Автор: Голабовски Крсте

ulica

На улицита „Ристо Чадо“ уште ќе се работи

Post Views: 6 Активностите за поставување на атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“, ги вознемири тамошните жители. Тие реагираат незадоволни од динамиката со која се работи. Стравуваат за безбедноста на пешаците, а се жалат и на оштетувања на нивните автомобили. Поради овие обемни градежни активности имаше и измени на рутата на една од градските автобуски линии. Од Од одделението за комунален развој и сообраќај при Општина Охрид, смируваат. Велат дека до крајот на овој месец оваа улица ќе биде целосно санирана. „Добиваме определени поплаки од граѓаните заради текот на самите...

Continue reading

bazen

Од утре започнува со работа градскиот базен

Post Views: 1 Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд ( 4-5 јули ) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето. Градскиот базен ќе работи секој ден од 08 : 30 до 20 часот, така што во работен ден ( понеделник – петок ) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08 : 30 до 12 часот и попладне од 17 : 30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 – 18 часот. За времена викендите ( сабота и недела ) градскиот базен...

Continue reading

Sv.Naum

Денес се празнува споменот на Св. Наум Охридски

Post Views: 9 Св. Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа. Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат...

Continue reading

ezero

На сила стапи ограничувањето на пловидбата за скутери и чамци

Post Views: 0 Од денес, почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.  

Continue reading

otpad

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига во 06:00 наутро

Post Views: 2 Ј.П. „ Охридски Комуналец“ ги информираат физичките и правни субјекти, корисници на нивните услуги, дека во периодот 29- ти јуни до 31- ви август комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро. Од претпријатието појаснуваат дека овие  активности се спроведуваат со цел, за време на  екот на туристичката сезона, нивото на услужната хигиена да се одржи на највисоко ниво.  

Continue reading

sv.razmo

Богослужби и литургии по повод „Св.Еразмо Охридски“

Post Views: 1 По повод манастирската слава на манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 14 јуни 2015 година (недела), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 15 јуни 2015 година (понеделник), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод...

Continue reading

mapa

Извештај од консултативен состанок со Европската банка за обнова и развој

Post Views: 0 ЕБОР како финансиер на предложениот експресен пат Охрид-Пештани (предвидена вредност: 50 милиони евра) оваа недела организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт. Состанокот го водеа локални претставници од ЕБОР, како и виш службеник од Одделот за животна средина и одржливост/седиште на ЕБОР во Лондон, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) – изработувач на предлог-проектот и тим експерти најмени од ЈПДП. Предлог-проектот го презентираше вработен од ЈПДП Македонија. Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ беше поканета на состанокот...

Continue reading

ucesnici

Прва годишнина на прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО

Post Views: 0 На 11. Јуни се одбележува една година од прогласувањето на регионот Охрид Преспа за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО. Оваа одлука на 11 Јуни 2014 година беше едногласно донесена на состанокот на Советот на МАБ Комитетот на УНЕСКО одржан во Јончепинг, Шведска. Номинациониот акт беше работен во текот на претходните 2 години во кој беа инволвирани домашни и меѓународни експерти , со поддршка на централната власти и на локалните самоуправи во регионот и од македонска и од албанскастрана. Номинацијата беше испратена во УНЕСКО преку Билатералниот секретаријат за...

Continue reading

ohrid

Локалната од Охрид организира „Ден на идеи“

Post Views: 2 Локалната самоуправа, на 12 јуни 2015 година (петок) на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во времето од 10 до 18 часот организира ДЕН НА ИДЕИ. Овој настан е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, а целта е да се оствари поблиска соработка со граѓаните. Граѓаните ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за подобра сегашност и иднина на Охрид пред претставниците на секторите и одделенијата на администрацијата на Локалната самоуправа.  

Continue reading

osomnicen

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во Охрид

Post Views: 4 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Б.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година. Истиот беше преземен од албанските власти на граничниот премин “Ќафасан” од каде што беше спроведен во Истражниот затвор Скопје. Инаку по лицето Б.П. имаше распишано меѓународна потерница и истиот беше лишен од слобода на 12.02.2015 година во Албанија каде се до неговото спроведување во Р. Македонија бил во екстрадиционен притвор. Истиот се бараше бидејќи на 21.08.2014 година околу 23,00 часот во летната...

Continue reading

kej

Ќе се реконструира кејот во Охрид

Post Views: 1 Познатото градско шеталиште ќе има автентичен лик и ќе се вклопува во изгледот на Охрид. Откако општинската комисија ги  отфрли понудите идејни решенија на надворешни архитекти затоа што тие беа мегаломански со масивни  платформи во вода, идејниот проект за реконструкција  на кејот го изработуваат општинските стручни служби .    – При изработката на проектот посебно се внимава да не се нарушува природниот еко систем на Охридското Езеро. Со охридскиот кеј не смее да се експериментира и истиот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите. Во овој момент...

Continue reading

znak

Повторно прекин на сообраќајот кај Пресека-Врбјани

Post Views: 2 Од АМСМ информираат дека денес, на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани,поради изведување на градежни работи- минирање ќе има двочасовен прекин на сообраќајот.   Од Автомото сојузот објаснуваат дека прекинот на одвивање на сообраќајот ќе биде во период од 14 до 16 часот.  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top