Автор: Голабовски Крсте

catamaran

Соларен брод во Преспанско Езеро

Post Views: 3 Од ова лето, туристите кои ќе престојуваат во Мала Преспа, ќе имаат можност по Преспанско Езеро да се шетаат со брод на соларна енергија. Туристичкиот брод на сончева енергија ќе биде ставен во функција до крајот на јули, најави градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. – Станува збор за заеднички проект на општина Пустец и општина Преспа, Грција, поддржан од фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка. Од Германија ќе пристигнат три бродови, два за грчката страна на Преспа и еден за нас. Сега сме во фаза на подготовка на документација и очекуваме на крајот од јули...

Continue reading

studenti

Студентите по медицина закана за себе и за најблиските

Post Views: 4 Синдромот на студентите по медицина е психолошка, ендемична болест која се однесува само на студентите по медицина. Тоа е кога еден студент е убеден дека е заболен од болеста која ја изучува. Овие студенти започнуваат нов живот во нова околина, стресот ги притиска, а згора на тоа се мачат и со финансиски проблеми и во тој момент главата им се исполнува со мисли дека се заболени од некоја страшна болест за која неодамна прочитале. Поминуваат бесони ноќи разгледувајќи специфични случаи на компликации од болеста која наводно ја имаат. Проблемот кои овие студенти си го имаат...

Continue reading

ucenici

Стартуваше екстерното тестирање

Post Views: 0 Во основните и средните училишта од денеска до 8 јуни стартуваше екстерното тестирање, чија цел е да провери колку наставниците се објективни во оценувањето на учениците. И покрај протестите на дел од учениците, сепак околу 200.000 ученици во средните и основните училишта електронски ќе одговараат на тестови по два предмети. Тестот содржи 60 прашања, а учениците треба да одговорат на 30 прашања со четири понудени одговори. Оценките по двата предмети од екстерното тестирање ќе бидат впишани во сведителството и ќе влијаат на вкупниот успех на ученикот. Наставниците кај...

Continue reading

blu

„Blue Is the Warmest Color“, ја освои „Златната палма“

Post Views: 4 Вчера заврши Канскиот филмски фестивал со објавувањето на големите победници. „Blue Is the Warmest Color“, филм за лезбејска романса, ја освои престижната награда Златна палма. Претседателот на жирито, Стивен Спилберг, изјавил дека го избрале делото на режисерот Абделатиф Кешиш затоа што раскажува одлична љубовна приказна. „Филмот е одлична љубовна приказна која придонесе сите ние да се чувствуваме привилегирани што сме поканети да ја погледнеме оваа приказна за длабока љубов и длабока тага“ – изјавил Спилберг. Втората награда, Гран Прито на францускиот фестивал, ја...

Continue reading

logo

Прилепска перница во трка за Гинис

Post Views: 4 Стотина работници од прилепската конфекција „Комфи ангел“ денеска ќе приредат вистински спектакл на плоштадот во центарот на градот, изработувајќи пред жири-комисијата џиновска перница со која ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди. Фирмата ќе го урива досегашниот рекорд на белгиската фирма која изработила перницата со димензии 15х15 метри и тешка околу три тони. На подготвениот терен, за два-три часа, прилепските конфекционери и мајстори за перници и прекривки, треба да ја изработат перницата со димензии 17,9х17,9 метри или околу 320 квадратни метри, со тежина од...

Continue reading

kuka

Куќата на Хитлер-урбанистички проблем

Post Views: 2 Жолтата трикатница на улицата Салзбургер Ворстадт 15 со години е празна, а причината за тоа е што во 1889 година во неа е роден Хитлер. Иако многумина сакаат таа зграда да биде срушена, истата е под заштита од градот Браунау. Но, тоа не беше секогаш така, бидејќи на таа адреса некогаш беше и  седиштето на Градската библиотека, банка и училиште,пишува  Дојче Веле. Исто така, до само шест месеци во една од просториите имаше работилница за физички хендикепираните лица. Неодамна јавноста беше шокирана од изјавите дека Хитлер воопшто и не е роден во Браунау, туку во некое...

Continue reading

Evropski Parlament

ЕП повторно побара датум за преговори за Македонија

Post Views: 0   „Потребни се двајца за танго. Така тоа функционира“. Вака Филе им одговори на грчките европратеници кои остро се противеа на ставовите дека Македонија треба да добие датум за преговори без понатамошно одложување, во рамките на дебата која вечерва се одвиваше во Европскиот парламент околу предлог-резолуцијата на известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит. Филе притоа одговори и на обвинувањата на грчките европратеници дека Европската комисија и тој лично грешат оти се залагаат преговорите со земјава да почнат без изнајдено решение за името. „Не сум целосно во грешка....

Continue reading

asteroid

За среќа, повторно „утка“

Post Views: 7 Овој масивен вселенски камен е откриен пред 15 години, но научниците не се сигурни од каде потекнува. -Меѓутоа, површината на астероидот е прекриена со мистериозна, леплива, црна материја, што укажува дека можеби станува збор за комета што прелетела преблиску до Сонцето, изјави Ејми Мајнзер од Лабораторијата за млазен погон во Калифорнија, пренесува „Лос Анџелес тајмс“. „Таа додава дека е можно место на потекло да е и астероидниот појас меѓу орбитите на Марс и на Јупитер. Астрономите планираат од 30 мај до 9 јуни внимателно да го следат минувањето на астероидот. Во...

Continue reading

arheo park

Се отвара првиот археолошки парк

Post Views: 9 Денеска ќе биде отворен првиот археолошки парк во Македонија, во организација на Здружението „Археологика“. Проектот „Архео Парк Бразда“ се реализира со поддршка на АД ЕЛЕМ, од програмата за општествена одговорност. Архео Паркот се наоѓа во подножјето на Скопска Црна Гора, локалитет Градиште, село Бразда, општина Чучер-Сандево. Предвидено е на отварањето да се обратат Радомир Ивановиќ од Здружението „Археологика“ и Горан Санев од Музеј на Македонија. На отворањето на археолошки парк се очекува присуство на претставници од АД ЕЛЕМ, Министерството за култура, Управата...

Continue reading

Денес забрана за паркирање на улицата „Јане Сандански“

Post Views: 0 Од Општина Охрид ги известуваат жителите на улицата „Јане Сандански“ и сите граѓани дека денеска, 4-ти август 2021 година, во периодот од 06:00 до 12:00 часот, ќе биде воведена забрана за паркирање, поради изведување на градежни активности. Од локалната самоуправа апелираат до жителите да не ги паркираат своите возила на улицата и таа да биде слободна на двете коловозни ленти.

Continue reading

melisani

Домот на нимфите

Post Views: 3 Лоцирана е на два километри од градот Сами и на 10 километри од градот Аргостоли. Пештерата е опколена со шуми, а од западната страна има планински венец. Пештерата е 100 метри долга, а езерото кое се наоѓа но неа, зафаќа една третина од нејзината должина. Оваа магична пештера за првпат е откриена во 1951 година, а отворена за посети на јавноста во 1063 година. Езерската вода е мешавина од солена и слатка вода. Пештерата е на 500 метри од морето и нивото на водата е еден метар над морското ниво. Мешаната вода извира од пештерски систем длабок 30м на едната страна и тече...

Continue reading

Да се заштитиме од пожари!

Post Views: 11 Апел од Општина Дебрца за заштита од пожари. „Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. На територија на општина Дебрца сме биле сведоци на повеќе пожари од ваков тип. Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, општина Дебрца ја информира јавноста за одлуката на Владата за целосна забрана за движење низ шумските подрачја. Одлуката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top