Post Views: 3
На шестгодишнината од постоењето на Витаспринг, единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, сопствениците сметаат дека веќе се менуваат навиките кај охриѓани за правилна исхрана. Според сопственикот Димитар Арнаудоски, почетоците биле тешки, меѓутоа со тек на време, охриѓани ја разбрале вистинската вредност на здравата храна. Покрај основните производи од здравата храна како што се житариците, во Витаспринг се нудат и чаеви, сушени овошја, но и здрави производи за спортисти.
„Нормално со тек на време охриѓани сфаќаат кои се придобивките на здравата...
Post Views: 8
ВМРО Народна партија со прес конференција околу како што велат тие: „Последниот монопол во Република Македонија, ЕВН“. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека залудно Владата ветува ревитализација на селските средини, ако за приклучок на струја луѓето плаќаат по 1500-1600 евра. Од Народна велат и дека плус на високата цена за приклучок, потребна е обемна документација и долг период на чекање за едно живеалиште биде приклучено на електричната мрежа. Костоски ги спомена и проблемите околу неможноста за приклучок на електрична...
Post Views: 4
Неодамна од локалната самоуправа беше објавена намерата за изградба на градска марина. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на оваа марина ќе биде еден од начините на кои Охрид ќе прави крупни промени во насока на развој на туризмот.
Сепак токму на местото на кое најверојатно ќе никне градската марина, сеуште постои потенцијална опасност од неексплодирани мини кои датираат од Првата светска војна. Градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се направат сите потребни анализи.
„Во тек е постапката за изработка на идеен проект и веднаш после тоа и за основен...
Post Views: 8
Фудбалскиот тим на ЈП „Билјанини извори“ победник на турнирот во мал фудбал во организација токму на ова јавно претпријатие, а под покровителство на општина Охрид.
Тимот на „Билјанини извори“ во финалниот меч беше посилен од тимот на МЈП Проаква со резултат од 6:5. Во мечот за третото место пак помеѓу екипите на ЈП Нискоградба и Градски пазар подобар беше тимот на Нискоградба со резултат од 6:4. Дводневниот турнир се одржа во салата „Билјанини извори“, а учество зедоа 8 екипи и тоа, екипите на јавните претпријатија Нискоградба, Билјанини извори, Градски пазар, Охридски...
Post Views: 1
Оваа студија се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува ,,Локалната агенција за развој’’ од Струга во партнерство со ,,Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)’’ од Скопје.
Според Локалната агенција за развој, главната цел на овој проект е промовирање на практиките за антикурупција и добро владеење на локално ниво. Од таму сметаат дека со спроведувањето на овој проект ќе се подигне нивото на свесност и познавањето на граѓанското општество, но и дека ќе се...
Post Views: 0
Охрид раздвижен за 8ми Март, Денот на жената. Се чини сите во последен момент брзаат да го купат подарокот за сопругата, мајката, сестрата, пријателката, колешката. Најголем метеж секако има пред неизбежните тезги кај малиот плоштад, на кои се продаваат црвените рози, симболот на љубовта и нежноста. Празникот се чини ќе кулминира во вечерните часови, кога најголемиот број припаднички на понежниот пол, 8ми Март ќе го прослават во некој ресторан, со музика, песни, ора. Некои со колешките од работа, некои самоиницијативно со пријателки, важно да се одбележи.
Но и покрај...
Post Views: 0
ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството.
Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за изградба...
Post Views: 3
Global Trade Leaders Club од Мадрид, Шпанија му додели престижна награда на нашиот хотелски бренд „Инекс-Горица“. Интернационалната награда на нашиот хотел му е доделена за квалитетот на услугата во хотелското и ресторантското работење. Освен фактот што наградата ја доделува престижна организација од една од најпосетените туристички дестинации во светот, посебна тежина дава и фактот дека за неа не може да се аплицира туку се доделува на препорака на клиенти кои го посетиле хотелот.
Препораката за нашиот хотел ја дал никој друг, туку претседателот на Светската туристичка...
Post Views: 6
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна жителка на Лескоец, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26 Јануари 2014 година на влезот во Струга од страна на полициски службеници е запрено патничко возило „ауди“ во кое пријавената била сопатник и при преглед кај истата пронајден е пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм. и четири куршуми.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Агенцијата за вработување излезе со свежи бројки околу невработеноста на ниво на републиката како и одделно по градови.
Податоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град имаме 182 слободни работни места за вкупно околу 7748 невработени лица. Од нив, според новата систематизација која ја воведе Агенцијата, 3747 невработени влегуваат во категоријата на други лица кои бараат работа или повеќе познати како пасивни невработени, додека 4001 невработен влегле во групата на активни невработени лица. Или во превод само околу 2 проценти...
Post Views: 0
ВМРО Народна партија со став дека во Република Македонија има драстична и неприродна казнена политика. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски вели дека во земјава има преголем број на казни во сите сфери на живеењето. Како пример тој ги посочи казните од 10.000 евра за фирма која држи неосигурено вработено лице, казните од 4 до 5000 евра за неиздавање на фискални сметки, како и казните за пушење во затворени и јавни простории и фрлање на отпушоци.
Костоски смета дека нелогично е казната за пушење во јавни и затворени простории која изнесува...
Post Views: 2
Дали се веќе минато проблемите поради кои Охридскиот народен театар не одиграл ниту една претстава цели шест месеци? Телевизија ТВМ во неколку наврати бараше информации околу тоа кои се овие проблеми, дали се тие надминати и кога ќе започне новата театарска сезона во Охрид, меѓутоа секогаш ни беше одговарано дека не е погоден моментот да се коментира ова прашање. За таа цел, на 12 Февруари се обративме и до Министерството за култура.
Ги запрашавме дали се запознати со случувањата во охридскиот театар и кои се причините поради кои неколку пати се одложи почетокот на театарската...