Автор: Мишел Наумоски

dom na kultura

Охриѓани ќе патуваат во минатото преку три документарци за Охрид

Post Views: 2 Три кратки документарци ќе ги потсетат охриѓани на едно минато време. Центарот за култура „Григор Прличев“ во соработка со Кинотека на Македонија,  направиле избор на три документарни филмови кои што се поврзани со Охрид. Се работи за насловите „Охридско езеро“ од 1958 година, „Дванаесетте од Папрадник“ од 1965 година и Охридските трубадури произведен во 2005та година. „Охридско езеро“ и „Охридските трубадури“ се однесуваат директно на Охрид и ги опишуваат убавините на Охрид, но и луѓето кои што во тој период направиле нешто за Охрид, еве пример за охридските трубадури,...

Continue reading

grafiki

Изложба на дваесетина графики во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 1 Центарот за култура од вечерва па се до 25ти Септември ќе биде дом на дваесетина уметнички слики, графики, изработени од македонски и бугарски автори. Организаторите од Центарот за културен проток-АРТерија, велат дека ова е идеја која е подготвувана од поодамна, а вклучува дела од автори кои студирале на Националната академија на ликовни уметности од Софија-Република Бугарија. „Имаме отприлика дваесет и осум графики. Изработени се во различни техники, литографија, бакропис, аква тинта. Имаат еден поинаков пристап, многу поразличен од кај нас, тие елементи и принципи...

Continue reading

advokati

Француски искуства за приближување на македонското кон европското законодавство

Post Views: 0 Адвокатските комори на Република Македонија и градот Кан од Франција денес потпишаа договор за меѓусебна соработка. Потпишувањето на овој договор за македонските адвокати, и адвокатите од Кан ќе значи и можност за размена на искуства, во повеќе различни области од правото, вклучително и во областа на човековите права. Според претседателот на адвокатската комора на градот Кан, Робер Алери, овој договор претставува само рамка за сите идни активности чија содржина ќе се формира во зависност од желбите на адвокатите од двете земји. „Се разбира дека адвокатската комора од...

Continue reading

spomenik

100 години од Охридското востание

Post Views: 2 Денес охриѓани се присетуваат на еден од најзначајните револуционерни настани во овој регион. Помалку заборавено и прескокнато од историските книги, Охридско-Дебарското востание од 1913та година со заедничка идеја ги обединило за прв пат македонските револуционери со албанските, со што уште повеќе добива на историски значај. Ова востание било кренато како знак на револт против тогаш донесениот Букурешки мировен договор со кој била поделена Македонија. Христо Матов, син на Милан Матов, еден од најистакнатите војводи во охридската чета, денес се присети на приказните...

Continue reading

RK Ohrid 2011

Охридските ракометари ја започнуваат Суперлигашката авантура

Post Views: 16 Охриѓани годинава ќе имаат привилегија на свој терен да следат Суперлигашки ракомет, а сето тоа благодарение на момците од ракометниот клуб Охрид 2011. Тие, за само неколку дена, во недела, ја започнуваат својата Суперлигашка авантура. Со своите игри, залагање, борбеност и посветеност во изминатите две сезони, овие момци покажаа и докажаа дека знаат ракомет. Тие во последен момент и благодарение на локалната самоуправа, но и локалните бизнисмени го фатија возот за ракометната елита, откако беа условно претворени во акционерско друштво што беше првиот услов за настап...

Continue reading

karticki

Охридските фирми „заборавиле“ да си ги подигнат електронските здравствени картички

Post Views: 4 Фирмите во Охрид доцнат со подигнувањето на електронските здравствени картички за своите вработени. Вака велат анализите кои ги направил Фондот за здравствено осигурување. Советникот на директорот на Фондот, Бранко Аџигогов, вели дека за разлика од фирмите, во подрачната единица во Охрид, далеку поажурни биле невработените и пензионерите иако според Аџигогов тоа е нелогично со оглед на фактот дека фирмите можат да подигнуваат поголем број на електронски здравствени картички одеднаш. „Во подрачната служба Охрид, 25000 охриѓани веќе ги имаат подигнато своите електронски...

