Автор: Мишел Наумоски

plazi

Концесионерите на плажите ги кажаа своите маки на локалната самоуправа

Post Views: 20 Локалната самоуправа денес се запознаваше со актуелните проблеми на концесионерите на охридските плажи. Локалната од една, концесионерите од друга страна заеднички разговараа со претставници од Охридската капетанија, полицијата, Црвениот крст како и јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и МЈП „Проаква“. Од локалната самоуправа велат дека целта на оваа средба е да се подготви една успешна, но и безбедна летна туристичка сезона. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски потенцираше дека направиле безбедносни анализи на лице место и откриле што според...

Continue reading

avtobus

Странските туристи збунети од сезонскиот линиски превоз

Post Views: 4 Ќе се става поголем ред во сезонскиот линиски превоз. Нема веќе да ја гледаме честата слика кога странски туристи збунето прашуваат од еден до друг кога им тргнува автобусот или до каде ќе ги носи.Во тоа не им помагаат дури и оние мали табли на кои е испишана дестинацијата, а кои стојат на средствата за јавен превоз. Често проблем е и тоа што тие се испишани на кирилично писмо кое е неразбирливо за туристите кои не доаѓаат од Балканот. За таа цел локалната самоуправа ќе поставува информативни табли со возниот ред и дестинациите до кои се патува по теркот на неодамна...

Continue reading

sportisti

Спортистите ги споделија спортските маки со градоначалникот Бакрачески

Post Views: 1 Спортистите од Охрид заедно со Сојузот на спортови ги споделија своите маки со градоначалникот Никола Бакрачески. Целта на денешната средба според градоначалникот е да се стави фокусот врз најчестите проблеми и пречки на кои наидуваат спортските друштва при вршењето на нивните редовни спортски активности во текот на една сезона. Најави поинтензивна соработка со спортските работници. „Она што јас како градоначалник на Охри и како локална самоуправа можам да кажам е дека ваквите средби во иднина ќе бидат многу чести. Ова ќе биде начинот на кој ние комуницираме со јавноста,...

Continue reading

ansambl Biljana Junior

„И ние сме деца на Македонија“-прв студиски албум на „Билјана Јуниор“

Post Views: 2 Шестчлениот ансамбл „Билјана Јуниор“ го издаде своето прво цд. Нивното првенче е работено во три охридски студија, а екипата на неговото снимање работела во изминативе 6 месеци. По примерот на нивните ментори од ансамблот „Билјана“, младите музичари направиле избор од некои од најубавите охридски староградски песни. „ЦД-то е составено од 14 песни. Една турска, една влашка и едно оро има. Другите се македонски староградски песни од охридскиот крај. Исто така насловот на ЦД-то е „И ние сме деца на Македонија“ од песната „Налеј, налеј.“-рече Петар Паскали од ансамблот „Билјана...

Continue reading

invest in ohrid

Со брошурата „Инвестирајте во Охрид“ ќе привлекуваме странски инвестиции

Post Views: 2 „Invest in Ohrid“, краток и јасен наслов за брошурата која ја подготвува секторот за туризам и локален економски развој за привлекување на странски инвестиции. Во неа ќе бидат систематизирани сите материјали и податоци со кои располага општина Охрид во однос на интересот на странските инвеститори. Досега, во работната верзија се вметнати податоците за локациите и проектите кои се во сопственост на општината, а од денес стартуваше и јавниот повик до сите заинтересирани граѓани кои имаат некоја нереализирана бизнис идеја која би можела да се вметне во брошурата. „Со јавниот...

Continue reading

ufo

Несекојдневниот УФО фестивал ќе ја отвора летната кино-бавча

Post Views: 6 Млади, но афирмирани уметници ќе ја добијат честа да ја отворат сезоната во летната кино-бавча. Од утре па се до недела малата сцена ќе биде вистински центар на урбаната уметност. Овие три дена ќе се одржува УФО фестивалот кој ќе понуди еден интересен спој на уметности. Не станува збор за класичен фестивал на кој публиката и уметниците се статични, туку повеќе се работи за еден целокупен интерактивен перформанс. „Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформански, оригами работилница, изложби на слики, изложба на уметнички...

