Охрид им донесе табла јајца и милиброд. Помошта не е голема но истата е од срце, вели Настоски. „Душевно сум полн, со тоа што не е можеби којзнае што, сепак посебно ми е драго што им помагам на социјалните фамилии. Исто така не ја заборавам и малата Симона, ја посетувам неколку пати и посакувам до година да ме види како изгледам. Таа со својата...

Continue reading

kruzen tok

Хортикултурното разубавување на Охрид

Post Views: 12 Охрид ќе биде хортикултурно разубавен за Велигденските празници. Финишираат зафатите кои ги преземаат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, со кои се средуваат кружните сообраќајни токови низ градот. Со околу стотина садници на цветно декоративни грмушки и зимзелени дрвца, се прави обид овие локации да оставаат добар впечаток , како хортикултурно уредено катче, вели Љаткоски Трајан од Работна единица „Паркови и зеленило. „Овде сега овој потег е извршено хортикултурно уредување со саден материјал од Расадникот кој сами го произведуваме и за овој период се одлучивме...

Continue reading

Pece Mirceski

Бучавост, девастација на зелениот појас и сообраќаен метеж

Post Views: 3 Бучавоста, девастацијата на зелениот појас и сообраќајниот метеж, проблеми со најмногу препораки во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за стариот дел на градот.Истиот, иако речиси еден месец беше изложен во Општината и беше достапен за граѓаните и еколошките друштва од градов, сепак на денешната јавна расправа, интересот за него, нула. Бучавоста очигледно на жителите од стариот дел на градот им смета само во лето, па тогаш и реагираат. Инаку, стратегиската оцена за животна средина за овој плански опфат, опфаќа околу 43 хектари на централното...

Continue reading

zelencuk

Здравиот живот чини многу пари

Post Views: 0 „Живејте здраво“, „хранете се здраво“, „бидете физички активни“, „живејте квалитетно“, ова се само некои од максимите кои се однесуваат на претстојниот светски ден на здравјето. Но се поставува прашањето, КАКО? Здравјето не е само добар здравствен систем. За здрав живот потребна е здрава храна, вода, здрави животни навики, потребен е чист воздух. Но, почитувани, да не се лажеме, се тоа чини пари и тоа многу пари. Доколку би се одлучил здраво да живеам, за почеток како македонец ќе ми треба ориз и многу леб, ама само интегрален, демек тој е здрав. Потоа ќе ми треба доста...

Continue reading

logo

Наскоро „Охрид ОПЕН 2012“

Post Views: 2 За прв пат во Македонија и Охрид меѓународен отворен Taekwon-Do ITF турнир „Охрид ОПЕН 2012“. Турнирот оваа година ќе го доживее своето прво издание, а се одржува по највисоки светски стандарди. Исто така овој турнир ќе биде дел од светскиот годишен календар на Интернациналната Taekwon-Do Федерација. Ова е особен успех за македонската Taekwon-Do Федерација, а целта е само една, објаснува Саша Попоски првиот човек на федерацијата. „Работиме, да дојдат квалитетни натпреварувачи, затоа што во интерес ни е теквондото во Македонија да го издигнеме на едно високо ниво“ вели...

Continue reading

kolektor

Во Охрид слабо се користи сончевата енергија

Post Views: 11 Сончевата енергија и покрај својата неспорна исплатливост, во Охрид слабо се користи. Благоја Тодоровски, приватен станоиздавач од Охрид е еден од ретките во градов, кој го почуствувал бенефитот од користењето на овој алтернативен извор на енергија. Тој објаснува дека проблемот со топла вода во секое време, сега го нема, а трошоците за енергија се намалиле дури за 80%. Инвестицијата од околу 1000 евра на Тодоровски брзо му се вратила. „Па мислам дека за 2-3 години оваа инвестиција се враќа. За нашиве потреби за овие соби кои ги имам за издавање мислам дека е сосем доволно,...

Continue reading

Aleksandra Beleska

Милион денари за охридската библиотека

Post Views: 8  Повеќе од милион денари средства за Охридската библиотека „Григор Прличев“. Министерството за култура на РМ рече „да“ за буквално сите проекти со кои оваа национална установа аплицираше минатата година. Најголем дел од одобрените средства ќе одат за збогатување на нејзиниот книжен фонд. Директорката на оваа установа, Александра Белеска истакна дека рокот за реализација на проектите е крајот на оваа година. „Ние како установа, сме должни до 01 јануари 2013 година да поднесеме детален извештај во министерство за изработените проекти. Министерството пак, го задржува правото...

Continue reading

poligon mali sportovi

Што бидна со Конгресниот центар?

Post Views: 11 Што е со ветувањето за изградба на Конгресен центар? Прашуваат од О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам од оваа партија, потсети на ветувањето на градоначалникот Александар Петрески од пред повеќе од три години, дека на просторот каде се наоѓаше спортскиот полигон многу скоро ќе започне да се гради Конгресен центар. Патчев додаде дека градоначалникот ова го издоговорил со менаџерите на А.Д. Гранит кој и е сопственик на земјиштето. „Но, знаејќи ги манипулациите на Петрески не би не зачудило ако со овој простор се калкулира...

Continue reading

scena

Охридски ама светски

Post Views: 4 Охриѓани ја поздравија работата на Охридскиот народен театар. На светскиот ден на театарот, проговорија за тоа што за нив значи работата на оваа културна установа. Некои од нив велат дека веќе имаат навика за одење во театар, а оние кои не биле ветуваат дека ќе одат. „ Јас имам лично навика уште од поодамна, па иако немам друштво, на театар не се зборува, знам да си одам сама. На Охридскиот театар му честитам што почна со својата навистина многу квалитетна работа и мислам дека вреди или луѓето од другите градови да одат или тој да оди да ги усреќи љубителите на таа уметност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top