Автор: инфодеск

Крваво утро на железничката станица во Минхен

Post Views: 5 Најмалку четири лица се тешко повредени откако засега неименуван маж ги нападнал со нож на железничката станица во Минхен. “По инцидентот, наводниот сторител е совладан и уапсен”, изјавил портпаролот на полицијата за германскиот Bild. Полицијата ги проверува изјавите на сведоците кои рекле дека напаѓачот извикувал “Alahu akbar”, а потоа нападнал. Reuters јавува дека повредените лица се во животна опасност.

Continue reading

Деца ќе можат да тужат родители за објавување нивни фотографии на Facebook

Post Views: 0 Социјалните мрежи за многумина станаа своевиден сурогат за реалниот живот, а најмногу тоа се однесува на најпопуларната мрежа на светот Facebook. Парадоксално е тоа што сите се згрозуваме од нарушувањето на приватноста и воајеризмот на интернет, а во исто време со забрзан ритам се објавуваат постови кои се однесуваат на интимата, вклучувајќи ги и фотографиите. Но, тоа е цената на лудите технолошки времиња во кои се живее и границата помеѓу виртуелното и реалното е тешко приметлива и тоа што ниту во лудило не се прави во реалниот живот се прави на социјалните мрежи… Особено...

Continue reading

Пожарот во Канада проголта 20% од градот Fort McMurraay

Post Views: 5 Една петтина од куќите во канадскиот град Fort McMurray е уништена во големиот пожар кој веќе цела недела беснее во тој дел на Канада, изјавиле официјални извори од тој град за BBC. Откако го посетил делот со пожари, пратеникот на локалниот парламент, David Yrdiga, рекол дека би можело да биде и полошо и ќе поминат години за градот да биде во можност повторно да профункционира нормално. “Проценката е дека 20% од куќите изгореле но и дека поголемиот број се во ред, без никаква штета”, рекол Yurdiga, “тоа е многу подобро од она што се надевавме”, додал тој. Повеќе од 100.000...

Continue reading

Уапсени седум осомничени соработници на терористичката група од Диво насеље

Post Views: 5 Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поведува истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановското Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство. Осомничените се теретат за сторени кривични дела терористичка организација и тероризам  и се изведени пред судија на претходна постапка , а на предлог на надлежниот јавен обвинител им е определена мерка притвор. Лицата се приведени во акцијата на Министерството за внатрешни работи која се организираше утрово со голем број полициски сили во кои...

Continue reading

Крај за една од највредните банкноти

Post Views: 0 Европската централна банка (ЕСВ) одлучи до крајот на 2018 година да престане во промет да емитува банкноти од 500 евра со кои најчесто се користат криминалците. Советот на гувернери на монетарната институција одлучи да го прекине производсвото на банкноти од 500 евра, а дистрибуцијата на преостанатите резерви ќе биде прекината околу крајот на 2018 година, соопшти ECB. Банкнотата која ја нарекоа Бин Ладен претставува само 3% од бројот на банкноти евра кои се во промет, но 28% од нивната кумулативна вредност, или 300 милијарди евра спрема статистиката на ЕСВ. Вкупно блиску...

Continue reading

10-годишно дете пронашло пропуст на Instagram и е наградено со 10.000 долари

Post Views: 1 Jani e дете од Финска кое има само 10 години и спрема правилата на Facebook сеуште е премлад за користење на Facebook и Instagram, но него компанијата неодамна го наградила бидејќи пронашол пропуст со кој можел да ги брише сите коменатри на Instagram. Тој со промената на кодот на серверите на Instagram можел да ги брише коментарите на сите корисници на оваа мрежа и за медиумите во Финска изјавил: “Можев да избришам било кого, дури и Justin Bieber”. Со оглед дека Facebook, како и бројни други компании ги наградуваат безбедносните истражувачи кои пронаоѓаат и пријавуваат...

