Post Views: 10
Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвениот крст која се наоѓа кај месноста Липова ливада, на планината Галичица на висина од 1600м, со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000м, како Магаро или Лако Сигној.
Во оваа физичка активност може да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина, како планинарски...
Post Views: 2
Група граѓани од населбата „Црногорци“ реагираа до редакцијата на ТВМ Tелевизија, во врска еколошки проблем, кој се однесува на загадувањето на реката Сушица.
Велат дека во близина на амбулантата, голема канализациона цевка се влива во реката, истата ја загадува, а по течението на реката се шири и непријатна миризба.
Загрижените граѓани во дописот до нашата редакција, информираат дека реагирале до инспекциските служби во локалната самоуправа, од каде излегле на терен и востановиле дека водата е хемиски и микробиолошки загадена и тоа од погоните на А.Д. „АМАКС“.
Повеќе...
Post Views: 2
Во пожар што се случи претладнево во населбата „Радојца Новичиќ“ изгоре трска. Командирот на Охридската територијална противпожарна единица Спасе Прентоски за ТВМ кажа дека трската во овој дел на градот, секоја година е мета на потпалувачи. Тој апелира до граѓаните да не ја палат трската и да се внимава за да не дојде до поголеми последици.
На местото на настанот веднаш се упатило возило на охридската територијална противпожарна единица, а потоа и уште едно возило за дотур на вода. Како резултат на брзата и навремена реакција на охридската противпожарна единица пожарот...
Post Views: 2
ОУ „Св.Климент Охридски“ е едно од осумте македонски училишта кои ќе бидат вклучени во реализацијата на проектот„Зелени училишта почиста околина, поздрав живот”.
Проектот започна да се реализира од септември 2013 година , истиот ќе трае 18 месеци, а ќе се спроведува во 16 основни училишта од Македонија и Албанија и тоа осум основни училишта од Република Македонија и осум основни училишта од Република Албанија. Инаку овој проект е дел од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Истиот е финансиран од канцеларијата на Европската унија во Република...
Post Views: 1
Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка.
Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.
Примарната цел на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти,...
Post Views: 5
ЈП „НИСКОГРАДБА ОХРИД“ – Охрид, ги информира Правните лица корисници на услугите кои имаат заостанат долг по основ на неплатени фактури за одведување на отпадни и атмосфетски води, истиот можат да го отплатат на рати во зависност од висината на долгот.
Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат превземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител.
Сите заинтересирани лица да во просториите на Јавното претпријатие кое се наоѓа на Бул. Железничка бб да се информираат и да склучат договор за плаќање на...
Post Views: 1
На поранешниот полигон за мали спортови, никнува уште една мини депонија, реагираат група совесни граѓани.
Тие реагираа до редакцијата на „ТВМ“ телевизија во врска со овој новонастанат еколошки проблем. Иако станува збор за приватен имот, според членот 6 Законот за јавна чистота сопствениокт на овој простор е должен:
„Корисниците односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на дворните површини на колективните и индиидуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните...
Post Views: 1
Уништените препреки на дел од пешачките острови на двата најфрекфентни булевари заменети со нови.
Веќе извесно време овие препреки беа уништени во целост, состојба која ја злоупотребуваа возачите, посебно таксистите па така често преку тие острови недозволено преминуваа од едната на другата страна на улицата, со што ја загрозуваа безбедноста на учесниците ов сообраќајот.
Од Локалната Самоуправа тогаш за ТВМ изјавија дека се запознаени со проблемот. Портпаролот Џамтоски најави дека во најкус можен рок односно на 06. и 07. февруари ќе бидат поставени нови столбчиња на...
Post Views: 4
Во текот на вчерашниот ден беше демонтиран еден од рекламните билборди, кои се поставени на Бул.„Туристичка“.
Ова е само еден од неколкуте рекламни билборди кои се поставени на нај фрекфентните локации низ нашиот град, а на кои веќе извесно време стојат налепници од Упрата за јавни приходи, на кои е наведено дека билбордите се запленети.
Иако веќе извесен период на некои од билбордите и воопшто не беше поставен било каков рекламен материјал, сепак има и такви на кои веќе има нова реклама.
Станува збор за билборди на „Лазов“ групацијата или веќе ребрендираната „Еуролинија“...
Post Views: 6
Радован Димитриески, претседателот на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид, во гостувањето на утринската емисија на ТВМ Телевизија, објасни за кој дел од езерото поточно станува збор и за кој вид риба ќе се издава концесијата.
„Да не дојде до забуна кај јавноста, значи Охридското Езеро е дадено под концесија и за стопански и за рекреативен риболов, сега се доделува само оној дел што спаѓа до Даљан. Охридското Езеро го опфаќа делот од Црниот Дрим од истекот до Даљан, а сега оној дел од Даљан до црквата Св. Петка како го викаме до „ножот“,...
Post Views: 11
Мал е бројот на учениците од Охрид и Струга кои знаат какви риби живеат во Охридското Езеро. Се надеваат дека преку проектот „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро“ и предавањата за живиот свет во него, во голема мерка ќе ги зголемат не само нивните знаења за рибниот фонд, туку и знаењата за вредностите на езерото и заштитата на животната средина.
„Јас пред да се одржи овој час не бев доволно запознаена со животинскиот свет во Охридското Езеро.Мислам дека со ваквите часови, преадавања лично јас а и останатите ќе се запознаат со убавините на Охрид и животинскиот...
Post Views: 3
Волонтерите од Клубот на млади, Клубот на уметници „Арс Вивенди“ како и волонтерите од проектот за хумани вредности, кои функционираат во рамките на О.О на Црвениот крст од Охрид, своите вештини повторно ги ставија во функција на хуманоста.
Имено повеќе од триесеттина волонтери деновиве напорно работат во изработка и боење на гипсени фигури, кои овој петок ќе ги продаваат на градскиот плоштад во 14:30, по повод денот на вљубените „Св Валентин“.
Средставата кои ќе бидат собрани од продажбата на овие прекрасни и уникатни примероци ќе бидат наменети за купување на...