Post Views: 0
Сите хриѓани и охриѓанки кои се навозраст од 7 до 17 години, а имаат желба и талент да се занимаваат со театарската игра, сега имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое од 1-ви март 2015 година ќе работи во рамки на охридскиот Народен театар.
Уписите се во тек, а сите заинтересирани можат да се пријават секој работен ден во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид.
Со членовите од драмското студио ќе работат ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на оваа културна установа.
{loadposition content9}
Post Views: 9
По повод дмеѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ од Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република, кај Чинарот.
Сите заинтересирани за изнајмување на тезгите може да се пријават во административните простории на ова јавно претпријатие или да побараат информации на телефон 046-266-600.
{loadposition content9}
Post Views: 9
„Детектор за лаги“ дело е работено по текст на Василиј Сигарев, додека режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.Станува збор за едноставна приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а кои проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија…
Влезниците...
Post Views: 7
Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, до 15 март треба да поднесат Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.
Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.
Граѓаните може да поднесат Годишна...
Post Views: 4
Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското езеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор.
Согласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави.
Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект на Охридското езеро...
Post Views: 8
Заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која кај нас се регистрирани 3 заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорците (глодари), зајаци и но и други диви и...
Post Views: 1
Секторот за внатрешни работи Охрид, согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето М.K.(34) од Oхрид, како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување.
По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47- годишен охриѓанец, на кого од страна на судија во претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На осми овој месец во 00 часот и 05 минути, кај лицето пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми што во футрола го имал на појас од десната страна. Сега притворениот е забележан на булеварот „Македонски просветители“ во близина на градскиот...
Post Views: 2
И денес во ОУ „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Р. Македонија.
„Вчерашниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше превземена од општинскиот Црвен Крст“, велат од училиштето.
„Се надеваме дека ќе со нашиот скромен допринос барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој“ додаваат оттаму.
{loadposition...
Post Views: 7
Денес општина Охрид им се заблагодарува на СДСМ- Охрид за евиденцијата што тие ја правеле околу бројот на распишани огласи за вработувања откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески и притоа потсетува дека овој политички субјект заборавил да каже дека во периодот на 2013 година пред доаѓањето на актуелната локална власт,со сомнителни договори за вработување преку ноќ во општина Охрид работно ангажира 325 партиски лица, од кои голем дел без почитување на законските процедури.
Исто така СДСМ – Охрид е партија која го зголеми бројот на вработени...
Post Views: 0
Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет.
Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена.
Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции?
Во периодот од 4-ти до 9-ти февруари 2015...
Post Views: 0
ебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 фебруари 2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение Господово“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На светата литургија ќе има и ракопололагање во ѓаконски чин.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
{loadposition...