Автор: Мишел Наумоски

soroptimist

Втора лидерска академија за жени на клубот Сороптимист од Струга

Post Views: 5 Втора лидерска академија за жени на клубот Сороптимист од Струга. Десет дена, 25 млади дами од различни земји ќе стекнуваат лидерски вештини кои ќе можат да ги применат во својот понатамошен професионален развој. Од лидерската академија велат дека пристапот на кој ќе се стекнуваат вештините е холистички односно активностите кои ќе ги имаат поттикнуваат развој на телото, срцето, умот и душата. „Сите активности кои тука ќе ги стекнат во текот на овие десет дена се практикување на животни вештини понатаму е прашањето е каде тие ќе ги применат и дефинитивно тие ќе им помогнат...

Continue reading

kardiolosko

Високите температури го зголемија бројот на интервенции во „Кардиолошко“, докторите на приправност

Post Views: 0 Заводот за кардиоваскуларни заболувања последниов период работи со засилено темпо. Високите температури и топлото време го зголемија бројот на пациенти кои со ваков тип на симптоми се јавиле во оваа здравствена установа. Не ретко, пациентите кои се јавиле со некаков симптом поради топлото време биле и странци, односно туристи кои престојуваат во градот. Зголемувањето на температурата на воздухот значи и зголемување на телесната температура на човекот, а организмот се обидува да ја задржи нормалната телесна температура од 37 степени. Токму тој момент е опасен особено...

Continue reading

voda

Неовластено ракување со водоснабдителните вентили ги остава лесковчани без доволно вода за пиење

Post Views: 8 Кој знае кое лето по ред, дел од жителите на Лескоец се соочуваат со недостиг на вода за пиење и недоволен притисок на истата. Од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ велат дека најголем проблем имаат оние жители кои сеуште се снабдуваат со вода од стариот водоводен систем. Најголемиот проблем во Лескоец, но и во Велгошти, според Влатко Иваноски, раководител на дистрибуција на вода во МЈП Проаква е неовластеното ракување со водоснабдителните вентили. „Тоа мора граѓаните да го сфатат, дека водата треба рационално да се користи. Проблеми има во Лескоец и Велгошти,...

Continue reading

pretstava Izrael

Неисцрпната тема на ужасите на Холокаустот видена низ очите на два израелски театри

Post Views: 1 Судбината на евреите во едно мало село во Полска, фикција како театарско дело, но реалност како историја вечерва видена низ очите на двата водечки израелски театри Хабима и Камери. Претставата „Нашиот клас“ и првото официјално гостување на овие два театри во земјава, но и воопшто надвор од Израел со оваа претстава е по повод одбележвањето на дваесет годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел. „Ќе бидам краток, ќе го искористам овој момент, синоќа бев доцна во предворјето да слушнам дел од пробата, не треба да ја пропуштите, навистина е прекрасна...

Continue reading

zastita ezero

Еколошки предизвици или еколошка катастрофа за Охридското Езеро?

Post Views: 19 Урбанизација на Студенчишкото Блато, изградба на хотели, нови плажи на крајбрежјето на Охридското Езеро, загадувањето на реките, уништувањето на трската, експресниот пат кој треба да минува низ националниот парк „Галичица“. Сите овие еколошки предизвици во последниов период ги вклучија алармите кај експертската јавност, но и кај граѓаните дека нешто мора да се преземе за да се спречи евентуалната деградација на најважниот еко систем во државата. Во обидот да се привлече вниманието, не само на домашната туку и меѓународната експертска јавност, кон овие исклучително важни...

Continue reading

Lugansky

Николај Лугански за ново и неповторливо музичко доживување на Охридско лето

Post Views: 0 Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, рускиот виртуоз, Николај Лугански, вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето. Прекрасната акустика на црквата „Св.Софија“ ќе даде свој печат на концерот на Лугански, кому ова му е четврт настап на Охридско лето. Лугански е воодушевен од природните убавини на Охрид, за кои посака вечно да останат непроменети. Вечерва за музичките сладокусци тој избрал дела од двајца музички великани. „Денес ќе свирам музика од двајца автори Шуберт и Чајковски, Шуберт соната во ц-мол, две големи сонати, една од трите негови последни...