Continue reading

maraton

Познати годинешните победници на меѓународниот атлетски маратон Охрид 2013

Post Views: 4   Познати победниците на 27от традиционален, меѓународен атлетски маратон, Охрид 2013. Лајош Берец од Унгарија беше најдобар помеѓу 29те атлетичари од повеќе земји. Тој, триесеткилометарската патека од граничната караула кај Свети Наум до Охрид, ја истрача за време од 1 час, 42 минути и 37 секунди. Македонија имаше свој атлетичар на пиедесталот. Со време од 2 часа, 3 минути и четири секунди, Зоран Саздов се пласираше на третото место. Во женска конкуренција пак, првото место и припадна на атлетичарката од Црна Гора, Слаѓана Перуновиќ. Таа, со време од 1 час, 58 минути...

Continue reading

meleno meso

Нема веќе рефус мелено месо по месарниците

Post Views: 1 Нема веќе рефус мелено месо по месарниците. Со донесувањето на новиот правилник за квалитетот на меленото месо, од почетокот на месецов, во месарите веќе не може да се купи мелено месо кое било претходно сомелено, освен ако тоа не е вакумирано, со соодветна декларација и подготвено од овластен преработувач. Правилникот вели дека ако некој сака да купи мелено месо, најпрво во месарата ќе си избере парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомелено од страна на продавачот. Еве што Охриѓани мислат за оваа новина. „Сега се веќе 100 проценти приватни продавници, тој не смее...

Continue reading

edrilicari

Исклучително успешна 46та отворена Балканијада во едрење, Охрид 2013

Post Views: 0 Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско Првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро. Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо. „Планирани се две трки, во зависност од временските улсови, чекаме да видиме дали ќе биде даден...

Continue reading

Petkov

Човекот-амфибија, Јане Петков, со врзани раце и нозе ќе плива во Охридското езеро

Post Views: 0 Пливачкиот инструктор, спасувач и авантурист, Јане Петков од Сандански, соседна Бугарија во водите на Охридското езеро ќе се обиде да направи еден несекојдневен, необичен и пред се екстремно опасен подвиг. Петков ќе се обиде со врзани раце и нозе, а потоа вовлечен и повторно врзан во вреќа да преплива цели три километри почнувајќи од плажата Горица 1 до градското пристаниште. Ваквиот подвиг не е новина за Петков, бидејќи тој веќе има пливано со врзани раце и нозе. Тој ни раскажа како тоа за прв пат се случило, но и која е тајната за да се успее во еден ваков несекојневен...

Continue reading

kidnaperi

Среќен крај на заложничката драма што попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро

Post Views: 6 Заврши едночасовната заложничка драма која попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на хотелот Горица. Драмата се случуваше на бродот Александрија кој во моментот превезувал странски туристи, учесници на безбедносна конференција. Грабнувањето го извршиле припадници на терористичка организација кои како џихадисти учествувале во вооружениот конфликт во Сирија. Со координирана акција на поголем дел од организационите единици при МВР, беше извршен упад од вода и воздух кој заврши кобно за тројца од грабнувачите, додека петмина од нив беа...

Continue reading

edrilicari

Успешен старт на 46та Балканијада во пловење на отворени води, Охрид 2013

Post Views: 0 Денес успешно стартуваше 46та Балканијада во пловидба на отворени води, Охрид 2013. Едриличари од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Турција и Бугарија денес запловија во водите на Охридското Eзеро во шесте поголеми класи, ласер стандард, ласер радиал, ласер 4.7, фин и рсх како и најбројната класа на едриличари, класата оптимист. „Се едри на две регатни полиња, поле А и поле Б. На полето А или Алфа кое се наоѓа над градското пристаниште, едрат поголемите класи, класа 470, класа ласер стандард, ласер радиал, класа 4.7 и класата фин. На полето Браво едри најбројната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top