Автор: Голабовски Крсте

ohrid

Првата „Бела ноќ“ Охрид ќе ја доживее на 6-ти јули

Post Views: 1 Во координација со претставници на хотелско-угостителските објекти од нашиов град, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, го иницира одржувањето на овој културен настан, чијашто цел е преку збогатување на туристичката понуда да се зголеми бројот на туристи во овој период од летната туристичка сезона. „На мое огромно задоволство и посетеноста на самиот состанок беше огромна и реакцијата беше фантастична, затоа што сите без никаква примедба ја прифатија оваа иницијатива, се сложија да ги исполнат оние обврски кои се преземени од нивна страна...

Continue reading

logo

Националните паркови на Динаридите еден туристички бренд

Post Views: 7 Еден од најголемите кањони во светот, најстарата и најголемата прашума во Европа, ливадата која има повеќе видови орхидеи отколку што ги има целото Обединето Кралство, најголемата подземна јама во светот, најголемата и најдолга клисура во Европа, се самo некои од тајните кои ги крие регионот на Динарската верига! Преку иницијативата “Парковите на Динарската верига“  спроведена од страна на Cветската организација за заштита на природата, и националниот парк „Галичица“ ќе пронајде патот кон одржливиот туризам. Дени Пореј извршен директор на  WWF , објаснува дека...

Continue reading

tabla

Несредените дворови, сериозна закана за сообраќајот

Post Views: 0 Несредените зелени огради, како и густата вегетација, сериозен проблем за безбебедното одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајниви во нашиов град. Посебно загрижувачка е состојбата на самиот влез во  населбата „Гоце Делчев“ ,чиишто жители стравуваат како за нивната безбедност,така и за безбедноста на нивните деца. Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид објаснува дека се запознаени со проблемот на конкретната локација „Согласно законите за Животна средина,безбедност во сообраќајот и законот за јавна чистота, граѓаните имаат обврска своите дворови да ги уредат...

Continue reading

parking

Кривична пријава за раководителката на „Сузуки-МТ“

Post Views: 6 Фирмата „Сузуки-МТ“ и ракводителката на ова правно лице заработија кривични пријави од СВР Охрид. Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид, информира дека пријавите се поднесени во врска основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.  Димоски додава дека само во текот на вчерашниот ден до СВР-Охрид поднесени се околу дваесеттина жалби и поплаки на граѓани за наплата на паркинг места, кои со одлука на Општина Охрид веќе не претставуваат паркинзи под концесија на  правното лице „Сузуки-МТ“. „Оваа одлука односно известување на Градоначалникот на Општина...

Continue reading

конференција безбедност

ЕУ интеграциите гарант за безбедноста на Македонија

Post Views: 8 Во моментов, реална безбедносна закана за нашата држава не постои, но експертите велат дека значаен проблем е можноста за одолговлекување на стабилизацијските процеси. Се поставува прашањето, што тогаш значат европските интеграции од аспект на безбедноста за нашата земја? ЕУ несомнено претставува еден гарант за безбедноста, вели Проф.Никола Дујовски од Факултет за безбедност од Скопје. „Постои еден сигурен гарант внатре во механизмите на унијата од различни внатрешни конфликти или од закани однадвор и затоа е доборо што побрзо да ги завршиме што е можно побрзо сите потребни...

Continue reading

Milka Mitreska

„Сузуки-МТ“: имаме валидни договори за закуп на паркинзите во Охрид

Post Views: 1 За Локалната договорот за закуп на паркинзите  е раскинат, но очигледно не и за другата договорна страна. Од „Сузуки – МТ“,  се пожалија пред медиумите дека и покрај тоа што имале валидни договори, полицијата ги легитимирала вработените кои наплаќаат паркинг, а денеска две лица биле спроведени во СВР Охрид какошто велат од „Сузуки“ само поради тоа што вршеле наплата. „Секојдневно се врши идентификација и легитимирање на вработените лица на паркинг просторот од страна на полицијата, во еден наврат е извршено и фотографирање на сите вработени затекнати на лице место, колку...

