Post Views: 8
Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце.
„Јас секој месец одам на прегледи,...
Post Views: 1
Во организација на Институтот за македонска литература во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се одржува меѓународниот научен собир на македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски. Станува збор за четврти по ред научен собир, кој има своја традиција и континуитет и се реализира во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека.
На овогодинешниот собир, учество земаат поголем број професори и истражувачи од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ од Осијек, особено од Одделот за културологија, со кој Институтот за македонска литература има склучено...
Post Views: 3
Акцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид.
Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во близина на лозјата на илегалната патека. Одземената марихуана ќе биде доставена на вештачење во Министерството...
Post Views: 8
Се поголем интересот кај охридските земјоделци за подигнување на овошни насади со аронија. Ова растение кое е познато по своите лековити својства, во нашата држава стана вистински хит во последниве неколку години.
Од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, велат дека и охриѓани го следат трендот на подигнување на нови овошни насади со овој специфичен вид на овошје.
„Во охридскиот реон и во општина Дебрца има зголемен интерес за пријавување на тој овошен насад од аронија, но исто така нашите индивидуални земјоделски производители...
Post Views: 1
Некои од најреномираните научници од областа на комуникациите, бежичните мрежи и мобилните системи, деновиве во Охрид ги разгледуваат најновите истражувања од областа на интернетот и бежичното поврзување на објекти во движење. Се работи за ВИНАМО проектот на Европската комисија кој ги поврзува научниците и нивните истражувања за една заедничка цел.
„Работиме со летечки роботи, куадкоптери кои меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци и дистрибуираат видео податоци. Така да тоа беше еден вид мотив за овој предлог. Вчера дискутирав за едно поново истражување, проекти...
Post Views: 4
Сребрено, јубилејно издание на традиционалниот фестивал на староградска песна, „Охридски староградски средби“. Ова е фестивал кој со години ја негува македонската староградска песна, песна која се создавала во периодот кога во градовите цутело занаетчиството и кога се создавало градското јадро.
Креирана во различни градови, од различни музички тајфи, староградската песна изобилува со варијации карактеристични за местото од кое потекнува.
„Оние стари убави трубадурски песни и градски серенади кои што секој град, секое поднебје си има карактеристика. Токму тоа е поентата...
Post Views: 8
Претставници од полицијата, локалната самоуправа, училиштата како и институции од здравството, преку работилница на Министерството за труд и социјална политика, ќе ги зајакнуваат институционалните капацитети за борба против дискриминацијата. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов истакна дека на патот на Република Македонија кон ЕУ, клучно е обезбедувањето на еднакви можности за сите и недискриминација по било кој основ. Тој рече дека токму за таа цел се спроведува и работилницата насловена како „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против дискриминацијата“.
Спасов...
Post Views: 8
Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија.
Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани.
„Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното...
Post Views: 1
Невладината организација „ХЕРА“ ја бара подршката од граѓаните за воведување на сеопфатно сексуално образование како предмет во училиштата ширум земјава. Насловена „За последен 1ви Септември без сеопфатно сексуално образование“ нивната кампања деновиве е фокусирана на привлекување на вниманието на ресорното министерство за образование околу потребата од воведување на ваков предмет во образованието. Претставниците од „ХЕРА“ велат дека според нивното истражување „Љубов после часови“, и кај родителите, и кај професорите и особено кај децата постои подготвеност па дури и...
Post Views: 7
Да се биде просветен работник и да се пренесува знаење на група дечиња само по себе е благороден чин, благородна професија.
Но ако се вратиме во далечната 1964 година, во малечкото планинско место Папрадник, во дебарско, тогаш учителствувањето можеме да го сметаме и за храброст и посветеност на оваа професија. Ваквиот потфат е реалност и дел од најинтимните сеќавања на дванаесет млади девојќи кои во 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат во ова малечко место како професорки. Нивните огромни залагања, труд, посветеност и истрајност, биле толку големи,...
Post Views: 20
Јавното претпријатие „Билјанини извори“ подготвува вистински викенд-спектакл. После подолго време, во Охрид ќе настапат врвни европски кошаркарски екипи. Овој петок, започнува меѓународниот турнир „Охрид Трофеј 2013“, кој на охриѓани ќе им понуди вистинско спортско уживање. Главен покровител на овој меѓународен турнир е општина Охрид, додека негов реализатор ќе биде ЈП „Билјанини извори“.
„Можеби возрасните ќе ме корегираат, после три децении на голема врата ја враќаме меѓународната квалитетна клубска кошарка. Ја враќаме со „Охрид Трофеј 2013“. На него ќе учествуваат...
Post Views: 2
Долгонајавуваните сувенирници од вчера и официјално отворени. Нивното поставување е во рамки на програмата на Владата на Република Македонија за поставување на унифицирани туристички монтажни објекти. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска изрази задоволство што и во Охрид се отвораат вакви сувенирници.
Од вкупно трите предвидени локации, вчера беа отворени две, додека третата ќе биде отворена во наредниот период.
„Имаме можност да отвориме две, едната сувенирница беша кај чинарот, а другата е овде во центарот на Охрид. Мислам дека самото место е одлично...