Автор: Мишел Наумоски

rosario mele

Уметнички дела со несекојдневна техника „изгорена хартија“ во Центарот за култура

Post Views: 3 Уметнички дела со несекојдневна техника „изгорена хартија“ во Центарот за култура. Некои од најпознатите уметнички дела на современиот италијански уметник Росарио Меле од вчера достапни за охридската јавност. Меле е скулптор, сликар, писател, особено познат во Италија и светот по несекојдневната техника на сликање која самиот ја именувал „изгорена хартија“. Сепак во изработката на сликите не е вклучено никакво горење на хартија, туку станува збор за техника која Меле самиот ја разработил на мешање на посебни африкански бои со восок и потоа нивно изложување на оган. Притоа...

Continue reading

den na ezero

Велосипедска тура, јога на плажа, еко акции за чистење на брегот по повод Денот на езерото

Post Views: 1   Охриѓани масовно ќе го одбележат 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро. 15 години откако е воспоставен со заеднички сили на претставниците на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија и Албанија годинава по  шеснаесетти пат ќе се потсети на значењето на постоењето, но и заштитата на езерото. „Шеснаесет години подоцна се соочуваме со нови предизвици кои произлегоа овие години најмногу за интересот на економски развој на општините од двете страни и кои предизвици ќе бараат од нас дополнителни напори и дополнителни вложувања за да можеме да...

Continue reading

trotoari Kosta Abras

Секторот за урбанизам „пишман аџија“ за урбаната опрема на „Коста Абраш“

Post Views: 0 Нова летна сезона, стара слика на улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото. И оваа сезона, тротоарите на оваа улица окупирани од урбаната опрема односно од масите и столиците на хотелско-угостителските објекти на овој потег. Пешаците, наместо по тротоарите предвидени за нив, уште една летна сезона приморани да се движат по самиот коловоз. ТВМ во повеќе наврати информираше за овој проблем на охриѓани, особено оние кои гравитираат на овој потег. Од локалната не гледаа проблем и нивниот став беше дека тој потег е замислен како медитеранско катче, во кое треба...

Continue reading

sostanok ziteli Debrca

Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа

Post Views: 2 Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа. Во текот на минатиот викенд во населените места Велмеј и Лешани. Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски со стручно лице од општинската администрација одржа средба со месното население каде што беа презентирани проектите за изградба на фекална канализација во с.Велмеј и с.Лешани со заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле. Со овие проекти претходно беше аплицирано во Светска Банка, од чија страна истите беа прифатени и се во крајна фаза на одобрување-информираат од локалната...

Continue reading

migranti

Џентилони: „Справувањето со мигрантите-заеднички товар на сите европски земји“

Post Views: 1 Прашањето со мигрантите една од топ темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите членки на Централноевропската иницијатива. Според министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, најважно е заедничкото справување со ова прашање. Џентилони вели дека има неколку аспекти кои се клучни во ова прашање како што се активностите во земјите на потекло на миграцијата, активностите против трговците со луѓе, активностите за спасување на море како и предлогот на Советот на Европа за релокација на мигрантите. „Ова не е чудесно решение за...

Continue reading

promocija kniga mitrovic

Фотографот и архивист Никола Митровиќ приреди вистинско патување во минатото за охриѓани

Post Views: 7 Вистинско патување во минатото на охриѓани, пријателите, соработниците и своите колеги им овозможи фотографот и архивист, Никола Митровиќ со своето книжевно дело „Фотографијата како историско сведоштво за градот Охрид во периодот 1913-1991 година“. Ова дело креирано во периодот од 2005та до 2007ма година ја доживеа својата официјална промоција. Книгата е всушност вториот дел од трилогијата која Митровиќ ја има ветено на Охрид. Првото дело беше неговата изложба на фотографии насловена како „Охрид понапред“. „Јас ако се вратам малку наназад токму во вашата телевизија направив...