Continue reading

Google Chrome стана најпопуларен пребарувач на светот

Post Views: 1 Иако одредени специјализирани портали, кои се занимаваат со статистика, уште пред четири години тврдеа дека Google Chrome е попопуларен од Internet Explorer, Microsoft тие резултати не ги признаваше поради наводна склоност кон пребарувачот на Google. Конкретно, се работело за податоци кои ги објави StatCounter, но за компанијата од Redmond тие податоци не биле релевантни. Сега, најверојатно дојде времето Microsoft да признае дека нивната досегашна доминација со Internet Explorer заминува во историјата. Спрема најновите податоци на компанијата Net Application во април...

Continue reading

Северна Кореја за прв пат во историјата истражува грабеж на банка

Post Views: 0 Кражбата во локалната филијала на Централната банка на Северна Кореја се случила во градот Chongjin на границата со Кина, ноќта на 4 април, пишува UPI. “Ова е прв пат да е ограбена банка од основањето на државата и многу жители љубопитно ја следат ситуацијата”, рекол изворот за Радио Слободна Азија, кој побарал да остане анонимен. Банката е сместена во близина на театарот Dorip и обично околу неа кружат стражари. Меѓутоа, се чини дека чуварите за време на кражбата не биле на работните места. Крадците го разбиле влезот и украле кеш од 70 милиони севернокорејски вони,...

Continue reading

Охрид и Македонија отсега на популарниот Google Street View

Post Views: 2 На Google му требаше една година откако прв пат го забележавме нивниот автомобил во земјава, да ги додаде градовите и патиштата во Google Street View. Наместо од птичја перспектива на Google Maps, сега со Street View може да се спуштите директно на улиците на Охрид, Скопје, Битола и други и да ги разгледате одблиску со панорамски фотографии во 360 степени. Во областите каде што Street View е достапен, можете да пристапите до поглед на ниво на улицата со зумирање на најниско ниво на Google Maps со кликнување на сликата Street View на левата страна под полето за пребарување...

Continue reading

Внимавајте што објавувате на социјалните мрежи

Post Views: 1 Иако на хакерите и сајбер криминалците најважни податоци им се оние за банкарските картички кои ги искористуваат за продажба на разни форуми на dark web или за кражба на пари од сметките, сѐ поинтерени им се и личните податоци за корисниците како што се адресите, датумите на раѓање, имињата на сопружниците, домашните миленичиња… “Ако имате број на кредитна картичка, име и некои додатни приватни информации кои би можеле да се искористат за погаѓање на лозинката, тогаш можете да дојдете до сите информации до кои сакате”, коментирала за ZDnet Apoline Aiguperse, аалитичарка...

Continue reading

Од денес на сила новиот закон за безбедност во сообраќајот

Post Views: 3 Од денеска стапува на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот според кој низ населено место не смее да се вози над 50 километри на час. Најниската казна е 20 евра, или 10 негативни поени, во случаите кога се вози со брзина поголема за десет километри на час од дозволеното. Точно 45 евра или 25 негативни поени, пак, ќе се казнуваат оние што возат со брзина до 30 километри на час повеќе од дозволената, односно ако возат од 60 до 80 во населено место, или од 140 до 160 на автопат.  Досегашните 300 евра казна важеа во случаите кога возачите ќе ги надминат ограничувањата...

Continue reading

Застана со работа најголемата машина на светот

Post Views: 6 Најголемата машина на светот вредна 4,6 милијарди долари, големиот хадронски удирач или трагач по таканаречената божја честичка, која се наоѓа во швајцарскиот CERN застана со работа откако мала ласица се вовлекла во неа и го прегризала струјниот кабел. При тоа ласицата настрадала од ударот на 66.000 волти напон од трансформаторот кој ја покренува машината. LHC бил под полн напон кога научниците забележале сериозна електрична пертурбација во раните утрински часови во петокот. Пратена е инспекција која го открила несреќното животно во одделот за енергетика кој ја снабдува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top