Post Views: 5
Исклучителниот мултимедијален артист, продуцент, писател, и еден од најдобрите актери од овие простори, неповторливиот Лазар Ристовски ќе биде Цар Самоил во филмот режиран од нашиот Антонио Митриќески. Оваа нова соработка и ново филмско остварување било договорено во текот на вчерашниот ден, а според зборовите на Ристовски истиот ќе се снима наредната година. Ристовски изрази надеж дека ексклузивната вест за филмот за Цар Самоил и тоа дека токму тој ќе ја игра главната улога ќе предизвика радост кај македонската публика, онака како што предизвикала и кај него.
„Она...
Post Views: 2
Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Чешка по примерот на соработката во областа на културата и развивањето на пријателските односи помеѓу двете земји. Ова меѓу другото беше пренесено денес од страна на претседателите на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и на Република Чешка, Милош Земан на отворањето на македонско-чешкиот бизнис форум во Охрид. Според претседателот Иванов, традиционално добрите пријателски односи помеѓу Македонија и Чешка треба да се пресликаат и во областа на економската соработка.
“Особено значајна за двете држави се...
Post Views: 1
Со проекцијата на филмот „Од другата страна“ на српскиот актер и копродуцент во филмот, Лазар Ристовски и хрватскиот режисер Зрињко Огреста вечерва започнува новата филмска бајка за охриѓани, но и за сите љубители на филмот, Охрид Филм Фест. Овој прв филмски фестивал од ваков вид во нашиот град, ќе работи исклучиво со ангажирани филмови, било тоа да се политички, социјално или уметничко ангажирани. Охрид Филм Фест воедно во фокусот ќе ги стави студентските и младински филмови со подеднаква застапеност и на играни и на документарни филмови. Освен богатата филмска програма,...
Post Views: 2
Бројни верници од цела Македонија денес се собраа во манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј за да го прослават вознесението христово-Спасовден. Манастирот од синоќа ги прима верниците и сите посетители почнувајќи со вечерната богослужба. Денес пак во манастирот се пееше утринска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј. Верниците кои ги затекнавме во манастирот ги запрашавме како тие го прославуваат денешниот голем празник.
„Палиме свеќи за здравје, за семејството. Убаво, како и секоја година. Да ни помогне на сите.“
„Ние не сме...
Post Views: 1
Усогласување на македонското законодавство со европските регулативи во делот на платежните системи, дискусија околу најновите трендови во електронската трговија, мобилните паричници, плаќањето преку мобилни апликации. Ова се само дел од темите на кои од денес, па се до среда ќе се дискутира на деветтата по ред меѓународна конференција за платежните системи и системите за порамнување на хартии од вредност која традиционално се одржува во соработка со централните банки на Холандија и Португалија. Токму прилагодувањето на нашето законодавство во платежните системи, според...
Post Views: 1
Промена на обвинителниот акт за убиецот на младиот Димитар Матилоски, кој беше смртно претепан на новогодишната ноќ, бара неговото семејство. Тие сметаат дека им се прави голема неправда со тоа што охридското основно јавно обвинителство пред само неколку дена поднесе обвинителен акт против српскиот државјанин кој се товари за убиството во кој тој е обвинет само за убиство наместо за свирепо убиство. Сестрата на убиениот Димитар, Цветанка Матилоска-Пешиќ, вели дека тие се незадоволни од судско-медицинското вештачење кое било направено во Битола, а кое според нив содржело...
Post Views: 124
Ова е дворот на Томе Матовски, еден од трите најубаво украсени дворови во Охрид, кои женскиот центар „Бисера“ традиционално секоја година ги избира по повод светскиот ден на екологијата, 5ти јуни. Годинава нема први, втори и трети места. Од женскиот центар „Бисера“ велат дека изборот е толку тесен што неблагодарно е тие да се рангираат. Дворот на Матовски е здружен труд на целото негово семејство. Тој вели дека потребна е посветеност, но и мерак да се уреди дворот по сопствен вкус.
„Време секогаш има, ако сакаш да ти е убаво на душата кога седиш во дворот и едноставно...
Post Views: 2
Превенција на појавата на мозочен удар и неговите последици како најдобар начин на справување со оваа состојба. Третманот на пациентите кои доживеале мозочен удар кај нас сеуште не е оптимизиран, смета д-р Маја Божиновска-Смическа од Здружението „Мозочен удар“. Токму затоа, според неа е исклучително важно да се посвети многу внимание на превенирањето на појавата на мозочен удар. Тие денес организираа превентивни прегледи за сите охриѓани, правеа ЕКГ, мереа крвен притисок и шеќер во крвта на сите заинтересирани кои сакаа да дознаат нешто повеќе за нивните предиспозиции...
Post Views: 3
Старите и младите на заедничка дружба. Денес во просториите на основното училиште „Братство Единство“ се одржа меѓугенерациска и мултиетничка средба помеѓу учениците од ова училиште, нивни родители, како и пензионерите од Здружението од Охрид и Дебрца. Покрај средбата на која и млади и стари си поставуваа меѓусебно прашања, разговараа и се дружеа, беше подготвена и богата програма. Се пееја песни, имаше и рецитали и настап на училишниот оркестар. Оваа прва средба од ваков вид ја поздрави директорот на училиштето Муамер Доко.
„Баш ми е мило да ве поздравам во име на вработените,...
Post Views: 10
Шест дечиња од ОУ „Братство Единство“ кои имаат оштетен вид денес добија вредна и значајна донација од лајонс клубот Деница. Тие денес им доделија два лап топ компјутери и четири таблети кои ќе им користат во образовниот процес и кои треба да им помогнат во полесно совладување на наставните содржини. Дениците велат дека им требала соработка со многу луѓе за денешната донација да се случи како што треба, токму затоа два месеци биле во постојани контакти со претставници на ОУ „Братство Единство“ како овие лап топ компјутери и таблети би отишле во вистинските раце.
„Сакавме...
Post Views: 5
Граѓаните да покажат посовесно однесување особено во летните месеци за што е можно поголема превенција од пожари. Од територијалната противпожарна единица од Охрид велат дека барем засега постои тренд на намалување на бројот на интервенции во споредба со минатата година. Охридските пожарникари досега интервенирале 104 пати и тоа 60 од интервенциите биле на објекти, 37 биле на отворен простор и 7 на моторни возила. Сепак, за да се задржи трендот, командирот на ТППЕ од Охрид, Спасе Прентоски, вели дека граѓаните мора да бидат многу повнимателни во своето однесување, особено...
Post Views: 0
Бурни реакции меѓу охриѓани, особено на социјалните мрежи, по вчерашното соопштение на основното јавно обвинителство од Охрид дека е поднесен обвинителен акт за сторено кривично дело „убиство“ против српскиот државјанин, кој на новогодишната ноќ пред кафе барот “Табана“ смртно претепа 27 годишен охриѓанец.
Реакциите на граѓаните произлегуваат од самото дело за кое се товари странскиот државјанин „убиство“, а не она што јавноста го очекуваше, дека истиот ќе одговара за сторено кривично дело „свирепо убиство“. Телевизија ТВМ се обрати најпрво до основното обвинителство...