Post Views: 0
Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќа 4 трки со дистанци од 100км, 60км, 40км и 21км и е закажано на 17-19 септември 2021 година.
На нашиот настан, ќе учествуваат 450 натпреварувачи oд 20 земји и ќе има вклучено преку 60 волонтери во самата организација. Планинското трчање е најбрзо растечкиот спорт во природа во светски рамки. Целта на нашиот настан, покрај можноста за секоја особа...
Post Views: 3
Во рамки на соработката на Општина Охрид и Туркиот културен Центар “Јунус Емре” од Скопје во среда 23.12.2015 година во НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид во 18 часот, ќе се одржи на “Промоција и дегустација на турско кафе”.
Во рамките на овој интересен настан, предвидено е и прикажување на Турскиот филм “Невозвратена љубов” од 20.00 часот. Влезот е слободен!
Post Views: 1
Втор ден семејството Котески од Скопје, нивните роднини и пријатели, трагаат по падините околу езерото Козјак, а две екипи ги пребаруваат студените води на вештачката акумулација со надеж дека ќе го забележат педесет и едногодишниот Стеван Котески, кој последен пат е виден кога тргнал да рибари неколку часа пред големото невреме кое завчера го зафати скопскиот регион.
Стеван Котески е висок 175 сантриметри, а има бела брада и мустаќи.Во потрагата, велат неговите најблиски, се вклучила и екипа на полициските „Тигри“, но засега потрагата не дала резултат.
– Стеван...
Post Views: 4
Денес во Охрид ќе биде промовиран новиот туристички производ од областа на планинскиот туризам „Balkan Hiking Adventure“ (BHA).
Туристичкиот производ „Balkan Hiking Adventure“ е креиран во текот на 2015 година со поддршка на Германското Друштво за меѓународна соработка – GIZ, преку Сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија – БМЗ, со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион.
Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово,...
Post Views: 6
Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.
Официјалниот старт е во вторник (27. мај) на градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28. мај. Скопје ќе биде домаќин од 6. до 15. јуни, а целата турнеја ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола.
Улични престави ќе има и во Кочани на 30. и 31. мај, Велес на 6. и 7. јуни, Свети Николе 7. јуни, Чешиново-Облешево на 10. јуни, Кавадарци на 13. и 14. јуни, Радовиш 14. јуни,...
Post Views: 0
Политиката на државни субвенции за развој на авиосообраќајот дава резултати, но за да биде уште подобро треба да се формира национална авиокомпанија која ќе лета под национални ознаки , пишува „Дојче Веле“.
Македонија е зрела за национален авиопревозник, но има ли капацитети за конечна реализација на овој “вечен проект“. Пет години откако беше приземјен и последниот авион кој леташе под македонско знаме, македонските аеродроми стануваат важна регионална крстосница преку која директно се лета кон повеќе метрополи. Визер, Туркиш ерлајнс, Кроација, Адрија, Ал Италија, Аустриа,...
Post Views: 4
Груевски и Заев на иста маса со евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте ќе се обидат да му дадат надеж на пржинскиот договор во делот на експертите на ДИК и медиумската сфера.
На средбата ќе бидат присутни и лидерите на ДУИ и ДПА.
На маса пред лидерите ќе се најде комплетирањето на ДИК, избирачкиот список, терминот за оставката на премиерот, како и Законот за медиуми.
Post Views: 0
Околу стотина Македонци годинава поднеле претставки до Дирекцијата за заштита на личните податоци за нарушување на честа и угледот и за изнесување невистини од страна на таканаречените хејтери (мразачи) во сајбер-просторот, објави Нова Македонија.
Освен оваа категорија граѓани, според надлежните, за само 12 месеци во македонскиот интернет-простор биле регистрирани над 25 илјади видеоклипови со ксенофобична или националистичка содржина. Со пребарување на зборот „тепачка“ и „ќотек“ се поставени повеќе од 300 видеоклипови, а исто толку клипови има и со содржина што содржи...
Post Views: 3
Последното остварување на Вим Вендерс „Сѐ ќе биде во ред“, кој премиерно беше прикажан на Фестивалот на Европскиот филм „Синедејс“ вечерва ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Кино проекции ќе има утре и задутре (16-ти и 17-ти декември).
Филмот внимателно и точно ја раскажува приказната за вината и потрагата по прошка, и за фактот дека не лечи времето, туку храброста да се соочиме со нештата и да простиме. Посебно самите себеси. Ова е приказна за еден писател, кој по кавгата со девојка му, бесцелно вози, и случајно ќе прегази дете и ќе го...
Post Views: 0
„Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!“
Под овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажувале бугарското потекло, пишува Сител.
Информацијата ја објави Државното обвинителство, кое ги проверува издадените државјанства и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година.
Притоа во медиумите се наведува дека...
Post Views: 7
Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Фкултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира на 15.12.2015 г. (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ.
Од Црвениот крст од Охрид ги покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.
Post Views: 4
Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори.
Од Комисијата велат дека повеќето од партиите ги имаат поднесено извештаите, но ќе чекаат до законски предвидениот рок пред да излезат со финалните бројки.
– Рокот до кога партиите треба да ги достават извештаите за изборите е еден месец по завршувањето на вториот круг што беше на 27 април. Некои ги доставуваат по пошта, па затоа ќе причекаме. Кандидатите за претседател,...