Автор: Мишел Наумоски

nagrada grigor prlicev

Глигор Стојковски годинешен лауреат за најдобра поема “Григор Прличев”

Post Views: 4 Поемата “Завет, јад”, со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001”, е поетскиот восклик кој годинава на познатиот македонски новинар и публицист Глигор Стојковски му ја донесе престижната награда за најдобра поема за 2015та, “Григор Прличев”. Поемата говори за судбината на прекрасниот Лешочки манастир и едно име, великанот Кирил Печиновиќ кој го возобновува манастирот во 1830та, но и поетовата реакција кон претпоставеното однесување на владиката Кирил во чија надлежност беше манастирот за време неговото вандалско разурнување во 2001та година...

Continue reading

izlozba

Интересна изложба и промоција на книга на дедо и внука

Post Views: 3 Балерини со фустани од хартија, кори од портокали, изрежаниот молив, еже и рипчиња од капачиња. Овој чуден спој креативно поместен на креациите и делата на малата Ана Томоска денес беше изложен за сите посетители на НУ Градска библиотека-„Григор Прличев“. Создавани во период од три месеци, третоодделенката Ана своето слободно време го користи на еден ваков креативен начин. „Нешто гледам и одма го правам од тоалетни кутивчиња, капачиња. Од тоалетните ги виткам со тафет папир и им ставам очи, ги правам како ликови.“-вели авторката на изложбата, Ана Томоска. Освен роднинската...

Continue reading

asnom

Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“

Post Views: 4 Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“. „Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид, каде што...

Continue reading

trotoari

Локалната ќе работи и на реконструкција на тротоарите долж Туристичка за заокружување на целината

Post Views: 3 Охриѓани ќе добијат современи пешачки и велосипедски зони со цел да се заокружи целината заедно со новите кружни текови. Портпаролот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески вели дека вакви пешачки зони иако не било предвидено биле изградени и околу новите кружни текови. Со одлука на градоначалникот Бакрачески, ЈП Нискоградба ја добило задачата да ги изврши овие градежни активности. За да не постои разлика помеѓу старо и ново поставените бекатон плочки, Танески вели дека ќе се погрижат во проектот за реконструкција на тротоарите долж „Туристичка“. „Булеварот...

Continue reading

socijalen slucaj

Брачниот пар Ѓеорѓиески останува без покрив над главата

Post Views: 7 Денес е 1ви февруари, за нас само прв ден во месецот, но за Сашо и Гина Ѓеорѓиески, ова е денот кога треба да ги соберат оние малку работи кои ги поседуваат и да се иселат од станот каде досега живееја под кирија. Мора да заминат бидејќи немаат од каде да платат кирија, а веќе должат за неколку месеци наназад. Плинската боца со која се топлат полека догорува, кога ќе се потроши, ќе нема и на што да се топлат. Велат, сопственикот на станот им понудил да му платат половина од парите кои ги должат за кирија, но Сашо вели дека немаат ниту за половина. Сопругата му е невработена,...

Continue reading

petkratno ubistvo

Откриени сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци!

Post Views: 5 Станува збор, како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за група од Скопје- следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници. Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, за што има и материјални докази, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани. При извршените претреси во 26 објекти во полициската акција „монструм“, пронајдено е поголемо количество оружје, а во тек е вештачење дали е користено во петкратното убиство. Според Јанкулоска...

Continue reading

svr merki

СВР Охрид со безбедносни мерки од копно и вода за големиот празник Водици

Post Views: 8 СВР Охрид со последни подготвителни мерки во пресрет големиот празник Водици како би се овозможило безбедно одвивање на истиот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој воедно е и дел од координативното организационо тело за празникот, вели дека ќе се преземаат широк спектар на безбедносни мерки но карактеристични и редовни за еден ваков настан, без посебни зголемување на безбедносните мерки. Ова според него е доста важно бидејќи податоците говорат за многу малку нарушувања на јавниот ред и мир на овој ден во изминатите години, или без никакви нарушувања во последните...

Continue reading

voter net

Охрид и Воден ќе градат соработка и надвор од проектот Water.net

Post Views: 9 Соработката помеѓу општините Охрид и Воден (Р.Грција) не застанува само на проектот Вотер нет, а со кој беше финансирана изградбата на дел од пешачката патека кај Студенчишта, модернизацијата на кујната во факултетот за туризам и угостителство, но и предвидената изградба на ботаничката градина во факултетот и изградбата на современиот туристички информативен центар. Денес градоначалниците на двата града, заедно со свои делегации на втор координативен состанок го разгледуваа статусот токму на овие спроведени активности. Но ова, според градоначалникот Никола Бакрачески...

Continue reading

vodici

Привршуваат подготовките за одбележување на големиот христијански празници Водици

Post Views: 1 Последни подготовки во пресет одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Во духот на празникот, веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. И годинава во пресрет на празникот, на 18ти јануари ќе бидат доделени 50 хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства во Охрид а кои се обезбедени од страна на општината а во соработка со Црвениот крст.  Вечерта пак, екипите на Црвен крст на платото помеѓу Капетанија и ресторанот Чун ќе вршат превентивни прегледи на сите верници кои сакаат да скокаат по светиот крст во вторник....

Continue reading

nurkaci

Традиционално чистење на водата кај градското пристаниште во пресрет Водици

Post Views: 4 Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици.  Оваа акција има за цел обезбедување на локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот. „Воглавно наоѓаме доста големи количини на отпадни материи, но овие последниве години со акциите за чистење на езерото сепак се разбудува свеста кај луѓето, се намалува количината на отпадни материи, меѓутоа сепак...

Continue reading

sneg

Најави за обилни врнежи од снег-службите подготвени

Post Views: 1 Најавениот зголемен снежен бран и температури до минус 16 кој се очекува да ја зафати територијата на Охрид овој викенд, почнувајќи од сабота попладне ги алармираше службите во рамки на општинскиот штаб за заштита и спасување. Тие денес на координативен состанок разговараа за тоа што е преземено од сите чинители како би се овозможило нормално функционирање на градот и службите во пресрет на најавите за обилни снежни врнежи. Митко Темелковски од регионалниот Центар за управување со кризи вели дека сите субјекти во рамките на општинскиот штаб за заштита и спасувње ги презеле...

Continue reading

sahti

До средината од 2016 Лескоец конечно ќе добие фекална канализација

Post Views: 1 Лесковчани до крајот на годинава би требало да ја добијат долгоочекуваната фекална канализација. Нешто повеќе од еден милион евра вредниот инфраструктурен зафат во Лескоец, во моментот се наоѓа во втора и трета фаза од неговото спроведување. После извесен период од поставувањето на првите шахти за оваа канализација, непосредно пред почетокот на оваа година, беа започнати зафатите за поставување на потребната инфраструктура за реализација на наредните две фази од овој важен проект за лесковчани. „Во моментов течат втората и третата фаза од поставувањето и изградбата на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top