Continue reading

logo

Доделени дипломи на дечињата од охридските градинки

Post Views: 7 На сега веќе традиционалната свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, идните првачиња се збогуваа со своите воспитувачки и се подготвени да го продолжат образовниот процес. Дружењето во градинка заскогаш останува во нашите сеќавања. Сите ние кои сме биле во градинка се сеќаваме на воспитувачките или барем на еден од нашите другари со кои сме го поминале тој дел од нашето детство. На денешната традиционална свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“ на дечињата од охридските градинки им беа доделени првите дипломи, со фотографии и имиња на своите другарчиња. „Оваа...

Continue reading

vospituvacki

Градинката „Јасна Ристеска“ кубури со кадар

Post Views: 15 Дефицитот на кадар останува најголемиот проблем во охридските градинки. Иако капацитетот на градинката е 650 деца, кои треба да ги опслужуваат 110 вработени од сите профили, во моментов дури 750 деца се згрижени во охридските градинки, а ги опслужуваат 69 вработени со решенија на неодредено работно време. Прекинот на договорите за кој неколкуте волонтери од градинките усно беа известени на почетокот на овој месец, биле основната причина загрижени родители да реагираат до нашата редакција, со молба за актуелизирање на овој проблем. Розе Костоска В.Д. Директор ЈОУДГ „Јасна...

Continue reading

carshija

Охриѓани бараат било каква работа, но посакуваат соодветна на нивното образование

Post Views: 9 Решавањето на проблемот со невработеноста најважно за охриѓани. Имајќи предвид дека се потешко се наоѓа работа, нашите сограѓани велат дека не пребираат работа, но посакуваат таа да биде соодветна на нивното образование. Со воведувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кои стапија на сила во втората половина на декември 2012-та година, се  спроведе регистрацијата на лицата кои активно бараат работа. Иако со ова бројот на невработенит лица се преполови, сепак моментално во Охрид фигурираат пет илјади лица кои активно бараат...

Continue reading

дете

Проблемот со педофилијата е двостран проблем

Post Views: 2 Децата имаат право да живеат во безбедна и заштитничка околина, бидејќи од тоа зависи нивниот понатамошен развој и социјализација. Се поголемиот број на случаи на педофилија во Македонија ја издигнаа на површина оваа девијантна појава која сигурно постоела и во минато, само што не се зборувало за неа, бидејќи била третирана како срамна, табу тема за споделување со јавноста. Претставниците на НВО велат дека  сега, кога се бара педофилите да се осудуваат со најголеми затворски казни и јавно да се обелоденуваат нивните имиња на интернет сајтовите, сме чекор напред во борбата...

Continue reading

ulica

Очекувањата на охриѓани од новиот градоначалник и локалната самоуправа

Post Views: 2 Без разлика која политичка опција раководи со Локалната самоуправа, проблемите од комуналната сфера најмногу ги мачат охриѓани.  Иако голем број од проблемите се започнати со решавање, за некои дури е изнајдена солуција, но факт е дека сеуште голем број, чекаат на решение. А целта на овој прилог не е да осудуваме, критикуваме, ниту да глорифицираме, туку едноставно да слушнеме, што нашите сограѓани очекуваат и бараат од новиот градоначалник и службите на локалната. Подобрување на состојбата на градските сообраќајници,   функционални канализациони системи и сообраќајни...

Continue reading

депресија

Епидемијата на 21 век не ја предизивикува вирус, тоа е депресијата

Post Views: 1 Феноменот депресија не е присутен само во високоразвиените земји, тој последнава деценија бележи страшен подем и во земјите во развој како и земјите кои го живеат т.н период на транзиција.  И во Македонија од ова психичко растројство најмногу страда популацијата која е високопродуктивна, од 30 до 45 години. Причина е фрустрирачката состојба во општетсвото која оневозможува поединецот да ја оствари својата потреба да создава, при што се доживува застој за потоа да преовлада грижата, велат експертите. Моментално во Македонија, има околу 80.000 лица кои страдаат од депресија....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top