Post Views: 2
„38-годишниот охриѓанец кој минатата година издрогира брачен пар од Скопје приведен од страна на српската полиција во Врњачка Бања. Имено, полицијата во Србија го уапсила заради кражба на техничка стока од бугарски државјанин, но за тоа е информирано и македонското МВР кое трага по него цели осум месеци“, информираат локалните електорнски медиуми.
Само за потсетување, осомничениот во јуни минатата година поставил оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Непосредно потоа, стапил во контакт со брачен пар од...
Post Views: 3
Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на општата болница Љубен Арнаудов, општина Охрид во месец февруари на 15 мајки чии деца се родени во месец јануари годинава, трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош.
Финансиската поддршка на локалната самоуправа е во насока на стимулирање на наталитетот и во неа се опфатени новороденчиња кои што се родени во Одделението за гинекологија при Општата Болница – Охрид чии родители...
Post Views: 10
Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата.
Но оние кои немаат комплетна еколошка документација имаат се уште време до крајот на месецот да ја завршат процедурата, ако не сакаат да се соочат со законските санкции.
Интегрираното спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) претставува систем кој е наменет за големите...
Post Views: 4
Во текот на оваа работна недела екипите на Работната единица „Паркови и Зеленило“, при ЈП „Охридски Комуналец“, вршат пролетно средување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка“.
Во овие тековни активности на претпријатието, оштетените дрвја се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат. Исто така се коси и хортикултурно уредува,тревниот дел вдолж оваа сообраќајница на потегот од крстосницата кај „Градскиот пазар“ до месноста „Петља“.
{loadposition content9}
Post Views: 4
По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандски Парк).
Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини муљ, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м3 муљ и друг вид отпад. Оваа активност ја спроведуваме согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.
{loadposition content9}
Post Views: 5
„ЕВН Македонија“, информира дека денеска, 6-ти март, во периодот од 07:30 до 18:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во манастирскиот комплекс „Св. Наум“, исто така прекин со снабдувањето ќе има и во ресторанот „Острово“ како и во хотелот „Маркони“.
Од ЕВН Македонија потенцираат дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е тековната реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.
{loadposition content9}
Post Views: 7
По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво”.
Од ЛАР велат дека трошиме речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението.
Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори...
Post Views: 10
Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе две кривична пријава против А.Ф. (27), Б.Р. (27) двајцата од Охрид како и А.Е. (19) и Е.Б.(37) двајцата од Кичево.
Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна...
Post Views: 1
Наскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор”, „Етнички и културни карактеристики на ромите” и ,,Граматика на ромскиот јазик” од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје.
Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини” – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната” – Габриела Ким, „На бал со кралот” – Розалинд Лејкер, „Допирот...
Post Views: 4
Поради големиот интерес за згрижување на најмладите охриѓанчиња, охридската градинка „Јасна Ристеска“ од 15- ти март ќе отпочне со примена на скратена програма, секој ден од 9 – 12 часот.
Од градинката информираат дека децата кои ќе се опфатени со скратената програма ќе ги следат само воспитно – образовните активности во воспитните групи,без оброци.
Програмата ги опфаќа децата од 3 – 6 годишна возраст.Заинтересираните родители да се јават во Управата на градинката, во објектот ,, Централна’’ или на телефон 046 – 231 – 645.
Повеќе информации во денешното издание на Дневникот...
Post Views: 1
Понекогаш е доволно човек само да даде мал поттик, да им посочи на луѓето каде и кога да се обратат. Така , младите волонтери на Црвен крст од Охрид, вклучени во ЦКА-ПХВ програмата, со поддршка од нивниот дисеминатор, неодамна успешно завршија еден од проектите. Усреќија едно четворочлено семејство. Станува збор за социјално загрозено семејство од Лескоец со 2 малолетни девојчиња.
Станува збор за семејство во кое двајцата родители се невработени, а едното девојче има здравствени проблеми, односно поради немање средства веќе 2 години не извршило офталмолошки преглед,...
Post Views: 2
Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“.
Во оваа фаза реализирана е работилница за хетерогена група од 35 ученици, на возраст од 14 години, од сите основни училишта во Охрид, Лескоец, Велгошти и Пештани.
Целта на оваа креативна работилница беше да се излистаат позитивните вредности кои на учениците би им дале насока за правилно функционирање и развој на нивната личност.
Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот...