Post Views: 0
Саботна авантура за љубителите на природата, планината, прошетките. Екипата за спасување во планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид ќе ги поведе сите заинтересирани од Корита до Липова ливата на нашата прекрасна Галичица. Овој интересен настан се организира во рамки на одбележувањето на неделата за срцево-садови заболувања.
„Јас би рекол дека интересна треба да биде за сите граѓани бидејќи е една рекреативна тура која што нема некои особени побарувања во физичка смисла од страна на посетителите. Можат буквалнно сите да дојдат на оваа тура, нормално да...
Post Views: 2
Нафтената дамка која се појави во тревната површина во непосредна близина на хотелот Инекс Горица најверојатно е причинета од човечки фактор. До вакви индиции дошол тимот на Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа, а во кое тело делуваат претставници од СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и јавните претпријатија од градов. По добиена информација од загрижени граѓани, тимот уште вчера излегол на терен со цел да утврди дали нафтената дамка претставува потенцијална опасност за граѓаните и животната средина. Тие констатирале дека таква опасност воопшто...
Post Views: 0
Полесно ангажирање на сезонски работници со последните измени во Законот за работни односи. Овие измени, како што велат од Министерството за труд и социјална политика во исто време ќе обезбедат и полесен пристап до пазарот за труд за невработените, но и истовремено почитување на барањето на работодавачите за нивно полесно ангажирање.
Главна цел на измените, според портпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Давор Политов, е пред се ангажирање на корисници на социјална парична помош и обезбедување на посебна заштита на одделни категории на работници.
„Она...
Post Views: 2
Земјите од Балканот разменуваат искуства и теоретски знаења за најдобрите методи за справување со глобалната закана тероризмот. Од вчера, па се до 19ти февруари повеќе од четириесетина учесници од десет различни земји ќе учествуваат на напредната школа за справување со заканата од тероризам во Југоисточна Европа.
„Ова се високи претставници од разни институции од земјите во регионот, ќе придонесат за зајакнување на личните врски, за соработката помеѓу земјите во регионот бидејќи размената на информации е мошне значајна. Како што знаете Европа во последниве неколку години,...
Post Views: 1
Идентификација на кариес без штетните икс-зраци, идентификација на мали кариеси невидливи со други дијагностички методи, идентификација на кариеси под стари полнења кои што исто така не се видливи со други дијагностички методи, јасен мониторинг и јасни слики кои што секој може да ги разбере и да види која е неговата состојба. Ова се само дел од многуте можности кои ги нуди новата револуционерна стоматолошка алатка, Дијагнокам, дијагностичка камера за откривање на кариес. Оваа нова технологија веќе е присутна во Охрид и се применува во стоматолошкиот центар „Д-р. Баткоски“....
Post Views: 0
Концесиите за стопански риболов во Охридското и Дојранското Езеро, како и акумулацијата Шпилје, денес и официјално доделени. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денес ги врачи договорите за концесија. Носител на концесијата за стопански риболов во Охридското Езеро ќе биде ПАСТРМКА 2012, за Дојранското, ФИШИЛАН ДООЕЛ – НОВ ДОЈРАН, додека за Шпилје концесијата им припадна на ЗЗ ОХРИДСКА ПАСТРМКА – СТРУГА.
Начините и условите за користење се утврдени во риболовните услови. Во риболовните основи воедно е одредена и висината на финансисксите...
Post Views: 0
Ова е Маика Маковски, во Охрид и земјава малку позната, но во Шпанија сериозна и позната музичарка со долгогодишна кариера. Со Македонија ја поврзува долга приказна и корени кои пред само три години ги открила. Таа е половина Македонка, по потекло од Буково.
Вели дека Охрид го памети по неверојатните природни убавини, недопрената дивина, уникатноста на местото. Кога слушнала за најавените проекти за изградба на монденски плажи, ски центри и останатите проекти долж Охридското крајбрежје била ужасната од помислата дека можеби следниот пат кога ќе дојде во нејзината втора...
Post Views: 0
Три месеци не делат од стартот на туристичката сезона. И ова лето по се изгледа во македонскиот туристички бисер по парковите, плоштадите, улиците ќе шетаат глутници бездомни кучиња. Решението на овој горлив проблем со години наназад се гледа во изградбата на стационарот за кучиња кој барем досега е само пуста желба на граѓаните. Веќе извесен период, без скоро никакви средства, со повремени донации од странци како и дел општински средства, активистите од здружението Анималиа се борат за изнаоѓање на најадекватното решение за проблемот со кучиња скитници, но хумано решение...
Post Views: 66
Со предлози кои варираат од отворање на нов граничен премин со Грција во Маркова нога, па до подготвеност за средби на највисоко политичко ниво, Република Македонија покажува активност пред генералното собрание на ОН во Септември. Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски вели дека целта на нашата земја е да се создаде што е можно поповолна клима во однос на спорот со Грција околу уставното име на Македонија. Попоски смета дека нашиот јужен сосед треба сериозно да пристапи кон македонските иницијативи, доколку се искрени нивните намери...
Post Views: 0
И покрај донесено решение од општинскиот инспекторат за отстранување на летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, дрвената конструкција сеуште стои на истата локација.
Поминаа два месеци откако инспекторатот усно и писмено го известил сопственикот на објектот дека истиот треба сам да ја отстрани конструкцијата. Кога ТВМ претходно известуваше на оваа тема, на крајот од минатата година, од општинскиот инспекторат, преку Одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа, бевме информирани дека доколку сопственикот на објектот не постапи по решението...
Post Views: 3
Да се подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина, што влијае и врз здравјето на луѓето. Ова е целта која пред себе си ја зацртале неуморните активисти на иницијативата „Чист Охрид“. После пет организирани акции во кои несебично чистеа отпад на локации во Воска, населбата Христо Узунов, околу музичкото училиште и градската болница, тие не покажуваат знаци на замор. Иако велат дека досега имале можност да видат многу отпад.
„Најплодно би рекол дека беше чистењето на плажите во Воска, имаше секаков вид ѓубре, како тракторски гуми, чадори, столици пластични,...
Post Views: 2
Втор ден чествување на ликот и делото на најистакнатиот охридски поет, ловороносецот Григор Прличев. Денес во неговата спомен куќа претставници од локалната самоуправа, институциите од градов што го носат името на Прличев, родители и ученици уште еднаш се присетија на значењето на овој голем охридски деец.
„Ќе не потсети дека системот на вредности се темели токму на личниот пример. Татко имаме еден, а таткојната е многу татковци. Мајка имаме една, а таткојната е илјадници мајка. Братја имаме пет или десет, а таткојната е неброени братја. Еден чоек што не си ја милвит...