Post Views: 5
Швајцарската репрезентативка во алпско скијање. Лара Гут, беше една од фаворитите за освојување на медал во саботниот супервелееслалом на зимските Олимписки игри во Сочи. Но, на крајот Гут несреќно остана без медал. Заврши како четврта, а после трката бесно пред новинарите изјавила :
„На таа патека воопшто немаше снег. Ние скијавме по вода и тоа навистина не е забавно“, рекла Лара Гут и додала:
„Тоа е срамота. Искрено, ова е пропаст за скијањето, затоа што ние овде се натпреварувавме во натпревар кој се вика скијање на вода“.
Post Views: 0
Еден од најбараните италијански мафијаши Ernesto Fazzalari, втор човек на калабриската мафија “Ndraghete”, е уапсен денес по 20 години бегство, објавија италијанските власти.
Ernesto Fazzalari (46), кој е во отсутност осуден на доживотна робија, е уапсен рано утрово во зафрлен крај на Калабрија. Тој беше во бегство од 1996 година, а три години подоцна е осуден за мафијашко здружување, киднапирање, поседување на оружје и двојно убиство во конфликт на кланови во кои се убиени 32 лица во неговиот роден град Taurianova помеѓу 1989 и 1991 година.
Италијанскиот премиер Matteo...
Post Views: 3
Играчот за врска на Манчестер сити, изјавил дека не сака да игра птотив својот екс клуб Барселона.
Имено, Манчестер Сити во вторник на својот Етихад игра против Барселона во првиот натпревар од осминафиналеето на Лигата на шампиони.
„Не ми е едноставно, затоа што не сакам да играм против Барселона. Таму имам многу пријатели кои ми помогнале и сеуште ми помагаат. Уште потешко ќе ми биде на Ноу Камп пред домашните навивачи во друг дрес“, рекол Јаја Туре, кои три години играше за Барселона.
Post Views: 3
Премиерката на Шкотска, Никола Стерџон денеска во интервју за BBC, изјави дека шкотскиот парламент би можел да се обиде да стави вето на “Brexit”, односно да го блокира излегувањето на Обединетото кралство од Европската унија.Стерџон вели дека е уверена дека ќе биде потребна согласноста на официјален Единбург во однос на прашањето за “Brexit”, заради што, како што изјави уште утре ќе побара од Парламентот на Шкотска да не ја даде својата законодавна согласност за излегување на Британија од Унијата.
Поголемиот број од граѓаните на Шкотска гласаа...
Post Views: 1
Тренерот на канадскиот тим во санкање Волфганг Штаудингер ги обвини Русите дека ги саботирале неговите избраници во трката во санкање.
Канаѓаните го завзедоа четртото место во таа конкуренција, зад неприкосновените Германци, Руси и Летонци.
„Го имавме среброто во раце во горниот дел од патеката, но како одевме надолу бевме се поспори и поспори, и тоа беше јасен знак дека некој значително ја успорил патеката“, рекол Штаудингер.
Температурата на патеката за санкање се контролира, така да, можно е, само да се зголеми температурата и патеката да се успори. Штаудингер верува...
Post Views: 8
На Wall Street во петокот цените на акциите потонаа повеќе од 3%, што е нивни најголем дневен пад во последните 10 месеци, бидејќи одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, инвеститорите ги изненади. Dow Jones потона 611 поени или 3,39%, додека S&P 500 падна за 3,6%, а Nasdaq за 4,12%.
Остриот пад на акциите е последица на погрешните проценки на инвеститорите дека Британија ќе остане во Европската унија. Поради тоа со денови пред референдумот берзанските индекси растеа, па S&P500 индексот се приближи до рекордното ниво на само 0,8%.
Но, во петокот, откако се...
Post Views: 6
Симона Де Силвестро е нов член на Заубер и ќе ја врши функцијата како развоен возач во Швајцарскиот тим.
Во соопштениeтo на Заубер, уште се истакнува дека на тој начин Де Силвестро ќе проба да се припреми за наредната сезона да вози во трките за шампионатот на Ф1.
„Целта на Симона е во 2015 година да вози трки во Формула1. Таа е многу талентирана и одлучивме да биде развоен возач во нашата екипа. Ќе ја поддржуваме на нејзиниот пат до врвот на натпреварувањето во авто-мото спортот“, рекла директорката на Заубер Мониша Калтенборн.
Швајцарката, последните четири сезони...
Post Views: 1
Volkswagen се согласи да исплати 10,2 милијарди долари во рамките на договорот со неколку стотици илјади сопственици на автомобили во САД кои поднесоа тужби поради софтверот со кој германскиот автомобилски џин го лажираше нивото на штетни гасови на еко-тестот.
На повеќето износот ќе оди за надомест на штетата на сопствениците на 482.000 дволитарски дизел автомобили со вграден софтвер на кои беше лажирано нивото на испуштени штетни гасови. Сопствениците на автомобилите би можеле да добијат оштета од 1.000 до 7.000 долари, во зависност од староста на возилото, пренесуваат...
Post Views: 8
Новата ограда треба да биде долга 37 километри. Подготовките за поставување уште една жичена ограда во близина на веќе постоечката почнаа во саботата, а работите стартуваа во текот на вчерашниот ден. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера биле регистрирани повеќе од 2800 бегалци и мигранти кои се на пат за север, во насока на Австрија и Германија.
Во моментов се поставуваат столбовите и оградениот простор изнесува до 5 метри, за да помина патролно возило, а според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде висока.
Овие...
Post Views: 2
BBC и SkyNews утрово прогласија победа на опцијата која се залагаше за напуштање на Европската унија.
Спрема прогнозите на тие медиуми, за Брегзит гласале 52% Британци и така би требало да остане, доколку во финалното броење не дојде до некои драматични промени.
На референдумот излезноста била нешто помалку од 72% и за излегување од ЕУ гласале преку 17 милиони, додека за останување во ЕУ еден милион помалку.
За време на ноќта неколку пати предноста се движеше на различни страни, а во еден момент беше и нерешено, па Британците се прашуваа што ќе се случи доколку навистина...
Post Views: 0
Близу 41.000 бирачко место ширум земјата се отворени од 07.00 до 22.00 часот по локални времиња, а право на глас на “референдумот за иднината на Обединетото Кралство во Европската унија” имаат околу 45 милиони жители.
Околу три милиони жители на Британија, или 5% од населението се родени во други земји на ЕУ.
Државјаните на Ирска, Малта и Кипар со место на живеење во Британија имаат право на глас на референдумот, а државјаните на останатите земји од ЕУ немаат. Ирска и Британија имаат договор стар повеќе од 30 години со кои на државјаните од едната со место на живеење...
Post Views: 9
Според известувањето добиено од МВР, во сабота, во периодот од 11 до 13 часот, и од 18 до 20 часот поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини и трактори во близина на Граничен премин Меџитлија/Ники- Република Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција.
И Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.
Ова е втора блокада на границите што ја прават грчките земјоделци во изминатите неколку дена. На 26 јануари тие со трактори и друга...