Post Views: 8
Двојно повеќе шалтери во Катастар , за барем се надеваме, двојно побрза работа. Охридското подрачно одделение за катастар на недвижности денес ги промовираше новите работни простории. Покрај трите стари, сега и три нови шалтери во Катастар. Со пуштањето на реновираните простории во употреба, подрачното одделение во Охрид добива една репрезентативна шалтерска сала-вели портпаролот на Агенцијата за катастар на недвижности, Валентина Христова-Стефановска.
Заедно со новите шалтери, во Охрид започна со работа и електронскиот катастар кој треба да ја олесни работата и на вработените,...
Post Views: 2
Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки.
„Активностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на...
Post Views: 0
Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа.
„Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па и...
Post Views: 1
Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар...
Post Views: 3
Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана...
Post Views: 3
Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман.
„Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник...
Post Views: 10
Веројатно сте запознаени со најновите несогласувања помеѓу Грција и Турција околу тоа каде е татковината на ѓеврекот. И додека Грција тврди дека кулурито како што тие го викаат потекнува од византиски период, турците тврдат дека нивниот симит е она вистинското. Оваа навидум бесмислена препирка не заинтересира и нас па надевајќи се дека ќе ни помогнат во оваа дилема, решивме да ги запрашаме нашите граѓани кој ѓеврек нив им е најпознат. Еве што ни одговорија.
„За мене само охридскиот, варениот ѓеврек.“„Јас варениот го сакам.“„Па во Охрид сум, ќе речам охридскиот варен...
Post Views: 4
Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи.
„Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни...
Post Views: 2
Секој мозаик има повеќе мали составни делчиња кои ја даваат целата слика. Така и „Скопје ремикс“ филмот за културниот ритам на градот под Калето преку девет кратки филма се обидува да го дофати духот на една генерација. „Скопје ремикс“ е сложувалка на чие составување во изминативе две и пол години работеа десет млади македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Дарјан Пејовски, Огнен Димитровски Срѓан Јанакиевиќ, Ѓорѓе Ставрески, Саша Станишиќ, Јане Алтипармаков, Вардан Тозија, Бојан Трифуновски и Синиша Ефтимов.
Водечка сила на филмот е музиката, музиката создавана...
Post Views: 14
Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен.
„Тоа ќе биде задача на Фондот да ги стави...
Post Views: 0
И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“.
Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево.
Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид.
Двата прво пласирани...
Post Views: 12
Културниот диверзитет, различните народи и култури од големо значење за развојот на туризмот и угостителството. Ова е хајлајтот од четиридневниот семинар на кој учествуваа професори од Факултетот за туризам и угостителство и претставниците од Комјунити колеџите од САД. Целта е да се разменат искуства и во теоретските знаења, но посебно во практичното работење на наставниот кадар.„Тие добиваат знаења за начинот на пренос на знаењата во САД, пренос на практичниот начин на работење она што ние се обидуваме да го воведуваме што повеќе во нашите предавања. Контакт со нашите...