Post Views: 3
Градот на писменоста и просветителството во 2015та година своето образование го темели само на две високообразовни институции. Во образовната фела постои консензус околу потребата Охрид да добие повеќе универзитети, но барем досега не дошло до реализација на ваквата идеја. Наместо Охрид, Штип во рок од 8 години прерасна во универзитетски град благодарение на Универзитетот “Гоце Делчев” во кој функционираат повеќе од десетина факултети. Според проф.д-р Ирина Петровска од Факултетот за туризам и угостителство, во Охрид постои 45 годишна традиција на високообразование...
Post Views: 2
Посветени сме на максимално остварување на социјалната заштита на ранливите категории на граѓани. Центарот функционира и ќе функционира согласно законските прописи, но и во насока на реализација на многубројните проекти кои се спроведуваат со цел унапредување на социјалната заштита. Ова се само дел од целите, мисијата и предизвиците со кои новиот директор на Центарот за социјална работа од Охрид, Артим Османи вети дека ќе се посвети за да ги постигне.
“Јас како од моја страна така и од вработените, ќе дадам максимален напор за да и се помогне на оваа група на граѓани,...
Post Views: 2
Три повозрасни кученца за кои се грижат волонтерите на „Анималиа“ си најдоа свој дом во земјите од Бенелукс. Кучињата, според Климент Арнаудов, претседател на Здружението за заштита на животни „Анималиа“ потешко се вдомуваат од оние помалите. Повеќе од 30 кученца што помали, што повозрасни се секојдневна грижа за волонтерите од Анималиа, од вчера бројката им се зголеми за 17 мали кученца кои дојдоа на свет. Сепак според нив, вдомувањето на кучиња генерално во градов оди многу потешко отколку што се надевале.
„Направивме сефте, ги испративме во Холандија, едно е додуша...
Post Views: 0
Песни, танц, игри, кореографии, се во знакот на татковината…Црвената и жолатата боја буквално го обоија теренот во спортската сала „Билјанини Извори“, а сите родители, претставници од јавни претпријатија, политичари, граѓани можеа да уживаат во колоритната претстава на малите дечиња.
250 на број, дечињата и самите уживаа во претставата која тие ја приредија, а која никого во публиката не остави рамнодушен. Со свој придонес во големата свеченост учествуваа и средношколците од “Нико Нестор” од Струга кои се претставија со прекрасни народни носии од охридско-струшкиот...
Post Views: 1
Белите рози, симболот на чистотата денес го разубавија училишниот двор на гимназијата “Св.Климент Охридски”. Женскиот лајонс клуб “Деница” со една симболична акција испрати порака за подигнување на свеста кај граѓаните не само за естетиката и убавината на овој убав цвет туку и за неговата функција на филтер на загадениот воздух.
“Оваа симболична акција по трета година ја спроведува женскиот лајонс клуб Деница. Донираме садници на бели рози. Симболиката се состои што сакаме покрај убавината на белите рози сакаме да ја истакнеме и нивната...
Post Views: 2
Наша света должност е да ја сочуваме тешко стекнатата слобода…Пред нас и генерациите по нас ќе стои одговорноста да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста. Ова се пораките кои силно одекнаа денес на свечената седница по повод 71 година слободен Охрид. Борци, поддржувачи, претставници од политички партии, локалната самоуправа, јавните претпријатија и граѓани денес најпрво со положување свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци, а потоа и со пригодна свеченост, им оддадоа достојна почит на оние чија заслуга е нашата...
Post Views: 1
Германскиот гигант Костал денес го потпиша договорот со кој официјално ја потврди инвестицијата во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Оваа 50 милиони вредна инвестиција треба да овозможи вработување на 1000 нови работни места. Охридскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека денес го оствариле ветувањето дадено минатата пролет за оваа втора голема инвестиција во Охридско-струшкиот регион.
„Ќе се отворат работни места за повеќе видови на струки и квалификации и со средно и со високо образование, значи практично ќе...
Post Views: 6
Проблемите со јавното осветлување ќе бидат целосно надминати по Нова Година-најавуваат од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Од таму информираат дека веќе е започнат процесот на промена на обичните сијалици од уличното осветлување со новите, лед, економични светилки. Во првата фаза од процесот на промена на уличните светилки предвидено е да се опфатат местата како Сирула, Оровник, Вапила, Ливоишта, Куратица, Рамне, Велестово и Рача. Во моментот се работи на поголемите населени места, Лескоец и Велгошти.
„Отпочната е таа акција за менување на старите натриумови...
Post Views: 10
Меѓугенерациска средба на младите и повозрасните лица, пријатни изненадувања и подароци, интересно дружење и настап на пејачки групи во неделата на грижа за стари лица. Црвениот крст од Охрид и годинава традиционално ќе им посветува внимание на старите лица од Охрид и Дебрца, овој пат под мотото „Сите сме нивни деца“. Воедно од Црвениот крст од Охрид подготвуваат и нова програма која ќе започне со спроведување токму во текот на неделата на грижа за стари лица, а која ќе биде насочена кон обезбедување на поквалитетно стареење на старите лица. Годинава и два интересни...
Post Views: 3
Катедралната црква „Св.Софија“ денес беше претесна да ги собере сите верници од сите краеви на земјава кои сакаа да присуствуваат на прославата за возобновување на култот кон свети Константин Кавасила, еден од најзначајните архиепископи на Охридската Архиепископија. Утрената богослужба природно ги прибра кај себе верниците кои дојдоа не само да го чујат божјото слово, но и да чујат за ликот и делото на свети Константин Кавасила. За значението на овој охридски архиепископ проговори теологот Виктор Недески.
„Неговиот животен пат е специфичен во многу нешта. Живеејќи во...
Post Views: 1
Најавите за изградба на хотелски капацитети на атрактивната локација кај авто кампот „Градиште“ предизвика револт кај жителите од Пештани кои 15 години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште. Хотелите на пет ката кои Министерството за транспорт и врски ги предвидело на површина од над 57 илјади метри квадратни, се дел од планираната туристичка развојна зона за која министерството веќе го објави и нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко планската документација. Пештанци, преку здружението на граѓани „Градиште“...
Post Views: 2
Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам.
„Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до реализација...