Continue reading

privatno smestuvanje

Зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи

Post Views: 1 Во екот на летната туристичка сезона, локалната со засилени и зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи. Според евиденцијата на секторот за туризам и локален економски развој, во Охрид има пријавено околу 2100 приватни станоиздавачи. Од секторот велат дека имаат реални проблеми успешно да ги исконтролираат сите приватни станоиздавачи поради нивниот голем број. Од секторот за ТЛЕР велат дека таканаречените туристички редари во летниот период имаат полни раце работа, но и скоро невозможна мисија, обезбедување на почитување на законските прописи од страна...

Continue reading

ocila tumor

Охриѓанец изумител на очила со кои докторите ги гледаат канцерогените клетки за време на операција

Post Views: 1 Охриѓанец изумител на револуционерна технологија која ги детектира канцерогените клетки во реално време во текот на самата операција. Професор д-р Виктор Груев, наш сограѓанин кој веќе дваесеттина години живее и работи во Сент Луис, во САД, во медицината влегува случајно, но таму открива едно огромно поле на применливост на неговиот револуционерен изум, камера која им овозможува на докторите за време на операција да ги видат канцерогените клетки и целосно да ги отстранат. Вградувајќи ја камерата на очила, слични како популарните Гугл глас, проф.д-р Груев се наоѓа на...

Continue reading

ohridsko leto

„Кармина Бурана“ најава за 40 исполнети вечери на фестивалот Охридско Лето

Post Views: 1 Со шпанскиот спектакл, прекрасната сценска кантата „Кармина бурана“ на продукцијата Ла фура делс Баус, македонската филхармонија и македонската опера и балет утревечер свечено се отвора 55то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Сцената на Антички е подготвена да ги угости посетителите, и уметниците кои според директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска ќе приредат концерт за уживање. Јанкуловска потенцира дека овогодинешниот концепт на фестивалот ќе подразбира дека сите вечери ќе бидат настани сами за себе, со свое значење и вредност. „Покрај свеченото...

Continue reading

stetni uv zracenja

Педијатрите предупредуваат да се заштитат бебињата од канцерогените УВ зрачења

Post Views: 0 Внимателно со изложеноста на директна сончева светлина. Иако најчесто луѓето се загрижени поради високите температури, сепак најголемата опасност според докторите не доаѓа од високата температура на воздухот, туку од високиот индекс на УВ зрачењето. Педијатрите предупредуваат дека особено подложни на штетните влијанија на штетното ултравиолетово зрачење се бебињата и малите дечиња. Предупредуваат дека мајките во никој случај не би требало да ги изложуваат своите дечиња на директна сончева светлина од 11 до 17 часот како би се заштитила нежната бебешка кожа. „Кожата е...

Continue reading

velo pateki

Локалната чека средства од Министерство за транспорт за обележување на долгоочекуваните велосипедски патеки

Post Views: 6 Дали охриѓани конечно ќе добијат репрезентативни велосипедски патеки во очи се поинтензивниот развој на урбаниот велосипедизам? Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со локалната работат на создавање услови за што помасовна употреба на велосипедот како превозно средство, но и како средство за рекреација. Претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски вели дека идејата е велосипедска патека на секоја улица. „Ние како идеја го имаме тоа замислено, ставена е идејата на хартија, вметната е во годишната програма и секако како...

Continue reading

urbana oprema kej

И по десет дена од почетокот на летниот режим на сообраќај, урбаната опрема на „Коста Абраш“ непоместена

Post Views: 1 Угостителите кои гравитираат на улицата „Коста Абраш“ во непосредна близина на кејот, не смеат да поставуваат урбана опрема на тротоарот, во периодот од 5 часот наутро до 20 часот навечер. Но и после 10 дена по стапувањето на сила на летниот режим на сообраќај, а со кој е регулирано поставувањето на урбана опрема на овој потег, масите и столиците не се поместени. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски потенцира дека согласно одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, урбана опрема може да се поставува, но во периодот од 20 часот навечер до 5...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top