Автор: инфодеск

Поради Google луѓето мислат дека се попаметни

Post Views: 0 Благодарение на интернет пребарувачите како Google, денес во само неколку секунди можеме да дознаеме сѐ што нѐ интересира, додека во минатото за пронаоѓање на некои информации било потребно повеќедневно истражување по летературата и библиотеките. Бројни се предностите на пребарувањето по Google, но како што покажало неодамнешното истражување помеѓу студентите на Yale, поради Google и интернет пребарувањето, границата помеѓу она што знаеме и она што мислиме дека знаеме станува сѐ потенка. Истражувањето на над повеќе од 1.000 студенти покажало дека лицата кои барале информации...

Continue reading

Втората црна кутија од Germanwings потврдува намерно рушење на авионот

Post Views: 0 Податоците покажале “константно забрзување, додека авионот одел кон планината”. Како што пренесуваат агенциите, снимачот на звук и другите податоци од црната кутија ги потврдиле сознанијата дека копилотот Andreas Lubitz сочекал пилотот да излезе од кабината, ја заклучил вратата, а потоа намерно го насочил авионот кон планината и се одвел себеси и уште 149 лица во смрт. “Првото читање покажало дека копилотот во кокпитот користејќи го автопилотот го насочил авионот кон земјата, ја намалил висината, а потоа неколку пати понирајќи ја зголемувал брзината”, соопштила француската...

Continue reading

Од сега Facebook и за возраст под 13 години

Post Views: 3 Facebook  овозможи и помладите од 13 години да имаат своја страница, но не онака како што сме навикнале и знаеме. Имено, Scarpbook е новата опција која им овозможува на родителите да креираат страница со слики од своите деца над која ќе имаат поголема контрола. На пример, ако сакате сите слики од вашето дете да ги има на едно место, тоа ќе можете да го направите ако одите на “relationship status” каде ќе имате можност да го креирате новиот Scarpbook профил. Потоа ќе ги одберете фотографиите кои сакате да ги ставите и да направите единствен албум на вашите деца. Оваа...

Continue reading

Уред кој телевизорот го претвора во компјутер

Post Views: 3 Откако Google најави неколку новитети поврзани за Chromebook и Chrome OS, сега осмислија и претставија евтин начин со чија помош телевизорот можете да го направите Chrome OS компјутер. Имено, станува збор за Chromebit Asus уред т.е. стик со Chrome опертивен систем и HDMI порта од едната страна и USB 2.0 порта од другата страна. Chromebit е всушност Chromebook спакуван во HDMI стик со големина на чоколадо. Овој уред со своите спецификации претставува прилично пристоен компјутер. Asus Chromebit  е базиран на Rockchip RK3288 SoC  со четиријадрен Cortex-A17 кој работи на...

Continue reading

Со победата во Мелбурн, Серена Вилијамс ја надмина Штефи Граф

Post Views: 2 Со победата на Австралија опен, Серена ја надмина Штефи Граф (22 титули) , но засега се уште е недостижна Маргарет Корт (24 титули) и се враќа на првата позиција на ВТА листата. Серена, која минатата година беше симната од врвот на ВТА-листата, во големото финале ја совлада својата сестра Венус со 2-0 во сетови, но нивното прво финале на гранслем турнирите по пауза од пет години. Серена Вилијамс влезе во финалето со скор од 16-11 во дуелите со својата сестра, што само по себе и ја даде и фаворитската улога. Почетокот на мечот донесе нервозна игра на двете страни, па...

Continue reading

Сцени на моќ на природата од вселената

Post Views: 2 Разорната моќ на смртоносниот тајфун Maysaku кој во Микронезија однесе пет животи е видлива дури и од вселената. Италијанската астронаутка Samantha Cristoforetti со фотографии го забележа поминувањето на тајфунот над островот Chuuk. “Ова заслужува почитување, дури и од вселената”, напишала Cristoforetti со објава на фотографии на социјалните мрежи, пренесува News.com.au. Тајфунот Maysaku во следните три дена би требало да пристигне до источниот брег на Филипините, а властите поради тоа издале предупредување до жителите како и до туристите. На Филипините војската е во...