Continue reading

ministri cei

Временска рамка за целосна интеграција на земјите од регионот во ЕУ

Post Views: 0 Поставување на временски период во кој би било предвидено да се оствари целосна интеграција на сите земји од нашиот регион во рамки на Европската Унија. Ова беше само една од поентите истакнати на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива. Во годината во која Република Македонија претседава со оваа иницијатива, според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заеднички е ставот на сите министри членки на ЦЕИ дека сите земји од регионот имаат заедничка иднина во рамки на европското семејство. „Централно европската...

Continue reading

kej

Намален бројот на откажувања на туристички аранжмани, хотелиерите очекуваат успешна сезона

Post Views: 2 Туристичките работници и локалната самоуправа оптимисти за престојната летна туристичка сезона. Денес на работен појадок дискутираа околу ситуацијата со откажувања на туристичките аранжмани поради неодамнешните случувања во Куманово. Градоначалникот Бакрачески ги сослуша повратните информации од хотелиерите за ефектите на преземените дејствија на министерството за надворешни работи и конзуларните претставништва како и локалната самоуправа за надминување на ситуацијата и креирање поповолна туристичка клима. „Од статистичките податоци кои ги добиваме од нив и од туроператорите...

Continue reading

klimatski promeni

Нема мали општини и држави во битката со климатски промени

Post Views: 1  Придонесот и одговорноста во борбата со климатските промени е товар што треба да го преземат и најголемите и најмалите општини, и најголемите и најмалите држави. Ова е само дел од поентите искажани на втората меѓународна конференција за климатски промени која се одржува во Охрид. Истата е насочена кон креирањето на општински стратегии за климатски промени односно планирање на идните чекори кои локалните самоуправи ќе треба да ги преземат за да го дадат својот придонес во намалување на емисијата на штетни гасови. Градоначалникот Никола Бакрачески, како домаќин ја отвори...

Continue reading

knigi pastrmka

Битката за спас на охридската пастрмка доби ново поглавје

Post Views: 1 Ново поглавје во вечната битка за зачувување на ендемичната охридска пастрмка. Дипломираниот инженер-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски, во едно научно книжевно издание, под насловот „„Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ дава еден сеопфатен увид врз предизвиците во заштитата на пастрмката. Според него, оваа надалеку препознатлива охридска риба се наоѓа во една кризна ситуација, па дури и дека се наоѓа на прагот на истребување. Причините за тоа, Наумоски ги гледа во начинот на нејзин излов. „Мислам дека и понатаму е во криза...

Continue reading

migranti

На патот кон подобро утре, мигрантите минуваат низ нова голгота-дознајте како да им помогнете

Post Views: 5 Охриѓани самоиницијативно се мобилизираат за помош на мигрантите кои секојдневно пешачат долж железничките пруги во Македонија. Немилите настани во кои бројни мигранти ги загубија своите животи во потрага по подобро утре, наголемо го отворија прашањето за третманот на нелегалните мигранти во земјава и законската регулатива која нив ги третира. Поведени од овие причини, најпрво поединци, самоиницијативно започнаа со непосредно помагање на мигрантите кои секојдневно ја поминуваат грчко-македонската граница транзитирајќи кон некои од западноевропските држави. Во моментов,...

Continue reading

pazar

Избрано идејното решение за затворениот градски пазар се чека усвојување од Министерство за транспорт

Post Views: 3 Идејното решение за изградба на затворениот градски пазар веќе избрано, се чека официјално усвојување од страна на Министерството за транспорт и врски. Во фазата на изработка на идејни решенија за пазарот стигнале четири проекти, но најприфатливо и за министерството за транспорт и врски и за локалната самоуправа било она на архитектот Вангел Рафтоски од Струга. Како што не информираа од АД „Илинден“ од Струга, фирмата приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, ова идејно решение е веќе дадено на усвојување во Министерството за транспорт и врски. Сопственикот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top