Post Views: 4
Акција за сузбивање на пиратеријата во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги контролираше продавачите на градскиот пазар, кабелските оператори и приватните здравствени установи.
Се проверувале евентуалните повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Повеќе случаи на пиратерија биле затекнати на тезгите на градскиот пазар.
„Во делот на повреди на индустриска сопственост е исконтролиран пазарот во Охрид кај што има присутност на трговски марки...
Post Views: 4
Волонтеризмот одлична алатка за подлабоко спознавање со аутизмот и кршење на предрасудите кај луѓето во однос на оваа и на неа сличните состојби. Денес, 36 волонтери од шест различни земји кои работат на проектот кој носи сличен наслов „Волонтеризмот во служба на аутизмот“ ја посетија нашата општина и ги споделуваа своите искуства, односно искуствата на нивните држави во справувањето со проблемот со аутизмот, но и слабата информираност кај луѓето за каква состојба всушност станува збор.
Според Ѓоко Вукановски од Волонтерскиот центар од Скопје кои се дел од проектот,...
Post Views: 2
Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската.
„Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто...
Post Views: 1
Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчеравечер го започна своето 53то издание. Оваа значајна фолклорна манифестација годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски. Тој рече дека оваа значајна културна манифестација од година во година станува се поголема и позначајна.
„На отпочнувањето на 53то издание на оваа значајна културна манифестација, дозволете ми да изразам благодарност до...
Post Views: 3
Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година.
„Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...
Post Views: 23
Осветен „Фаќачот на крст“. Спомен обележјето во чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици денес доби благослов од Македонската православна црква, а поздравено од поранешните кумови на манифестацијата, членови на Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ како и бројни граѓани на градското пристаниште. Според градоначалникот на Охрид, и кум на „Водици 2014“, Никола Бакрачески, со спомен-обележјето само се продолжува традицијата што е вкоренета во меморијата на охриѓани низ вековите.
„Нешто што се пренесувало од...
Post Views: 6
33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина.
Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата светска...
Post Views: 1
13ти Канео фест. Овој познат охридски фестивал на новокомпонирани македонски песни ќе се случува две вечери и тоа фолк и поп вечер, на кои, ќе настапуваат познати имиња од македонската музичка сцена. Освен натпреварувачкиот дел, на фестивалот ќе има и бројни ревијални настапи.
Посетителите ќе можат да ги слушнат Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Денис Мурат, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Јордан Митев, Благица Павловска, Спасен Силјановски и многу други изведувачи.
„Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги оценуваат...
Post Views: 12
Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест.
„Апсолутно поведени од нивната иницијатива,...
Post Views: 5
Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид.
Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат...
Post Views: 1
Министрите за култура земјите од Југоисточна Европа ќе градат заеднички платформи за јакнење на културата во функција на развојот. На првиот состанок на Советот на министри за култура од овие земји на кој домаќин е токму нашиот град, тие ја добија и поддршката на УНЕСКО. Генералниот директор на оваа институција, Ирина Бокова, истакна дека учеството и значењето на Република Македонија во зајакнување и одржување на меѓународната соработка во областа на културата е навистина значајна.
„Имаме солидна основа на соработка, само да споменам дека Македонија е членка на извршниот...
Post Views: 4
Второ, „Бело лето“ во Охрид. Оваа манифестација која е во организација на локалната самоуправа од Охрид и секторот за туризам и локален економски развој ќе трае три дена во кои угостителските објекти во градов ќе имаат продолжено работно време и попуст на услугите кои ги нудат. Минатата година, од секторот за тлер се пофалија на голем одзив за учество во манифестацијата од околу 90ина угостителски објекти, но годинава не кажаа конкретна бројка ниту пак колку се задоволни од одзибжвот на угостителскиот еснаф . Манифестацијата „Бело лето“ годинава се одржува по втор пат,...