Post Views: 1
Локалната самоуправа со остра реакција на обвинувањата на СДСМ искажани на денешната прес конференција.
Во нивната реакција меѓу другото стои: „Иронично, тоа го прави СДСМ, чија локална власт во изминатите 8 години безмилосно ја масакрира иднината на охриѓани задолжувајќи ја општината за над 33 милиони евра и уништувајќи ја можноста од економски развој на Охрид. И кога на ОО на СДСМ ќе и се укаже со бројки и несоборливи факти за одредени ситуации или состојби, тие продолжуваат со паушални оценки и лесно читливи политички пораки со неупотреблива вредност. Тоа што СДСМ...
Post Views: 1
Даночните обврзници од градов, годинава посериозно си ја сфатиле обврската за поднесување на годишните даночни пријави.
Досега во подрачните канцеларии на Управата за јавни приходи во Охрид биле доставени 972 даночни пријави, додека во Дебрца, 45. Само за споредба во истиов период лани, биле доставени двојно помалку годишни даночни пријави, и тоа само 450. Инаку станува збор за вкупно некаде околу 5400 даночни обврзници кои оствариле некаков приход во изминатата година по некој од основите наведени во годишната даночна пријава. Од регионалната канцеларија на УЈП во...
Post Views: 4
Општинската организација на СДСМ, отчетот на градоначалникот Бакрачески го оквалификува како партиски памфлет за она што не чинело во минатото. На денешната прес конференција тие упатија остри критики околу содржината на презентираниот извештај на градоначалникот, за кој од СДСМ велат дека бил побаран пред два месеци, а презентиран дури сега и тоа поради жестокиот притисок од опозицијата.
„Она што веднаш паѓа в очи е првиот и најдолгиот дел од извештајот – сирова и субјективна партиска критика на поранешната локална власт – нешто што го слушаме по којзнае кој пат, бидејќи...
Post Views: 3
Општинската организација на СДСМ со реакција на отчетот на градоначалникот Бакрачески за досега сработеното. Охридските социјал-демократи имаа забелешки за повеќе области меѓу кои реагираа на наводните партиски вработувања на неквалификувани кадри, лизгалиштето на мраз и слично. Според О.О на СДСМ од Охрид, отчетот на градоначалникот Бакрачески бил повеќе осврт на она што не било сработено од претходната власт, отколку отчет за тоа што сегашната го сработила во изминатиот период. Повеќе од прес конференцијата на О.О на СДСМ во првото издание на дневникот на Телевизија...
Post Views: 4
„Кога се работи за просторот на Плаошник можеме да кажеме дека воопшто не е стигнат кај нас таков извештај, така да се додека не погледнеме официјални документи, не можеме за ништо да зборуваме. Кога веќе знаат да прават пресови на отворен простор тогаш би им препорачале да поминат низ градот Охрид и да видат што направија тие во изминатите осум години на просторите во градот Охрид. Доколку во последнава година можат да забележат дека градот Охрид и сите оние запуштени места се уредуваат сосема како модерните градови во Европа. Впрочем за тоа е и новиот плоштад, за тоа...
Post Views: 2
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, денес на прес конференција ја потенцираше тежината на проблемите со кои новата локална самоуправа се соочила при преземањето на мандатот. Портпаролот, Никола Митровиќ вели дека граѓаните на Охрид, во изминатава година имале можност да сведочат на макотрпната работа на локалната самоуправа.
„НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за спасување на градот Охрид од банкрот. НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за подобра иднина на градот Охрид. И токму поради ваквите обврски, ВМРО ДПМНЕ со Локалната самоуправа предводена...
Post Views: 2
Локалната самоуправа сама да ја изврши промената на стандардното улично осветлување во градов наместо тоа да се прави по пат на јавно-приватно партнерство. Ова беше предлогот со кој денес на прес конференција излезе претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски. Според него, нелогично е профитот од наплатата на јавното осветлување наместо во општината, да оди кај приватен партнер.
„Ние мислиме дека барем во ова нивно објаснување дека ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за 50 проценти со овие нови сијалици, кои трошат помалку енергија,...
Post Views: 2
„Наидовме на разбирање од директорот на Агенцијата за патишта, веднаш се реагираше. Денес дојде, на лице место, да направи увид на состојбата на овие проблеми кои што ги наведоа жителите на овие населени места и се надеваме дека ќе најдеме заедничко изводливо решение, ќе ги уредиме влезовите, ќе се среди дел од осветлувањето од тунелот до Метропол и она што е најважно, денес побарав од директорот на Агенцијата за патишта, да се преземе уредувањето и осветлувањето на влезот во Охрид.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
{loadposition content9}
Post Views: 11
Директорот на Агенцијата за државни патишта најави скоро започнување со изградбата на новиот магистрален пат од Охрид до Свети Наум. Се работи за проект кој ќе се спроведува во две фази и станува збор за сосема ново патно решение.
„Првата фаза е веќе дефинирана и тоа е делницата од Охрид кај бензиската станица, до Пештани. Се проектираат некаде широчина на магистрален пат од 12тина метри, четири ленти, во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов некаде во средината на оваа година и веќе Владата размислува и прави финансиска конструкција да до крајот на оваа година...
Post Views: 2
Македонскиот и светскиот бисер, нашиот неповторлив Охрид се најде во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та година. Дали Охрид ќе ја понесе престижната титула се одлучува со гласање доколку ги посетите сајтовите globalgrasshopper и hotel.info кои важат за едни од највлијателните веб портали за патувања.
За Охрид можете да гласате на порталот hotel.info, а директен конкурент на нашиот град е унгарскиот Егер. Globalgrasshopper во описот на Охрид напишал: „Охридското езеро е еден од најубавите предели во Македонија, па не нè изненадува што е најфотографираното...
Post Views: 0
Брачното советувалиште отворено во рамките на Центарот за социјални работи иако целосно функционално, досега посетено само по обврска со закон. И покрај бројката на разводи кои варираат од четириесетина до педесетина предмети, во ова брачно советувалиште, сепак се чини дека ваквиот тип на советување сеуште е табу тема за охриѓани.
„Доброволно доаѓање од страна на страните за надминување на тие проблеми нема. Приморани се согласно закон доколку имаат деца во бракот, за да се обидат да ги надминат тие ситуации, но доброволен пристап, немаме за жал од страна на граѓаните....
Post Views: 1
Реконструкција на улици, канализациона, водоводна мрежа, естетско уредување на урбаната заедница „Горна Влашка Маала“. Ова се само дел од ветувањата кои граѓаните на оваа урбана заедница ги добија на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, стручни служби од локалната како и претставниците на јавните претпријатија од градов.
Претседателот на оваа заедница, Томислав-Трпе Голејшки вели дека за дел од нивните барања добиле ветување дека ќе се реализираат во најкраток можен рок.
„Мислам дека градоначалникот потенцира дека прво ќе почне...