Post Views: 0
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП Градски гробишта-Охрид, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието,...
Post Views: 2
Намалување на ДДВ за храна во рестораните, субвенции, наменско трошење на туристичката такса, ова се дел од барањата на Здружението за угостителство и туризам, пренесува 24 Вести.
Од Здружението укажуваат дека поради високите трошоци, угостителите работат со намален профит.
Од Здружението велат дека и покрај порастот на цените на енергенсите, угостителите нема да ги зголемат цените на услугите, иако работат со намален профит.Во меѓувреме, угостителите со Македонската музичка индустрија ја договорија месечната тарифа што треба да ја плаќаат хотелите и рестораните за пуштање...
Post Views: 0
Пливачките школи и оваа година склучија договор со ЈП „Билјанини извори”.
По тој повод денеска, во 12.00 часот, на базенот во ЈП „Билјанини извори”, претставници на Локалната самоуправа и претставници на пливачките школи официјално ќе го означат стартот.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во соработка и со поддршка на Совет на Европа, на 8 Јули 2014 година во Охрид организира еднодневна конференција чија што цел е размена на мислења и искуства за користење на социјални медиуми за информирање на граѓаните и како може тие да помогнат за учество во процесите на одлучување на локално ниво.
Конференцијата се организира во продолжение на обуката за медиумска писменост наменета за претставници на граѓански организации и новинари од Република Македонија која се организира од 5 до 7 Јули 2014...
Post Views: 17
Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија “Охридски комуналец“ и “Нискоградба“ со помош на стручни лица и механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид.
Со жардинјери се ограничува просторот на улицата “Кеј Маршал Тито“ којa во оваа летна туристичка сезона ќе биде вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од него а се обврзани да ги почитуваат...
Post Views: 8
Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад.
За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.
Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад со што ќе започне годинешната културно – забавна манифестација.
Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка.
И...
Post Views: 6
Со денешното промотивно возење на децата од ЈОУДГ „ЈАсна Ристеска“, објект Централна и официјално оваа летна туристичка сезона во функција е ставен двократниот панорамкси автобус.
Ова возило со кое стопанисува ЈП „Биљанини извори“ ќе им стои на располагање на сите заинтересирани групи кои имаат желба убавините на Охрид и Охридското Езеро да ги видат од една поинаква перспектива. Сите заинтересирани корисници може да се обратат во дирекцијата на ЈП „Биљанини извори или на телефонскиот број, 046/231-535 за повеќе информации.
Инаку јавното претпријатие минатата година...
Post Views: 6
Свеченоста за осветувањето и отворањето на спомен-обележјето посветено на големиот православен христијански празник ,,Богојавление-Водици” – „Фаќач на крст”, ќе се одржи утре, сабота во 10 часот и 30 минути на градското пристаниште во Охрид.
Спомен обележјето што го симболизира вадењето на светиот крст од осветените води на Охридското Езеро, е донација на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, ген. дир. на градежната компанија Адора Инженеринг, автор на скулптурата е академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.
Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле...
Post Views: 0
Свети Наум е најблискиот соработник на Свети Климент првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.
Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по Јулијанскиот календар).
Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи...
Post Views: 1
За период од една година и три месеци, асфалтирани се вкупно 30.400 метри квадратни улици во општина Охрид. И тоа:
Асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1.800 м2.
Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше :
-Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2, -улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,– целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2, -целосно ревитализирана и асфалтирана е улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на...
Post Views: 0
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(35) и Ц.М.(36), двајцата од с.Лешани, oхридско, за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.
Пријавените во јуни 2013 година, со намера да прибават противправна имотна корист од Н.П.(59) од Охрид сопственик на „Вила Свист“ лоцирана во нас.Свети Стефан во Охрид при лични средби, како и на неговиот мобилен телефон му испраќале пораки со сериозни закани со цел истиот да се откаже од намерата да купи простор-крајбрежен дел за плажа од 264 метри квадратни.
Наведениот простор пријавените лица претходните години бесправно го уредиле...