Continue reading

festival Spasovden

Фолк Фест Спасовден, од локален настан, до фестивал со меѓународни фолк ѕвезди

Post Views: 1 Пред три години, на денот на големиот христијански празник Спасовден, лесковчани срамежливо но сигурно започнаа една нова традиција поврзана со нивната селска слава. Пред три години здруженито на граѓани „Спасовден“ од Лескоец за прв пат го организираше фестивалот на препеани македонски фолк песни „Фолк Фест Спасовден“. Но она што тогаш започна како мал, локален настан, полека се претвора во нешто многу поголемо, а од годинава добива и меѓународен карактер. „Годинава успеавме да добиеме најавено присуство на врвни имиња од македонската естрада, а имаме чест и да ни присуствуваат...

Continue reading

Ohrid

„Македонија е најдобро чуваната тајна на светот“

Post Views: 3 Шест студенти по реклама и односи со јавноста од Поинт Парк универзитетот од Питсбург ќе го промовираат нашиот град во САД. Тие летово ќе го поминат во Охрид запознавајќи се со нашата култура и традиција, а за време на нивниот престој ќе создаваат промотивна кампања за зголемување на бројот на туристи од САД во Македонија. Студентите во Охрид доаѓаат заедно со нивниот ментор, професорот Јохан Ејсел кој веќе ја имал можноста да ја посети нашата земја. Воодушевен од она што го видел, побарал од студентите да работат посветено затоа што доаѓањето во Македонија за нив ќе...

Continue reading

detstvo

Малите охриѓанчиња другаруваа на хуманитарната „За посреќно детство“

Post Views: 3 Хуманитарната спортско-рекреативна и едукативна манифестација, „За посреќно детство“, вистински празник за малите охриѓанчиња. Собрани во огромен број на градскиот плоштад, но и во делот пред Охридско лето, децата другаруваа, спортуваа, учеа, слушаа приказни, песни и имаа безброј други активности. Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст од Охрид, кои се јавуваат како организатори на оваа интересна манифестација вели дека децата има и што да видат, и што научат на секој еден од поставените штандови на градскиот плоштад. „ Голем број на луѓе можат да се забавуваат...

Continue reading

kombajn

ТЛЕР ќе ги помага охридските земјоделци со посебна канцеларија за поддршка

Post Views: 3 Земјоделството станува дел од клучните аспекти на локалниот економски развој на општината. Денес, секторот за туризам и локален економски развој доби канцеларија за подршка на земјоделието. Ова посебно советодавно тело кое ќе работи во рамките на секторот за ТЛЕР, ќе дава и административна, но и стручна подршка за земјоделците од Охрид и охридско. Од ТЛЕР велат дека со отворањето на канцеларијата очекуваат уште поголема активност во промоцијата и подршката на земјоделците. „И досега во ТЛЕР се работеше на тековни активности од областа на земјоделието, на прашања поврзани...

Continue reading

parking

Локалната самоуправа го раскина договорот за закуп на паркинзите

Post Views: 6 Постапувајќи по заклучокот донесен на седница на советот на општина Охрид од 10ти Мај годинава, градоначалникот Бакрачески го раскина договорот за закуп на паркинзите. Денес и официјално од локалната потврдија дека досегашниот закупец, компанијата „Сузуки“ повеќе нема да стопанисува со паркинг просторот во централното градско подрачје. Новоименуваниот портпарол на локалната самоуправа, Томе Џамтоски вели дека договорот со закупецот бил раскинат поради неисполнување на условите кои стоеле во договорот. Еве што значи тоа. „Тоа ќе значи дека досега оние улици кои се користеа...

Continue reading

treva

Нема наменско прскање против крлежи

Post Views: 0 Влажното и дождливо време како и периодот на затоплување кој се очекува деновиве, прават за совршени услови за појава на крлежи. Овие потенцијално опасни инсекти најчесто се наоѓаат во тревнати површини особено обраснати со високи треви и околу мочуришта. Крлежот е пренесувач на многу заразни болести, болести кои не ретко завршуваат и фатално. Д-р Атанаско Михаилов, директор на Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека најдобар начин за спас од крлежите е превентивната системска дезинсекција, но според него, не станува збор за посебно прскање против крлежи. „Наменско...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top