Post Views: 11
Школата за млади лидери, по четврти пат отворена во Охрид. И оваа година, нови 40 студенти ќе ги развиваат своите лидерски вештини во најразлични области. Денес, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на чија иницијатива е создадена оваа школа ја пречека четвртата генерација на студенти која започнува со работа, но и учесници од претходните генерации на Школата за млади лидери. Ова се нивните очекувања и импресии.
„Очекувам најпрво да ги проширам своите познавања, теоретски, со искуства од некои експерти во практичен дел. Очекувам да ги прошириме нашите...
Post Views: 4
Познат овогодинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Најзабележителен, според жири комисијата предводена од познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, бил расказот „Трансакција“ доставен под шифрата „Нула“.
Според Димоски кој е претседател на оваа жири комисија, наградата за краток расказ „Живко Чинго“ го има највисокиот примат за литературен жанр од овој вид. Еве зошто комисијата се одлучила токму за овој расказ.
„Расказот „Трансакција“ обработува современа урбана тема во која на некој начин сите ние сме заробени и може да се препознаеме. Двата лика...
Post Views: 7
Престојот на туристите во Охрид штотуку стана далеку полесен. Тие до најпознатите и најпосетуваните културно-историски споменици во градов ќе можат лесно да стигнуваат благодарение на андроид апликацијата за паметни телефони наречена МK Guide. Оваа апликација може да се симне од веб страната на Гугл Плеј и е целосно бесплатна.
MK Guide е дело на програмерите од Факултетот за информатички науки и компјутерски инженеринг од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и локалната самоуправа од нашиот град.
„Апликацијата откако корисникот ќе ја...
Post Views: 16
„Апстинирањето јас би го нарекол како созревање. Исто тоа се моменти како овошјето и плодовите од природата, така и сликарот ги чека вистинските денови кога ќе созрее и кога ќе може да се претстави со полно задоволство, со полна доверба пред светот и гледачите, и јас мислам дека бев трпелив.“ Со оваа филозовска мисла, доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески после долга пауза ја најави својата прва изложба во родниот Охрид.
Изложбата насловена како „Приказна за светите простори“ е контраст од две различни фази во творештвото на Манасијески.
„Очигледно...
Post Views: 0
ХИВ караванот кој вчера се одржуваше на плоштадот „Крушевска Република“ вистинска атракција за охриѓани. Од музички хепенинг со познати ѕвезди од македонската музичка сцена, до делење на информативни флаери за СИДА-та и драмска изведба на волонтерите од Црвениот крст од Охрид. Целта на овој караван е да се запознае заедницата, охриѓани со она што невладината организација „Опција“ од Охрид го спроведува како превентивни програми поврзани со ХИВ Сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници и нивните семејства и корисниците на дроги.
„Преку...
Post Views: 5
Драматуршката класика на Жан Батист Молиер, „Тартиф“ вечерва на програмата на Охридско лето. Оваа приказна за лицемерието добива многу поширок контекст благодарение на Битолскиот народен театар кои при работењето на „Тартиф“ најпрво тргнале од сите моди кои се случуваат во религијата, за потоа да ја опфатат и политиката и да дојдат до концептот „лицемерие и наивност“.
„Тартиф е една од најновите продукции на битолскиот народен театар. Ја направивме некаде на почетокот на оваа година, се разбира од националната програма за култура на Министерството за култура и одтогаш...
Post Views: 2
Главната музичка атракција на фестивалот Охридско лето, фантастичниот гудачки квартет „Бонд“ за прв пат со свој настап во Охрид. Тања Дејвис, Иос Чатер, Геј-Ји Вестерхоф и Елспет Хенсон во музичкиот свет се познати по тоа што ги рушат бариерите и концептите за музички стилови и жанровски концепти.
Четирите Бонд девојки рекоа дека се воодушевени од Охрид, и дека со нетрпение го чекаат својот вечерашен настап.
„Ќе свириме многу, многу песни од сите наши албуми, особено нешто од нашиот нов албум. Исто така ќе свириме и едно посебно дело за овде, за Македонија. Тоа е песна...
Post Views: 0
Високи почести и огромен успех на карате мајсторите од охридскиот карате-до клуб „Шидокан“.
Овие супер-талентирани момци буквално собраа повеќе од половината медали доделени на светското првенство во карате на интернационалната јапонска карате асоцијација. На ова првенство кое се одржуваше во соседна Бугарија од 18 до 21 јули, нашите момци беа вистински хит.
„Напорно се подготвувавме за ова првенство, темелно се подготвивме, очекувавме 5-6 медали, но ете децата од клубот ги надминаа очекувањата и успеавме да освоиме 11 медали. Еден светски шампион, три вицешампиони и...
Post Views: 1
Најавите за топлотен бран и наглиот пораст на температурите ги алармираа надлежните. По препорака на Министерството за здравство, од денес па се до завршувањето на препораката, во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај градската кружна фонтана, екипа на Брзата помош од Охрид ќе ја спроведува акцијата „Здравје за сите“.
„Секој ден од денеснатаму ќе има акција „Здравје за сите“ во која што ќе бидат мерени притисоци, и евентуални прегледи по потреба, гликемија и други совети за граѓаните, за пациентите кои што ќе бидат на лице место за совети...
Post Views: 2
Фестивалот „Песна на летото“ ја гради својата традиција. Годинава се одржува по втор пат, а на него ќе настапуваат некои од најпознатите имиња на македонската фолк сцена. За разлика од минатата година, второто издание на фестивалот, далеку побогато, со песни и изведувачи.
„Оваа година организираме три вечери, поточно две вечери кои што ќе бидат како организација „Песна на летото“ и третата ќе биде ревијална вечер. За неа повеќе ќе каже колегата Пеце Здравковски, директорот на „Гоце фест“. Првата вечер која ќе биде вечерва, ќе биде вечер на народни препеани староградски...
Post Views: 6
Новата сцена на Охридско лето, во дворот на ОУ „Климент Охридски“ утревечер ќе го нагости Just a must театарот од Лондон. Овој брилијантен независен театар од Велика Британија пред публиката ќе се претстави со добро позната тема на нашите простори, југословенските војни во деведесетите години на минатиот век.
Претставата „Спортс плеј“ на австриската нобеловка Елфриде Јелинек е едно временско истражување на темната страна на животните игри, но и претстава која говори за нераскинливата врска помеѓу спортот, национализмот и насилството.
„Онаа идеја за војната во поранешна...
Post Views: 10
Сместен во планинскиот дел на Горно Лакочереј, манастирот „Свети Спас“ е вистинска оаза, со целосно хортикултурно уреден двор, цвеќиња, тревници, дванаесеттина конаци, кујна за готвење. „Свети Спас“ на сите намерници им нуди место за одмор, со сите можни удобности. Таму го најдовме Александар Крстев, член на црковниот одбор на манастирот „Свети Спас“. Тој ни раскажа дека овој манастир според големината на имотот и сето она што го поседува, е вториот најбогат манастир во нашата епархија, но до пред некое време стоел заборавен и запуштен. Од минатата година, по смената...