Post Views: 2
Екипи на„ Охридски Комуналец“ од рано утрово интензивно работат на расчистување на езерскиот кеј од отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови. Ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите дека ќе дува јужен ветер со посилен интензитет.
Post Views: 5
Проектот Белград на вода ќе доведе до раст на БДП, раст на вработувањето, а главниот град на Србија за десет години ќе биде попосетен туристички центар од Будимпешта, порача премиерот на Србија, Александар Вучиќ на полагањето на камен темелникот на проектот.
Српскиот премиер рекол дека многумина се потсмевале на проектот, но тој “има почитување и за тој дел од јавноста бидејќи во Србија секогаш било полесно да се биде против отколку за”.
Претставникот на компанијата “Eagle Hills”, Mohamed Allabar рекол дека Белград на вода е права скапоценост и дека тој и Вучиќ имаат...
Post Views: 0
Студентот од втора година на електротехника и електроника на Интернационалниот универзитет во Сараево, Ермин Подруг, дошол на идеја да направи џоистик кој ги отчитува сигналите кои мозокот ги испраќа до мускулите, кој пак ги обработува и ги праќа на микроконтролер, а понатаму ги процесира и проследува како команди до компјутерот, роботот или градежна машина и слично.
Тој тврди дека верзија од овој џоистик би требало да биде готова за два месеци и дека џоистикот ќе има облик на ракавица со додатни команди на врвовите од прстите.
Овој изум на Ермин, пишува Al Jazeera,...
Post Views: 1
Во организација на FEEL Продукција, наскоро во Охрид ќе се одржи охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева „Извор“.
– Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Повторно повелете „СИТЕ ВО ОХРИД“, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид, порачуваат од FEEL Продукција.
Концертот ќе се одржи во петок, 9-ти март, во Спортската сала „Билјанини извори“...
Post Views: 0
Во Каталонија денес се одржуваат регионални парлементарни избори кои се доживуваат како референдум за отцепување на тој богат регион од Шпанија, доколку избирачите се определат за партиите кои се залагаат за независност на Каталонија.
Спрема најновите анкети, се очекува дека сепаратистичките партии ќе освојат мнозинство од вкупно 135 места во парламентот. Тие најавуваат дека ќе прогласат еднострана независност за 18 месеци, но истражувањата покажуваат дека шансите за Каталонија стане независна се сведуваат во доменот на теорија.
Имено, само 20% од каталонските бирачи...
Post Views: 4
Општина Охрид стана членка на меѓународната мрежа ЦИВИНЕТ Словенија-Хрватска-Југоисточна Европа. Тоа е мрежа на градови и други субјекти кои на подрачјето на Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија се бави со одржливо планирање и управување на мобилноста (сообраќајот) во градовите. Целта на мрежата е пренос на знаења и добра практика и осмислување на заеднички проекти со кои ќе се финансираат идните активности за одржлив сообраќај и подобра мобилност.
Претставници на Општина Охрид присуствуваа на 5-тото Собрание на мрежата...
Post Views: 0
Најголемиот светски производител на автомобили го избра новиот директор на групацијата, шефот на Porcshe, Matthias Mueller, кој вети дека ќе ја расчисти аферата со дизел моторите и најави опоравување на потполно разнишаната компанија.
Како што се предвидуваше, 20 членови на надзорниот одбор на состанокот во Волфсбург во седиштето на Volswagen го именуваа Mueller(62), кој е на чело на Porsche од 2010 година за наследник на Martin Winterkorn.
По повеќе часовниот состанок, шефот на надзорниот одбор Berthold Huber аферата ја нарече “морална и политичка невоља” на компанијата...
Post Views: 2
Ј.П.„Охридски Комуналец„ не ги заборави нашите најмали сограѓанчиња. Дежурните служби од раните утрински часови ги расчистија влезовите и пристапните патеки до сите објекти на детската установа ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ .
Патеките се посипани со абразивни средства за да им обезбедиме на дечињата безбеден пристап доградинките.
Абразивни средства се нанесени на тротоарите и пешачките патеки во поширокото градско подрачје.
Post Views: 2
Ако сте сонувале за пиење кафе со поглед на земјината топка од вселената, сонот наскоро би можел да ви се отствари. Компанијата World View Experience објави дека е при крај со тестирање на капсулата во која ќе биде сместено првото вселенско кафуле и која наскоро ќе полета на првото патување во земјината орбита.
Сите заинтересирани за пиење на пијалоци во вселената ќе мора да издвојат 48.000 фунти, а од World View чие седиште е во американската држава Аризона, известија дека веќе потпишале неколку договори со првите заинтересирани гости.
Капсулата со шест патници и два...
Post Views: 3
Откако Хрватска ги затвори граничните премини спрема Србија, Србија забрани увоз и минување на хрватска стока и камиони, на што Хрватска одлучи да забрани промет на сите возила со српска регистрација. Денес на терен ситуацијата е уште покомплицирана, а Европската комисија побара објаснување од хрватската влада за донесувањето на мерките.
Имено, хрватската гранична полиција на Бајаково и покрај контрамерките на Србија ги пропушта камионите со хрватска стока кон Србија, јавува N1. Од друга страна, српската полиција не им допушта да го поминат граничниот премин Батровци...
Post Views: 0
Охридското муфтивство не обезбедило градежно одобрение за зафатите на Алипашината џамија во Охрид. Ова може да се заклучи од дописот што го испратила Управата за заштита на културното наследство до охридското муфтивство и НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид.
Во решението издадено од Управата, му се наредува на имателот на заштитеното добро и носител на конзерваторското одобрение муфтиство Охрид да постапи според конзерваторското одобрение каде е пропишано дека работите по ова одобрение може да се изведуваат врз основа на правосилно одобрение согласно прописите...
Post Views: 9
Денеска во Тирана во рамките на Дримскиот процес, работната група за Мониторинг и размена на информации составена од официјални преставници на 5-те држави од Дримскиот басен, почна со разгледување и усвојување на сет мерки и студии за воспоставување на заеднички Систем за управување со информации (Information Management System- IMS) . Овој систем треба да овозможи државите во Дримскиот Басен да разменуваат податоци во прифатлива архитектура и рамка.
-Влегуваме во фаза на донесување на одлуки и препораки. Размената на податоци помеѓу државите е круцијален дел од управувањето...