Post Views: 0
Екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ со заедничка акција го уредуваат јавното зеленило во приградските населби. Акцијата трае континуирано оваа работна седмица, а ќе продолжи и во наредната седмица.
Тревните површини околу коловозите и другите јавни зелени површини се косат и се отстрануваат гранки и друга вегетација која попречува во нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Изминативе два дена се уредуваше с.Лескоец, денес Горно Лакочереј, во текот на утрешниот ден Горно Лакочереј, во петок Косел, а во сабота Велгошти.
Пред престојниот верски...
Post Views: 10
Празникот на Христовото вознесение- Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.
Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос.
Истражувачите...
Post Views: 1
Денес во Охрид со почеток во 12.00 часот во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи Програма за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност.
Во рамките на програмата студентите и професорите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји. Програмата вклучува претставување на над 15 земји од Америка, Африка, Азија и Европа преку претставување на национални носии, национални кујни, изведување на традиционални песни и танци, претставување на главните карактеристики на државите и можност за...
Post Views: 1
Завршна презентација на проектот „Градот низ детските очи“, на дечињата од сите охридски градинки. Станува збор за проект на кој се работеше во текот на целата година а во кој беа вклучени сите деца од од детските градинки на возраст од 2-10 години. Посетата на локалната самоуправа и запознавање со нејзиното работење, тајните на охридската кујна, запознавање на културното и историско богатство на Охрид беа само дел проектот, вели директорката Роза Костеска- директор ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
„Денес го презентираат она што го научија во текот на годината бидејќи постојано...
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите од охридското село Велмеј.
На 19-ти овој месец, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Настанот се случил во 04 часот и 10 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде сообраќајната полиција извршувала плански...
Post Views: 8
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека денес, среда на патниот правец А2, Кичево-Охрид, на делницата Пресека-Врбјани во периодот од 16:00 до 17:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин за секаков вид на возила.
Прекинот е поради изведување на градежни работи, односно минирање.
Инаку сообраќајот на сите државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на...
Post Views: 0
Трета година по ред, Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометарки и ракометари на возраст од 11 до 17 години.
После двете вистински летни фантазии во Србија и Врњачка Бања, третата ќе се одржи во Македонија, поточно во Охрид во периодот од 20 до 26 јуни.
Уште од првото издание кампот има меѓународен карактер, со оглед на тоа дека во 2013 година имаше учесници од 7 држави, а минатата година таа бројка стигна до 11 држави. Досега за учество на годинешниот камп има пријавено млади ракометари од 9 европски земји.
Најдобрата светска ракометарка за 2013 година, дел...
Post Views: 2
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43- годишен охриѓанец, управител на трговско друштво, за вработување на инвалидни лица за производство, трговија, превоз и услуги, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“.
Во март годинава, пријавената како управител на трговското друштво склучила договор за вработување со лице со посебни потреби за работно место помошник пакувач во продавница во Охрид, која е во склоп на наведеното друштво и не почитувајќи ги законските...
Post Views: 11
На државното Првенство во Футсал за основно образование кое се одржа од 14 до 16 мај 2015 година во Скопје општина Карпош, уцениците од ОУ Христо Узунов го освоиа високото 3 место во Р Македонија.
Претходно во голема конкуренција на регионалниот натпревар во Кичево на екипи од Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и Охрид учениците од ОУ „Христо Узунов“ го освоија првото место .
Post Views: 9
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека сабота 23-ти мај 2014 година е Националниот ден на Власите и истиот е неработен ден за припадниците на влашката заедница.
Според Програма на неработни денови за 2015 година, во недела на 24-ти мај се празнува државниот празник „Св. Кирил и Методиј“-ден на сесловенските просветители, а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија ќе биде понеделник 25-ти мај 2015 година.
Post Views: 7
Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.
Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.Свр Охрид, територијалната против-пожарна...
Post Views: 0
Цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денар, додека дизелот поскапува за половина денар, според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на евросупер-95 изнесува 70,5 денари, а на евросупер 72,5 денари. Дизелот од ноќеска на полноќ ќе чини 58 денари за литар.Според одлуката на РКЕ и според цената на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а новата цена изнесува 46,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,705 денари за килограм и ќе изнесува 28,934 денари.