Post Views: 2
По повод Светскиот ден на планетата Земја, на ден 22 април, (среда), со почеток во 13 часот, на Градскиот плоштад ” Св.Климент Охридски”, во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс.
Овој културно-едукативен настан e организиран од здружението ТАКТ заедно со група волонтери и вљубеници во природата.
“Истиот има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридското eзеро.
Најавено е присуство и од градоначалникот г. Никола Бакречевски додека во програмскиот дел, за жал, откажано...
Post Views: 2
Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Р. Македонија, коишто можат да се слушнат и видатод содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени...
Post Views: 1
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори“.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”...
Post Views: 6
Презентацијата од проектот „Купи куќа, купи стан“ која требаше да се одржи вчера во Охрид е презакажана за денес попладне, информираа од Министeрството за финанасии.
Според најавите, сите заинтересирани граѓани ќе може да ја посетат презентацијата и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом во 17:30 часот во зградата на општина Охрид.
На презентацијата ќе бидат присутни претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи наредните денови во Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Тетово,...
Post Views: 9
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (53) од охридското село Косел.
На шести овој месец, пријавениот во СВР Охрид пријавил кривично дело „тешка кражба“ извршена во неговиот дом во селото Косел кога, според неговото кажување биле одземени 10000 евра и постелнина. Според пријавителот, кражбата била извршена истиот ден околу 15 часот и 30 минути кога при доаѓање од работа забележал дека дворната врата и катинарот биле скршени а влезната врата од куќата била насилно...
Post Views: 1
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека денес од 9,00 до 13 часот ќе се спроведе Акцијата „Здравје за сите“.
Акцијата ја спроведува Министерството за Здравство на РМ во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Охрид со цел превенирање на кардиоваскуларни и респираторни заболувања и подобрување на општата здравствена состојба на населението.
Медицинските екипи ќе вршат бесплатен општ преглед,мерење на крвен притисок,одредување гликемија и мерење на холестерол во крвта.Сите заинтересиорани граѓани можат да го посетат нашиот пункт поставен на Малиот Плоштад кај Чинарот.
{loadposition...
Post Views: 9
Денес, 16.04.2015 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК ќе се одржи Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.
Утре, 17.04.2015 – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈААрхиерејска литургија, ќе се држи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Со оваа урнебесна комедија пред охридската публика ќе се претстават актерите од битолскиот театар „Солзи и смеа“.
Претставата ќе се одржи во сабота 18-ти април април 2015-та година со почеток во 20:00 часот во големата сала. Цена на влезниците е 120 денари а картите ќе бидат во продажба истиот ден.
{loadposition content9}
Post Views: 0
По барање на такси компаниите, рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик, се продолжува до 30 април 2015 година.
Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите да приложат:
1. М1/М2 образец не постар од 60 дена2. Kопија од лична карта.
Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси...
Post Views: 0
Утре, четврток, на 16.04.2015 год. во 14.00 часот во Хотел Ривиера во Охрид, СДСМ ќе одржи прес конференција, на којашто ќе се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев.
Истиот ден СДСМ во Охрид ќе организира и Марш на вистината, кој ќе започне во 18:30 часот на плоштадот „Крушевска република“, кај чинарот. Маршот ќе заврши на градскиот плоштад, со обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
{loadposition content9}
Post Views: 16
Проблемот со заштитата на овој електричен објект, трае веќе неколку години иако жителите од оваа населба, информираат дека во неколку наврати реагирале до ЕВН Македонија, а исто така проблемот го актуелизирале во неколку наврати и преку медиумите.Овој објект се наоѓа на само десетина метри од детското игралиште каде се рекреираат најмладите жители од оваа населба. Треба ли да се случи некој сериозен инцидент за да од ЕВН конечно сфатат колкава е опасноста во овој случај или реакциите на јавноста конечно ќе допрат до нив?
Во соопштенијата кои ги испраќа ЕВН Македонија,...
Post Views: 0
Од неодамна МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид воведе електорнска достава на фактурите за правни лица.
Од јавното претпријатие велат дека доставата, првенствено, ќе се врши на службените е-маил адреси преземени од Централен регистер на Македонија.
Корисниците на услугите, должни се да дадат изјава за согласност за електронска достава на фактурите, која ќе биде доставена заедно со фактурата за месец март 2015 и фактурите за месеците што следат. Истата може да се пополни во дирекцијата на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид како и во наплатните центри „Трудбеник” и „Корзо”.
{loadposition...