Автор: Мишел Наумоски

promo Ohrid

Холивудска продуцентска компанија, ќе снима кратки промотивни филмови за Охрид

Post Views: 1 Охрид, Галичица, св Наум, охридскиот бисер, филигранството и пештерните цркви во Струга ќе се промовираат во светот преку кратки филмови кои ќе ги изработи холивудска продуцентска куќа. Од утре па се до 10ти септември во Македонија ќе престојува тим на компанијата  Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge). Познатиот CNN Travel Guru, репортер, продуцент и поранешен дипломат  Перси Вон Липински, во Македонија на инфо тура која ќе трае 18 дена носи екипа составена од познати професионалци во филмската индустрија. Тимот на Липински го сочинуваат: Филип Голдфајн...

Continue reading

gerijatrija

Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите

Post Views: 1 Проширување на геријатриското одделение за подобрување на условите за престој на пациентите. Ова е желбата и планот на раководството на Општата болница од Охрид во чии рамки функционира ова одделение. Директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов вели дека тие имаат изработено план со цел да се реши повеќегодишниот проблем, а кој вклучува изградба на уште еден кат над постоечката зграда. Според д-р Арнаудов, архитектонските капацитети на зградата даваат можности за вакво решение. Целта според него, е да се изградат современи соби во кои ќе има по два кревети, односно...

Continue reading

gradinka

Донација детски прекривки за три јавни охридски установи

Post Views: 1 Нови прекривки за дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“, и дечињата при детските одделенија во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и „Општата болница“ од Охрид. Општествено одговорната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп донираше 400 нови детски јорганчиња кои се и повеќе од добредојдени за овие три јавни установи. „Токму го пополнува недостатокот на она што имавме потреба, односно да ги смениме старите ќебенца кои што досега ги користевме, а ја продолжуваме соработката со Црвениот крст која континуирано сиве овие години ја имавме,...

Continue reading

pejsaz Ohrid

Охрид главна тема на разговор секоја прва недела во месецот во градот-музеј Дузбург во Холандија

Post Views: 21 Обично туризмот, Холандија и прекрасните пејсажи од Охрид се поврзуваат со холандските туристи кои го посетуваат нашиот бисер. Врската и сега постои, но од другата страна. Славица Секулоски Ван ден Берг е уметникот кој последниве 35 години од својот живот ги поминува во земјата на лалињата, но уште повеќе земјата на Ван Гог, на Рембрант. Водата, планините, езерото, ова се впечатоците и сеќавањата кои никако не ја напуштаат Секулоски, токму затоа, овие мотиви, мотивите од вечниот Охрид се она што најчесто се наоѓа како мотив во нејзините слики. Уметник по потекло од...

Continue reading

masina perenje donacija

Геријатриското одделение во Охрид се поднови со медицински душеци и машина за перење

Post Views: 3 Геријатриското одделение при Општата болница од Охрид се поднови со 22 медицински душеци, машина за перење, неколку простории обложени со ламинатни подови и уреден двор. Сето ова како донација од социјалното друштво „Свети Наум-Охридски“ од Мелбурн-Австралија кое досега во неколку наврати има донирано во охридската општа болница. Од друштвото велат дека сето ова што го донираат е со цел да се направи поудобен престојот на старите и изнемоштени лица во геријатриското одделение. „Нема на кого немаме помогнато досега во градот Охрид, во Општа болница Охрид, и на поединци...

Continue reading

maraton

Се договараат последните детали околу 28от Охридски пливачки маратон

Post Views: 5 Се договараат последните детали пред почетокот на 28от Охридски пливачки маратон. Организаторите од Пливачката федерација на Македонија, во процесот на подготовка на годинешното издание на оваа наша значајна спортска манифестација добива и логистичка, но и финансиска поддршка од Локалната самоуправа од Охрид. Секретарот на општината, Димитар Спасески не информираше дека е формирано Координативно тело кое постојано работи со цел годинава да имаме добро организиран маратон. Координативното тело во чиј состав влегуваат сите јавни претпријатија од градов како и Сојузот на...

Continue reading

znaci Kosta Abras

Ниту летниот режим на сообраќај, ниту СВР не успеаа да се справат со нелегално паркираните кај ул.Коста Абраш

Post Views: 3 Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои често пати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Пред летната сезона Телевизија ТВМ, за овој проблем,   го контактираше  Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа. Од таму не информираа дека проблемот ќе се обидат да го решат со воведувањето на летниот режим на сообраќај и дополнителна патна сигнализација. За воља на вистината, со...

Continue reading

ezerska

Езерската полиција со мерки против незаконитиот риболов и несовесните скутерџии

Post Views: 10 Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени...

Continue reading

kanalizacija Leskoec

Министерот Јанакиески и градоначалникот Бакрачески ги посетија градежните зафати во Лескоец

Post Views: 2 Овој проект е еден од дваесеттината проекти кои се реализираат со европската инвестициона банка,  проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, поддржана од Владата на Република Македонија. Градоначалникот Бакрачески информираше дека една третина од целиот зафат е веќе завршена, а најави дека до Март следната година ќе биде завршена и пуштена во употреба втората и третата фаза од изведбата на канализациониот систем во Лескоец. Министерот за транспорт и врски, Јанакиески пак потенцираше дека согласно договорот со градежната компанија, во месец Април се очекува...

Continue reading

oldtajmer

Триесетина олдтајмери блескаа на охридската ривиера

Post Views: 11 Триесеттина олдтајмери од триесеттите години на дваесеттиот век па навака, денес блескаа на охридската ривиера. Опел, Порше, Фиат, Застава, БМВ, СААБ…И ден денес овие имиња на автомобилската индустрија ја будат фантазијата на многумина, но денес на охриѓани, туристите, но и на самите учесници на првата ревија на олдтајмери во градов им понудија вистинско уживање. Учесниците едногласни дека одржувањето на автомобилите е тешко и скапо хоби, но велат дека тоа го прават со огромна љубов. Еве со што денес се пофалија на ревијата. „За одржување е тешко, лесно е да се...

Continue reading

upisi

Двете охридски високообразовни институции денес ги отворија вратите за упис на новите студенти

Post Views: 2 Охридските високообразовни институции, Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии денес им ги отворија своите врати, но и вратите кон иднината на кандидатите за новата учебна година. Ако се земат предвид бројките со кои веднаш по затворањето на првиот уписен ден од првиот уписен рок, охридските високообразовни институции можат да бидат задоволни до овој момент од интересот на кандидатите. А тие, секој со различни очекувања и причини зошто го одбрале својот факултет. „Да продолжам колку да имам некоја основа, диплома за завршено...

Continue reading

zolta faza

УХМР смирува-жолтата фаза значи само малку повисоки температури од нормалните

Post Views: 1 Охриѓани денес ја почувствуваа жолтата температурна фаза, прво вакво предупредување за ова лето. Но, она што се чини како нормално покачување на температурите, во најголемиот дел од медиумите беше сензационално најавено како алертна или алармантна фаза што секако може да ги вознемири граѓаните. Но, причина за паника, барем според зборовите на одговорните од Управата за хидрометеоролошки работи, во моментов нема. Тие појаснија дека постојат четири нивоа со кои тие го опишуваат интензитетот во однос на материјални штети и опасност по човечки животи. Ги запрашавме што точно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top