Post Views: 0
Празник за љубителите на соло пеењeто. Вечерва на програмата на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт на светски познатиот сопран Џема Бертањоли. Придружувана од еден од најинтересните камерни музичари на денешницата, пијанистот Франческо Де Жан, во просторот на Св. Софија, Бертањоли ќе се обиде да ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. За прв пат во Охрид, таа импресионирана од она што го видела досега во целиот град.
„Овој фестивал е полн со познати имиња и реномирани настани и многу сум среќна што сум дел од тоа“ вели Бертањоли.
Џема Бертањоли...
Post Views: 9
Иако од година во година, наталитетот во Македонија белeжи тренд на опаѓање, а се намалува и бројот на запишените ученици во средните училишта, сепак бројот на заинтересираните родители за упис на своите деца во градинките од година во година е се поголем, вели Марина Петроска-Тодороска, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид.
„Ние имаме слатки пробелми бидејќи актуелно е дека наталитетот се намалува, бројот на децата пак кои сакаат да се во нашата установа се зголемува и сме размислувале во таа насока значи потребно ни е да се прошрат просторните можности“...
Post Views: 1
Долго очекуваното дуо виолончела – Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер од Хрватска, вечерва на програмата на „Охридско лето“. Овие поранешни ривали, врвни класични уметници кои на своите инструменти виолончелата, нижеа огромни успеси, светската слава ја стекнаа со нивната виртуозна изведба на композицијата „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон, која поставена на музичкиот интернет портал „Ју-тјуб“ за неколку дена стана светска сензација. Тие во Охрид пристигнаа без некои посебни барања. Лука Сулиќ за нивниот прв настап во Македонија како дуо, најави вистинско музичко доживување.
„Ние...
Post Views: 2
Се разубавува градскиот пазар. Живка Ангелоска директорката на ЈП „Градски пазар“ вели дека ова е обид во рамките на нивната финансиска моќ, да санираат одредени површини од овој објект. Инаку неговиот запуштен изглед со годни беше тема на неброени прес конференции.
„Сепак сметам дека премногу се користи таа кровна конструкција како некој изговор, но јас лично сметам дека пазарот треба да си ја задржи својата автентичност во смисла дека и во најголемите светски метрополи има отворени пазари“ вели директорката.
Но оваа активност, е само дел од активностите кои јавното...
Post Views: 5
„Македонија е мала земја со огромни и тешки проблеми, земја која нема капацитет премногу долго да издржи погрешни политики за клучните прашања“, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот кој во рамките на „Работното лето“, се одржа во саботата на градскиот плоштад во Охрид. Црвенковски потенцира дека значењето на претстојните локални избори за излез од компликуваната ситуација во која се наоѓа земјата, е огромно.
„Нaродот се осмели се одважи, народот се реши, запирање повеќе нема. Доаѓа време за наплата на сметките за голема народна казна за сите досегашни...
Post Views: 10
Вечерва на „Охридско лето“ претстава која започнува и завршува со тресок. Станува збор за театарското дело „Човекот перница“ на ирскиот драматург Мартин Мек Донах во режија на Јавор Грдев, а во продукција на „Театарот 199“ од Софија. Станува збор за своевиден трилер напишан во духот на Кафка, браќата Грим и Дејвид Линч истовремено кој го поставува прашањето за насилство врз децата, насилството на државата во врска со нејзините граѓани, насилството како тема на креативноста и правото на сопствениот идентитет. Тема која може да се најде на секаде околу нас, вели режисерот...
Post Views: 15
Артур Богомил Бартон, минал пеш низ шест континенти, а вели дека километри броел се додека поминал 30.000. Патот од Европа, преку Црното море, Босфорот, Истанбул, Грција, Света гора и Солун го довел во Охрид. Објаснува дека љубезните охриѓани кога го здогледале како пешачи, веднаш му понудиле храна и покрив над главата. Артур е воодушевен од убавините на Охрид и од односот на луѓето кои тука му понудиле храна и можност да преспие. Оваа илјадагодишна убавина и богатство на култура, не смее да се зема здраво за готово, вели тој.
„Бидејќи сум бугарин по потекло, јас знам...
Post Views: 2
Методологијата за наплаќање на услугите на лежечките болни, стави многу болници од земјава на Ѕидот на срамот од Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив се најде и Општата болница од Охрид. Поради тоа охридската болница беше една од здравствените установи на која и беше Изречена договорна казна за неправилности при кодирање на пациентите според ДСГ методологија, а во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец. Координаторот за работа со оваа методологија во охридската болница, Д-р Катерина Попоска вели дека казнети се за грешки кои се направени...
Post Views: 1
Продолжува политиката на неработење за доброто на Охрид, вели Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Паноски потенцира дека одлуката кандидатурата да се даде на истиот градоначалник и на истиот тим кој веќе осум години го раководи Охрид, е ништо друго освен понижувачки однос кон градот. Овој тим не покажа речиси ништо со кое што може да го одбележи своето досегашно раководење со градот Охрид, додава Паноски.
„Затоа при претстојните посети, спиења во СДСМ ќе треба да одговорат зошто подржуваат една политика на неработење за доброто...
Post Views: 1
Владо Цветаноски, режисерот на драмата „Архелаос“ или „Еврипид се враќа на Балканот“, која саботата вечерта се одржа на просторот кај Заливот на коските, а во изведба на Драмскиот театар од Скопје, истакна дека се чувствува како промотор на ова чудесно место, на кое веќе еднаш настапувал.
„Заљубен сум во просторов. Исто така со „Крпен живот“ со народниот театар од Прилеп гостувавме овде, но тогаш не беше ова гледалиште направено. Господинот Кузман рече дека беше инспириран од претставата и дека поради неа го направил тоа гледалиште. Некако претставата со самиот свој...
Post Views: 6
Овој кипарско-француски пијанист, за прв пат на „Охридско лето“ настапил во 2007-та година. Кацарис не го криеше своето воодушевување, што настапува во простор како што е црквата Св.Софија, бидејќи на својот роден Кипар, тоа едноставно не било возможно. Тој додава дека да се настапува во ваков монументален објект, за него претставува вистинско доживување.
„Акустиката е неверојатна, јас секогаш го правам ова пред да започнам со изведбата, и гледам дека постои природна акустика. А знам што зборувам кога говорам за фестивалите, бидејќи триесет години бев уметнички директор...
Post Views: 5
Македонската филхармонија е еден од главните носители на музичкиот живот во земјата и амбасадор на македонската уметност во светот, а игра огромна улога во афирмирањето на македонските репродуктивни уметници, диригенти и промовирањето на современото македонско музичко творештво во земјата и странство. Маја Чанаќевиќ, директорката на Филхармонија истакна дека во Охрид се чувствуваат како дома, бидејќи барем еднаш во годината доаѓаат тука да учествуваат во рамките на овој меѓународен фестивал.
„Диригентот работеше веќе четири дена заедно со оркестарот, солистот имавме...