Post Views: 6
САД не дале никакви докази дека проруските бунтовници се вмешани во соборувањето на малезискиот патнички авион, соопштило денес Министерството за одбрана на Русија.
“Беше кажано дека податоците на САД и сателитските фотографии потврдуваат дека ракетата била исфрлена од зоната која ја контролираат сепаратистите. Прашањето е: Каде се доказите за тоа?”, рекол заменикот на министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов за телевизијата Русија24.
Неименувани високи официјални лица на американските разузнувачки служби во вторникот соопштија дека авионот МН17 по грешка го...
Post Views: 9
Со секојдневното користење на Facebook сигурно доаѓате до интересни објави и линкови кои во тој момент немате време внимателно да ги прочитате или проучите, а подоцна заборавате кој всушност ги објавил.
Имено, Facebook ја воведе опцијата “save”, која ќе ви овозможи да ги сочувате интересните содржини за подоцнежно читање, односно кога ќе имате повеќе време.
Тоа можат да бидат линкови, случувања, локации и.т.н. Зачуваните податоци ќе можете да ги видите само вие, освен ако не одлучите да ги споделите. Зачуваните податоци ќе бидат организирани по категории, а Facebook...
Post Views: 8
Два борбени авиони на украинската војска се срушени на истокот од Украина, јавуваат агенциите.
Првите тела на срушениот малезиски патнички авион на летот МН17 само што ја напуштија Украина, а воените операции на украинската влада против проруските сепаратисти продолжија со уште поголема жестина.
Агенцијата AFP јавува, повикувајќи се на воени извори на украинските власти, дека се срушени два борбени авиони на истокот од земјата. Не е познато сеуште како се срушени.
Од Киев е соопштено дека два борбени Сухои се оборени околу 13 часот по локално време над подрачјето околу...
Post Views: 1
“Тој ден рано наутро беше никаков, а банкоматот ме одби…цело време очите ми беа на хартиената кеса на паркингот”, раскажува Иван. Кога ја зел кесата се тргнало во друг правец…
Тој ден се било некако наопаку, а враќајќи се од работа нашол вреќа полна со пари. Кога стигнал дома сфатил дека се работи за 150.000 евра. Така, Херцеговецот Иван од местото Груда, го опишал денот, на новинар од Slobodna Dalmacija. Овој чесен пронаоѓач решил да ги врати сите пари.
“Тој ден од рано наутро ми беше никаков, имав проблеми, работата не ми одеше, а џебот ми беше празен....
Post Views: 3
Настан кој никој не го очекувал се случил во дворот на кралската фамилија. Имено, петгодишниот тркачки коњ Estimate, кој го освои Gold Cup на натпреварувањето Royal Ascot за минатата година, а го тренира Sir Michael Stoute наводно имал позитивен тест на дрога.
Дрогата наводно се наоѓала во сточната храна, а кралицта Елизабета веднаш била известена за резултатите од ждребицата.
“British Horseracing Authority известиле дека примерокот е добиен веднаш по трката и содржел висок процент на морфин, кој е забранет на денот на трката”, рекол John Warren, советнокот за трки на...
Post Views: 8
Трагедијата на малезискиот авион на истокот од Украина на најлош начин го потсетила светот дека цивилните авиони треба да избегнуваат воени зони.
Од тие причини неколку американски и европски компании во вторникот одлучиле да ги откажат сите свои летови кон Израел затоа што не сакаат да ја загрозат сигурноста на своите авиони. На овој потег се одлучиле откако неколку реакети паднале во близина на аеродромот Ben Gurion во Тел Авив на 22 јули.
Меѓу компаниите кои се одлучиле на овој чекор е и Delta Airlines. Во моментот кога ја донеле одлуката, дека не е сигурно да се...
Post Views: 3
ФБИ во тајни следења, планирани по 11 септември 2001, ги охрабрувал, поттикнувал а понекогаш и ги плаќал американските муслимани да прават атентати, се заклучува во известувањето на HRW (Human Right Watch) објавено во петокот.
Во голем број од повеќе од 500 случаи, поврзани со тероризам кои се водат во американските судови по 11 септември 2001 година, американското министерство за правосудство и ФБИ ги поттикнувале американските муслимани во незаконски терористички операции втемелени на верска и етничка припадност, се предупредува во соопштението на организацијата Human...
Post Views: 3
Лидерот на проруските бунтовници, Александар Бородај, рано утрово по локално време, ги предал црните кутии од соборениот патнички авион на малезиските експерти.
Во таа прилика двете страни, во седиштето на самопрогласената Доњецка народна република во Доњецк, потпишале документ кој Бородај го нарекол “протокол со кој се финализира оваа процедура”, пренесува Reuters.
Претставникот на малезискиот совет за национална безбедност, полковнкот Mohamed Sakri, на новинарите им рекол дека двете црни кутии се во “добра состојба”.
Како што пренесува AFP, проруските сепаратисти...
Post Views: 0
Додека светот се бори со невработеноста, во Велика Британија постои град кој може да послужи како пример за другите.
Станува збор за Uttoxeter, во Staffordshire, каде само 34 лица се на евиденцијата за невработени. Меѓутоа, со оглед на тоа дека за неколку дена се отвора нов супермаркет кој ќе вработи 180 лица, тоа значи дека веројатно и овие 34 ќе се вработат, пренесува DailyMail.
Спрема статистичките податоци, во Велика Британија дури 1 милион лица нашле работа во текот на минатата година. Меѓутоа, никој нема статистика како Uttoxeter, кој во Велика Британије е познат...
Post Views: 0
Во интервју за CBS, американскиот државен секретар, John Kerry, рекол дека е прилично јасно дека ракетниот систем со кој е срушен малезискиот авион стигнал од Русија и им бил предаден на сепаратистите. Тој додал дека истрагата за овој случај ќе ги изнесе заклучоците за тоа каква улогa имала Русија.
“Ние имаме многу докази кои укажуваат на тоа дека Русија е замешана, а тоа повлекува многу сериозни прашања, вклучувајќи го и фактот дека пред неколку недели 150 возила од Русија оделе на исток од Украина натоварени со тенкови, топови, ракетни фрлачи, оклопни транспортери ...
Post Views: 1
Се појавија нови детали за самата рута која ја одбрал екипажот на сега срушениот авион. Летот МН17 на линијата Амстердам-Куала Лумпур во четвртокот ја одбрал рутата неколку стотини километри посеверно од вообичаеното, а причините најверојатно се кријат во силното невреме кое се надвило над подрачјето на вообичената рута, пишува Guardian.
“Слушнав дека ја смениле рутата поради невреме. Верувам дека станува збор за облаци со громови. Во таков случај обично се прашува контролата на летање дали ќе ви одобри десно или лево од невремето”, рекол претседателот на европското...
Post Views: 1
Поротата на судот на Флорида ѝ доделила на Cynthia Robinson, вдовица на страстниот пушач Michael Johnson, рекорден износ на отштета во износ од 23 милијарди долари на основ нејзината тужба против вториот најголем американски производител на тутун RJ Reynolds. Пресудата е најголема во историјата на државата која некој поединец ја поднел против некоја компанија.
Robinson ја тужела компанијата во 2008 година поради смртта на нејзиниот сопруг, тврдејќи дека во своите производи криеле опасност по човековото здравје и можност за создавање зависност.
Johnson (36), кој починал...