Post Views: 1
Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.
Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште,...
Post Views: 1
Ј.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.
Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје во доменот на селектирање на амбалажниот отпад ,односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.
Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и пепелник ...
Post Views: 0
Со цел подобрување на ефикасноста и одговорноста на општинската администрација, општина Охрид отвори телефонска линија и електронска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција.
Граѓаните пријавувањата ќе можат да ги извршат на телефонскиот број 046/262-469, 262-469 или со поднесување анонимна пријава по електронски пат преку веб – страната на општина Охрид со испаќање е-маил на следнава адреса : prijavikorupcija@ohrid.gov.mk
{loadposition content9}
Post Views: 4
„ЈП Билјанини Извори“ стопанисува и во иднина ќе стопанисува со целиот јавен паркинг простор на територија на Општина Охрид“ стои во реакцијата на ЈП „Билјанини извори“.
„За жал и после стотти пат господата од ВМРО НП никако да сватат и упорно ја манипулираат јавноста, или така од политички причини им одговара, дека јавните паркинзи не се даваат како што тие викаат на приватен сопственик.„
„Почитувани господа од ВМРО НП, многу е лесно сега да се лицитира со опциите со кои би се набавила опремата се со цел модернизација на работата на јавниот паркинг простор, од кога...
Post Views: 4
Од ОК на ВМРО-НП апелираат до Локалната самоуправа да не ги дава паркинзите на приватен сопственик туку таа да раководи со нив.
„Како што најавивме и предупредивме, власта на ДПМНЕ одма по завршувањето на изборите ги стави паркинзите на точка на дневен ред во Советот на Општина Охрид. Сето тоа само заради стравот од губење гласови на изборите и манипулирање со гласачите.“
„Сакаме уште еднаш да ги потсетиме дека токму на темата паркинзи тие освоија најголем дел од гласовите на последните локални избори во 2013 година. Пред изборите, заради некоординираност, но и заради...
Post Views: 1
Наредната недела на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде филмот „Филомена“ („Philomena“).
Проекции ќе има на 20-ти, 21-ви и 22-ри мај 2014 година, со почеток во 20 часот.
Овaa драмај е во режија на Стивен Фреарс и е вистинска уверлива приказна за човечката љубов и за загубата, суштински славејќи го животот. Филмот раскажува за новинар што пишува за политички теми. Тој случајно наоѓа жена која се вика Филомена и која е во потрага по својот син. Филомена забременила како тинејџерка, во Ирска, 1952 година. Поради осудата на околината...
Post Views: 0
По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши расчистување на просторот во населбата „Крум Точко“, на потегот кај река Грашница, Лабино и станбените објекти во оваа населба.
Просторот се расчистуваше машински бидејќи беше обраснат со различни видови високи билки со трње, трева и депониран отпад. Целата вегетација е отстранета и просторот е расчистен.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Денес православните христијани одбележуваат еден од поголемите пролетни празници, во чест на Светиот пророк Еремија.
Тој живеел шест века пред Исус Христос. Роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Еремија не сакал да биде пророк, се оправдувал со тоа што уште бил мал, но не можел да ја одбие Божјата заповед. Така од 15 години станал пророк. Поради тоа што претскажал многу несреќи за еврејскиопт народ имал многу непријатности. Три пати бил затворан, а животот го завршил со каменување...
Post Views: 1
Учениците од VI одделение од ОУ,,Св.Климент Охридски“ остварија посета на АД „ЖИТО- ЛЕБ” во корелација со преметот природни науки.
Заедно со наставничката Нине Симоновска, учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели печива. Посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб, апетисани , лиснати теста, кори и ролати и секако познатите охридски варени ѓевреци.
Одговорниот технолог навистина им го привлече вниманието со детално објаснување и демонстративно покажување во самиот процес на производство,притоа...
Post Views: 13
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква“-Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба да бидат прогласени 23 вработени како технолошки вишок во РЕ „Водовод“-Охрид која е дел од МЈП „Проаква“-Струга.
Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да...
Post Views: 2
Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио во петок полни девет години откако започна да се емитува во радискиот етер.
Низ годините емисијата се менуваше и созреваше во квалитетен радио проект кој полни девет години ги информира, а пред се ги забавува своите слушатели. Емисијата ја води познатиот глумец и водител Жанко ЗШ Голабоски, а тимот на емисијата го надополнуваат и Тони Џомба и Дџ Јане кои го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија.
Покрај нив, тимот го дополнува и комплетната екипа составена од млади и талентирани луѓе кои секој работен...
Post Views: 3
На 11 мај 2014 година на спортскиот аеродром во Прилеп се одржа 62-ро дрзжавно првенство во воздухопловно моделарство каде што во силна конкуренција во категоријата Ф1Б – модели на гумен погон победник беше „Аеро Клуб“ Охрид – прво место- златен медал го освои Масин Климент и сребрен медал Митко Цветановски.
Во категорија Ф1Х Михаил Ангелески го повтори својот минатогодишен успех и го освои бронзениот медал.
„Аеро Клуб“ Охрид освои диплома за најмлад такмичар во категорија Ф1Х – Александар Цветановски.
Голема заслуга за најмладите такмичари за нивниот...