Continue reading

Volvo претстави невидлив спреј кој ги штити велосипедистите

Post Views: 5 Компанијата Volvo пронашла решение за подобрување на безбедноста на велосипедистите во вечерните часови. LifePaint e ново, иновативно решение кое велосипедистите ќе ги направи повидливи на улиците и на тој начин ќе ги спречи сообраќајните несреќи на кои велосипедистите се често изложени. Спрејот, во соработка со агенцијата Gray London го лансираше Volvo и на велосипедистите во Лондон им поделил 2.000 шишиња од овој спреј, а од компанијата порачале дека ќе го зголемат производството ако во тестниот период производот се покаже како делотворен. Од Volvo порачуваат и дека...

Continue reading

Во иднина побезбедно купување преку интернет

Post Views: 7 Веројатно најголем страв кој корисниците го имаат при плаќањето на интернет е дека хакерите или онлајн криминалците ќе дојдат до податоците и дека ќе ви ја испразнат сметката. Поради тоа е потребно големо внимание при пишувањето на своите лични и податоците од картичките, датумот на изминување, видот на картичката и безбедносниот број од три или четири броеви кој се наоѓа на задната страна од картичката. Од компанијата Oberthur Technologies тврдат дека имаат решение кое во голема мерка ќе ја зголеми безбедноста на купувањето преку интернет и ќе оневозможи злоупотреба...

Continue reading

Семејствата на настраданите во падот на авионот на Germanwings ќе добијат 300 милиони долари

Post Views: 2 Осигурителните компании резервирале 300 милиони долари за падот на германскиот Germanwings во француските Алпи, во кој настрадаа 150 лица, известила германската авио компанија Lufthansa. Износот опфаќа финансиски надоместок за семејствата на загинатите и трошоци за срушениот авион Airbus 320 во сопственост на дисконтниот превозник Germanwings, рекла за агенцијата AFP портпаролката на групацијата Lufthansa. Со тоа таа го потврдила известувањето на германскиот дневник Handelsblatt. Актуелната каталошка цена на тој тип на авион изнесува 93,9 милиони долари. Спрема пишувањето...

Continue reading

На Costa Concordia мафијата превезувала скриена и вредна пратка

Post Views: 5 На италијанскиот крузер Costa Concordia кој се насука кај островот Giglio во 2012 година кога загинаа 32 лица, се наоѓала и голема пратка на кокаин во сопственост на италијанската мафија. Ndrangheta, озогласена криминана група од Калабрија, сокрила голема пратка од својата дрога на крузерот, пишува Independent. Италијанската полиција покренала голема акција со која се обидува да ја истражи големата трговија со дрога на групата Ndrangheta. Освен бродовите на Costa Cruiser, калабриската мафија превезувала и преку норвешкиот превозник Norweigian Cruise Lines, која крстари...

Continue reading

Неверојатен гаф на австралиската влада

Post Views: 3 Австралиската канцеларија за емиграција и заштита на границите направила тежок гаф и по грешка објавила лични податоци за 31 светски лидер кои учествувале на самитот G20, одржан во Австралија кон крајот на 2014 година. За да биде пропустот уште поголем, со слободна проценка одлучиле за ова да не ги известат светските лидери кои биле засегнати со ова прашање. Личните податоци, на светските лидери на последниот самит G20 одржан во Австралија, се откриени по човечка грешка, а меѓу откриените податоци на светските лидери се и најмоќните – Barack Obama, Vladimir Putin, Angela...

Continue reading

Роботи на Google во операционите сали

Post Views: 0 Некои од проектите на Google кои се развиваат во тајната “Х” лабораторија се поврзани со медицината и роботиката. Еден од последните проекти се поврзува токму со овие две работи, во соработка со компанијата Johnson&Johnson се развива платформа за развој на “роботи асистенти” кои би требало да им помагаат на хирурзите во изведување на операции, а во иднина операциите би можеле да ги изведуваат и самите роботи. Бројни научници и експерти како на пример Bill Gates до сега повеќе пати предупредуваа на забрзаниот развој на роботиката и вештачката интелегенција и дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top