Post Views: 6
Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен.
Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.
„Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да...
Post Views: 5
Кусо пред полноќ шиитите од селото Ал Далуа го празнувале празникот Ашура, во спомен на маченикот Хусеин, внук на пророкот Мухамед, убиен во седмиот век во Кербала.
Од Саудиската полиција изјавиле дека за време на церемонијата три засега непознати лица отвориле оган со митрoлез и пиштоли, при што убиле пет лица и раниле деветмина.
Шиитите претставуваат околу десет отсто од населението на кралството, во кое се практикува претежно сунитскиот ислам.
{loadposition content9}
Post Views: 3
33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош.
Мицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила.
„Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е прекрасно,...
Post Views: 2
Во духот на православието, со пладневна света литургија и предавање на светиот крст, денес, новите кумови на Водици 2015та, големата балканска ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го примија кумството за оваа година. Јоксимовиќ вели дека понесен од импресиите од минатата година кога на овој празник одржа концерт во Охрид, се родила желбата и самиот да биде дел од целото празнување. Според него, охриѓани со начинот на кој го одбележуваат овој голем христијански празник, ги вреднуваат вистинските вредности и христовото име. Вели дека во Охрид се чувствува навистина...
Post Views: 11
„Се работи за строго утврдена законска постапка во која што ние како чинители во тој процес едноставно немаме право на мешање во автономијата на училиштата во тој дел. Тоа е исклучиво надлежност на училишниот одбор кој што треба да ја донесе одлуката. Мислам дека заврши огласот согласно динамиката предвидена со закон, во текот на наредната недела, мислам дека треба да излезат со конкретен предлог.“-вели секретарот на општината, Димитар Спасески.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта.
„На ниво на град имаме многу добра комуникација...
Post Views: 19
8,2 степени целзиусови ќе изнесува температурата на водата во Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление-Водици. Истата ќе биде дури за 1,3 степени пониска од лани кога, водата во езерото имаше температура од 9,5 степени целзиусови. Температурата на воздухот значително потопла и ќе изнесува од 7 до 8 степени. Токму ваквите температурни разлики според Сашо Точков од Црвениот крст може да бидат опасни за капачите. Порача тие да бидат особено внимателни.
„Треба да се внимава при влегување во водата, сите оние кои чувствуваат слабост, кои се здравствено...
Post Views: 2
Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани...
Post Views: 8
Во Телевизија ТВМ не размислувавме многу околу познатата дилема, дали да вртиме лепче со паричка на Бадник или на Стара Нова година. Денес ги смогнавме сите расположливи кадровски сили, па свртевме убав колбурек со скриена паричка и ја испочитувавме оваа интересна традиција. Најсреќна, помеѓу вработените беше колешката Валентина Неловска, која го пронајде паричето, а кое веруваме дека ќе и донесе среќа и бериќет, неа и на нејзиното семејство во оваа, 2015та година. Останатите, уживавме во вкусниот бурек.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Ова се просториите во кои веќе девет години се згрижени штитениците од дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“. Мебелот, покуќнината, ѕидовите, санитаријата, времето ги излитило и нагризило, и по девет години постојана употреба, најголемиот број од елементите ја изгубиле својата функционалност или се во лоша состојба. И покрај тоа, 12те штитеници секојдневно седат на истите неудобни столчиња, ручаат на истите маси, и се занимаваат гледајќи телевизија на нешто што одвај личи на колор телевизор.
Од здружението велат дека не бараат никаков луксуз, туку...
Post Views: 3
Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна.
„Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и нова...
Post Views: 3
Снегот значи бериќет за земјоделските насади, вака вели производителот на органска и здрава храна, Ванчо Стојаноски. Според него ниските температури нема да ги намалат приносите од насадените култури, ниту пак оние кои допрва ќе се садат, или пак тоа намалување ќе биде во незначително мали количини. Единствено штета според Стојаноски претрпеле земјоделците кои произведуваат под пластеници, а кои не успеале да ја издржат тежината на снегот и се срушиле.
„Регионов наш е сепак навикнат на зима. Добредојдени се и овие ниски температури поради тоа што сепак одредени болести...