Автор: Мишел Наумоски

Tockov i Marina

Црвениот крст и Универзитетот „Св.Апостол Павле“ со поинтензивна соработка

Post Views: 1 Со потпишувањето на денешниот формален меморандум за соработка, Црвениот крст од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии најавија уште поинтензивна соработка. Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, вели дека овој меморандум и идната соработка ќе биде само надоградување на веќе добро воспоставените и реализирани програми помеѓу двете институции. Точков напомена дека бенефитите се обострани. „Се надевам и ве повикувам и медиумите како и досега да ги следите нашите активности како и заедничките активности со Универзитетот за информатички науки и технологии...

Continue reading

sv.Georgij

Ѓурѓовден, празникот кој ги обединува етникумите во Македонија

Post Views: 0 Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството. Свети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството. „Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се...

Continue reading

gradski grobishta

Отстранета мини депонијата од градските гробишта

Post Views: 6 Се подобрува состојбата на градските гробишта, барем што се однесува на естетскиот дел. Мини депонијата која пред само недела дена го грдеше изгледот на просторот во и околу гробиштата, сега веќе не е таму. Денес увид во состојбата со градските гробишта, на лице место направи и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Јас сум денес, од она што претходно го имав како фотодокументација добиено од моите стручни служби и од моите помошници, пред да се почне со оваа акција, доста задоволен сум од она што го гледам, гледам дека се улиците исчистени, измиени и гледам...

Continue reading

vapcani jajca

Денес е Велики Четврток-нека ни е за многу години

Post Views: 0 Денес е Велики Четврток, денот кога православните христијани рано наутро, уште пред изгревањето на сонцето, ги вапцуваат првите велигденски јајца. На овој начин всушност се објавуваат последните денови од животот на Исус на земјата. Токму вапцувањето на јајцата со црвена боја е најприфатената традиција од страна на црквата која верниците ја практикуваат. „Вапцувањето на првото Велигденско јајце е нешто што се случува денеска и тоа црквата го благословува и на тој начин треба секој православен христијанин да постапува. Сведоци сме дека многу луѓе денес носат и дарови...

Continue reading

soobrakjajci skuter

СВР порачува: Мотоциклисти носете кацига-спасува живот

Post Views: 4 Штом се затопли времето очекувано во патниот сообраќај се вклучуваат се повеќе мотоциклисти. Но токму тука настануваат и проблемите. Од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека според анализите кои ги направиле во поглед на безбедносната состојба, во овој период зачестени се прекршоците кои ги прават мотоциклистите, пред се околу неносењето на заштитните кациги. Токму поради тоа, од полициската станица за безбедност во сообраќајот велат дека ќе зачестат контролите на неколку пунктови низ градот. Доколку еден мотоциклист не носи кацига,...

Continue reading

Bejbunar

Бакрачески: Да продолжи урбанизацијата на Бејбунар, но согласно законите

Post Views: 0 Атрактивниот локалитет Бејбунар 2 повторно во фокусот. Деталниот урбанистички план за скапиот  стамбено деловен комплекс кој е предвиден на тоа место беше оспорен од Уставниот суд поради повреда на постапката при изведување и носење на истиот. Судот ги стопираше градежните работи во Бејбунар. Но неколку дена по одлуката на Уставен, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, со став дека урбанизацијата на овој локалитет треба да продолжи. „Јас ќе се заложам заедно со моите служби да се поведе повторно една постапка, меѓутоа законска постапка, каде што ќе се почитуваат...

Continue reading

Roj hotel

Бакрачески: Сахарајан Македонија, ќе се гради по сите еко-стандарди

Post Views: 9 „Сахара груп“ сеуште заинтересирана за изградба на големиот туристички комплекс „Сахарајан Македонија“ во Љубаништа. Вака уверуваше градоначалникот Никола Бакрачески. Уште кога прв пат беше најавен, овој голем градежен зафат наиде на остри критики кај дел од екологистите, но и кај граѓаните кои беа загрижени околу ефектот кој би го имал објект врз Охридското езеро. Во таа насока, градоначалникот Бакрачески дециден дека овој туристички комплекс ќе се гради според сите позитивни туристички, градежни и еколошки стандарди. „Околу тој аспект можам да упатам еден смирувачки...

Continue reading

jagnesko

Јајцата и јагнешкото поефтини од минатиот Велигден

Post Views: 8 Останаа уште неколку дена до еден од најголемите христијански праници. Велигден е празникот кој се карактеризира со големи и богати трпези, со јагнешко и со многу вапцани јајца. Таква ни е традицијата, такви ни се и желбите. Но најчесто за македонскиот граѓанин, длабочината на џебот не соодветствува со желбата за еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Двата најбарани продукти околу Велигден се секако јагнешкото месо и јајцата. И едниот и другиот продукт, изминативе години со своите цени и тоа како знаеја да ги шокираат граѓаните. Само да се потсетиме, минатата...

Continue reading

carsija

Дали високите кирии ги затвораат бизнисите во чаршијата?

Post Views: 2 Купи ден-помини. Така за жал функционира последниве години нашата сакана охридска чаршија. Се помалку се луѓето кои поседуваат дуќани во чаршијата, а се повеќе оние кои земаат дуќани под наем. Но и тоа не е најстрашното. Најстрашно е што за разлика од минатото кога чаршијата беше место на кое бизнисите цветаа, сега се повеќе од дуќаните се затвораат. Многумина ја обвинуваат светската економска криза и беспарицата за затворањето на бизнисите, но голем дел од дуќанџиите се жалат и на превисоки кирии. Можеби тука лежи и причината зошто добар дел од дуќаните кои се на добри...

Continue reading

semafor

Детскиот семафор со помалку учесници, но со одлични резултати

Post Views: 4 Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар. „Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот натпревар...

Continue reading

Raspeano ribarce

Започна најголемиот детски музички спектакл „Распеано рибарче 2013“

Post Views: 10 Дојде и моментот кој малите охриѓанчиња со нетрпение го очекуваа. Денес започна нивниот омилен детски музички фестивал, „Распеано рибарче“. Многу играње, многу музика, песна и забава. Денес ја одржаа првата претстава наменета за дечињата од приградските населби. Уловивме две од дечињата кои се подготвуваа за настап. Андреј и Јана беа видно возбудени, но сепак не можеа да дочекаат да излезат на сцена и да покажат што знаат. „Немам трема, а песната е убава. Се вика „Јас сум Андреј.“ „Мојата песна ја напиша Драган Мијалкоски, а аранжманот го направи Даниел Јованоски и...

Continue reading

Diaridi Makedonija

Галичица дел од „Динарските паркови“ и новиот туристички бренд

Post Views: 2 Националните паркови „Галичица“, „Маврово“ и „Пелистер“ ќе бидат „Динарски паркови“. Овој голем, меѓународен проект, под една капа ќе ги стави вкупно 75те национални паркови и паркови на природата од поранешна Југославија, плус Албанија. Главната цел е вмрежување на парковите, нивно брендирање и нивна подеднаква промоција во светски рамки. Новата поврзаност помеѓу парковите која треба да ја обезбеди овој проект, понатака ќе треба да значи работење и на други вакви и слични проекти и во иднина, обуки на вработените и воедно поголемо и подобро искористување на парковите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top