Post Views: 0
Во рамките на својата меѓународна соработка О.О на Црвениот крст од Охрид преку своите партнерски организации во Холандија реализира донација наменета за потребите на неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјално загрозени семејства во општина Дебарца.
Донацијата, во чија реализација помогнаа Хуманитарната фондација „ Stichting Hulp-Macedonie“ и Мира Милеска од Холандија содржи училишни маси и столови, училишни катедри, шкафови, спортски реквизити, како и половна облека и играчки, кои во текот на наредните неколку денови ќе бидат поделени на соодветните...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид, можни сторители на делото.
Кривичното дело насилство, пријавените малолетници го сториле на 31 минатиот месец околу 23 часот и 30 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Тие влегле во двор од семејна куќа и со метална палка на расклопување нападнале друго малолетно лице кое во дворот било со уште неколку малолетници. Него му задале...
Post Views: 5
Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години.
На првенството ќе учествуваат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи А и Б ќе се играат во Спортската Арена Билјанини Извори додека групите Ц и Д ќе се играат во Струга во Спортската сала Тими.
Во првата фаза, која трае во период од 13-ти до 17-ти Август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда на шампионатот, натпреварите по групи.
Во оваа фаза ќе се играат...
Post Views: 5
ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически“ во с. Лескоец.
Во текот на изминатиот месец од страна на екипи на јавното претпријатие изведени се работи на формирање на премини преку улицата.
За таа намена изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм.
Со завршување на оваа фаза жителите на овој дел од с. Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на отпадните води, а со тоа се овозможува чекор...
Post Views: 1
Под мотото „Спортувај за мир („Sport 4 peace“), клубот Фитформ од Охрид, на 12-ти август ќе организира фитнес и аеробик настан на отворено.
Настанот ќе трае до 19-ти август.Оваа практика започна изминатите години, а лани заинтересираните рекреативци и професионални спортисти имаа можност да спортуваат организирано на Градскиот плоштад.
Оваа година овој вид на настан ќе биде во сосема поинакво издание, кое ќе привлече голем број на заинтересирани граѓани, кои го одбираат здравиот начин на живот.
„Фитформ“ ќе го организира овој масовен спортски настан во соработка со фитнес...
Post Views: 1
На 14-ти август во охридското село Велестово, со почеток во 21.30 часот, по 27-ми пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово.
Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид.Традиционално, покрај поетскиот портрет на еден наш истакнат поет, ќе биде одржана и ликовна изложба. Оваа година во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики ќе се престави...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Р.А.(22) и Е.К.(19) двајцата од Скопје, поднесе кривична пријава.
Пријавените, казненото дело го извршиле на деветти овој месец околу 17 часот и 30 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Настанот се случил во момент кога полициски службеници вршејќи контролата на сообраќајот прописно сопреле патничко моторно возило марка „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблици и од возачот Р.А. побарале возачки документи.
Во следниот момент,...
Post Views: 1
Денес во Охрид и Дебрца најавена е посета на премиерот Никола Груевски.
Премиерот ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун, а ќе биде дел и од поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Груевски ќе го посети и селото Требеништа каде што ќе присуствува нa свеченото пуштање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала.
Исто така Груевски заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, свечено ќе го пуштат во употреба кружниот тек на Булевар Туристичка и ул....
Post Views: 0
Во организација на пчеларското Здружение „Охрид“ од Охрид, а поддржано од градоначалникот нa општина Охрид Никола Бакрачески, од 7 до 9 август на плоштадот „Чинар“ ќе се одржи манифестацијата „Фестивал на медот“.
Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи. Отворањето на фестивалот е на 7 август со почеток во 18 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите ќе продолжи и на 8 и 9 август.
Post Views: 1
Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека во сабота на 8-ми август 2015 година поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани ќе има прекин на сообраќајот.
Според најавите, прекинот ќе биде во периодот од 14 до 16 часот.
Post Views: 0
Општина Охрид реагираше на обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“ – Охрид Димитар Василески, изнесени на прес конференција, а во врска со спроведената постапка за доделување линии за општински јавен превоз. Во реакцијата стои:Во врска со изнесените обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“ – Охрид, г-дин Димитар Василески сметаме дека е потребно да дадеме одредено појаснување.
Имено бидејќи во изјавата го цитира Законот за превоз во патниот сообраќај во измените на Законот за превоз „Сл. Весник бр: 44 од 19.03.2015 год.“ стои:
Член 2:
„За...
Post Views: 3
Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид изминативе денови ги изврши самостојно но и во содејство со надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа.
Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди.Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти...