Автор: Голабовски Крсте

Nikola Mitrovic

Наместо социјална помош, партиски потреби

Post Views: 7 „Средствата од Буџетот на Општина Охрид за таканаречената социјална поддршка, Градоначалникот и СДСМ Охрид ги користат за покривање на загуби на јавните претпријатија и партиски потреби“, обвини на денешната прес конференција Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа ставка која изнесува 5 милиони денари наместо за намената, т.е лагата, преку јавните претпријатија во моментов  се користи за злоупотреби и прибирање на средства за партиски потреби“, додаде Митровиќ. Исто така од ОК  на ДПМНЕ од Охрид со обвинување дека СДСМ и Градоначалникот веќе неколку...

Continue reading

ordanoski

Локалните телевизии или ќе станат регионални или ќе останат локални

Post Views: 4 Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, проговори и за  судбината на локалните телевизии по 1 јуни 2013 година кога ќе настапи целосна дигитализација на етерот во државата. „Локалните телвизии имаат можност да се изјаснат, дали сакаат да прејдат во регионални или ќе останат локални. Тие што ќе се изјаснат дека сакаат да прејдат во регионални, ќе добијат пристап на мултиплексите на новиот оператор кој е избран, а останатите ќе имаат можност со нов јавен повик да останат локални и за нив да се одредат локални провајдери. За секој град во...

Continue reading

analogna televizija

Аналогната телевизија наскоро заминува во историјата

Post Views: 24 Старата добра аналогна телевизија и кај нас за една година заминува во историјата, а со неа и антените од покривите. На нејзино место кристално чиста слика, беспрекорен звук, нови интерактивни услуги и услуги на барање преку ТВ-приемникот.Ова се само дел од придобивките што се отвораат со дигитализирањето на телевизискиот радио-фреквенциски спектар. Роберт Ордановски , Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, кажа дека датумот за гасење на аналогните предаватели, 01.06.2013 останува фиксен, а избран е и операторот кој согласно Законот за електронски комуникации...

Continue reading

znak

Автобусите се паркираат без исаф

Post Views: 16 Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид. Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите казни....

Continue reading

ribar

Кој ќе стопанисува со рибите од Охридското езеро

Post Views: 5 ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека само една фирма од Охрид, била понудувач на јавниот конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовното подрачје на Охридското езеро. Имено станува збор за фирмата „Пастрмка 2012“. После отварањето на понудите и завршувањето на електорнската аукција сега на потег е Комисијата за доделување на концесии за најповолните понуди  која се очекува да достави предлог до владата на РМ, која пак треба да ја донесе конечната одлука кој ќе биде концесионер на езерото. Инаку идниот концесионер требa да изготви...

Continue reading

plakat

Г-ѓа Министерка повторно пред охриѓани

Post Views: 1 Aнсамбл од млади актери од Охридската гимназија, неодамна ја изведoа претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, сатиричар и критичар, Бранислав Нушиќ. Под менторство на својата професорка по Македонски јазик, Светлана Голабоска, тие пред охридската публика донесоа едно свое видување на ова безвременско литературно дело. Марија Баткоска, која го толкува главниот лик, на Госпоѓата Министерка вели дека патот до главната улога не бил лесен. „Не беше едноставно бидејќи конкуренцијата беше навистина голема, и мислам дека го направив...

Continue reading

selo

Повеќе да го цениме богатството што го имаме

Post Views: 1 Македонија е една од ретките земји во кои има услови за занимавање со традиционално земјоделство и сточарство. Движењето на е екологистите на Македонија преку патувачка изложба низ целата држава, го претставува проектот со кој ќе се промовираат овие видови на стопански дејности.Низ четирите пилот региони во Македонија, Река, Мариово, Лакавица и Раткова скала кај Пробиштип, кој веќе и е заштитен како споменик на природата, експерти од областа на ботаниката и сточарството вршеа испитувања и идентификуваа семејства кои ги практикуваа земјоделството и сточарството со високи...

Continue reading

саем

Трет саем на виртуелни компании во Охрид

Post Views: 1 Симулација на бизнис, преку која идните млади бизнисмени од Охрид, открија само дел од своите афинитети. Агенции за свечени пригоди, аква паркови, компании за трговија со кафе, он лајн библиотеки, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година. „Нашата компанија се состои од 14 ученици, сите од четврта година, и на овој проект работевме речиси цела учебна година под менторство на професорката Царева Цветаноска. „Нашата компанија се вика Аква парк „Атлантис“. Во склоп на аква паркот даваме часови за нуркање и пливање“...

Continue reading

baner

„Макпетрол“ им помага на граѓните

Post Views: 0 Кога девојката му се пожалила на своето момче дека одамна не ја одвел на некое скапо место, тој и рекол дека ќе ја одведе, на бензинска пумпа. Ова е само една од големиот број шеги кои од мака си ги кажуваа возачите поради зачестените зголемувања на цените на бензините. Затоа, „Макпетрол“од неодамна започна со кампања со која сака да им помогне на своите потрошувачи. Тие денеска на возачите им делеа совети како да постигнат енергетска ефикасност и да го амортизираат трошокот за гориво од нивниот домашен буџет. Некои од граѓаните, помалку се придржуваат кон овие наизглед...

Continue reading

komarec

Комарците доаѓаат

Post Views: 5 Наскоро треба да започне овогодинешното прскање против комарци. Од Локалната самоуправа од Охрид велат дека се подготвени. Симон Илиевски, портпаролот на Општината вели дека како и секоја година и годинава се подготвени за запрашувањето против овие инскети. Бидејќи Охрид е туристички центар кој летово очекува илјадници туристи, не сакаме, комарците да ја расипаат сликата и уживањето во летото во градот. „ Деновиве треба да се распише тендерот за избор на фирма која ќе го врши запрашувањето против комарци. Се работи според тендерската документација за специјализирана...

Continue reading

државно земјиште

Општината спремна да управува со градежното земјиште

Post Views: 9 И на Општина Охрид и се смее златната кокошка, наречена неизградено државно градежно земјиште. Се поголем е бројот на општините од државава кои ќе се офајдат од оваа одлука на Владата, а тука некаде е и Охрид. Владата на Република Македонија донесе одлука со која е овозможено 6 општини кои доставиле соодветни барања и ги исполнуваат законските услови да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Што се однесува до општина Охрид, постапката се наоѓа во финалната фаза. Локалната самоуправа од Охрид,...

Continue reading

jordan trajkov

Организација и координација на факторите, можен успех во туризмот

Post Views: 4 Силна организација и координација на сите фактори вклучени во развојот на туризмот, е една од целите на кои интензивно ќе работи Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се со цел да се надминат проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка, ова неодамна го истакна нејзиниот директор, Јордан Трајков. „Значи има конкретни проблеми проблеми меѓу хотелиерите, туристичките агенции и водичите и дека е потребен фер однос од сите инволвирани, се со цел колку е можно повеќе туристи да дојдат и да се чувствуваат подобро во Македонија“ објаснува Трајков. Што се однесува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top