Автор: Мишел Наумоски

Поголемо трпение кај наставниците за децата со дислексија

Post Views: 7 Потешкотии во читањето, често пишување на буквите наопаку како да се гледаат во огледало, неможност за следење на секвенци, решавање на математички задачи, а во исто време во најголем дел се работи за деца со натпросечна интелегенција. Ова се само дел од најпрепознатливите симптоми на состојбата наречена дислексија. Иако за неа не постојат направени истражувања во земјава за тоа колкав број од децата се носители на оваа состојба, сепак според помали истражувања направени на ниво на град Скопје, во средните училишта, се дошло до релативна бројка од 17 проценти од сите...

Continue reading

Ohrid Film Fest прв интернационален фестивал на ангажиран филм во Охрид

Post Views: 0 Со проекцијата на филмот „Од другата страна“ на српскиот актер и копродуцент во филмот, Лазар Ристовски, ќе започне новата филмска бајка за охриѓани, но и за сите љубители на филмот. На 10ти јуни ќе биде означен почетокот на првото издание на новиот интернационален филмски фестивал кој ќе се случува во Охрид, наречен едноставно, Ohrid Film Fest. Овој прв филмски фестивал после случувањата со Францускиот филмски фестивал ќе работи исклучиво со ангажирани филмови, било тоа да се политички, социјално или уметничко ангажирани. Ohrid Film Fest воедно во фокусот ќе ги стави...

Continue reading

vtor krug Debrca Struga

Дебрца и Струга ги добија своите нови градоначалници

Post Views: 2 Вториот круг од Локалните избори 2013 година донесе и нови градоначалници во општините Дебрца и Струга. По 16 години владеење на досегашниот градоначалник, Љупчо Којчиноски, во Дебрца победа забележа Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. По пребројувањето на гласовите од 28те избирачки места во Дебрца, со 172 гласа предност пред неговиот противкандидат Којчиноски, Трајкоски беше изгласан за нов градоначалник на Дебрца. Инаку тој освои 1822 гласови или 51.59 % од гласовите, додека Којчиноски освои 1650 или 46.72 % од гласовите. Во вториот...

Continue reading

Големиот холандски туроператор “ТУИ” најави поинтензивна промоција на Охрид

Post Views: 19 Затворањето на бегалскиот камп во Идомени на Македонско-Грчката граница, позитивен импулс за туристите од Холандија кои сакаат да ја посетат земјава. Денес менаџментот на познатиот туроператор „ТУИ“ и холандската федерација за патување и туроператори се сретнаа со раководството на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за да разговараат токму за влијанието на потенцијалните безбедносни ризици предизвикани од актуелната политичка состојба во земјава, но и мигрантската криза. „Луѓето кои се веќе на одмор тука сфатија дека имаат одмор без да се вклучени во никаков...

Continue reading

Руската федерација отвори конзулат во Охрид

Post Views: 6 Охрид од денес е седиште на почесниот конзулат на Руската Федерација на Македонија. Високи претставници на руската амбасада во Македонија, министерството за надворешни работи на Македонија, челниците на Македонската православна црква г.г Стефан и Дебарско кичевската епархија, г.Тимотеј, претставници на руската патријаршија, интелектуалци присуствуваа на свеченото отворање на почесниот конзулат на Русија во Охрид. Овој чин, според амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербик е значајна етапа во продлабочувањето на руско-македонските односи. „Новиот почесен конзулат...

Continue reading

Тенденција на пораст на бројот на пловила на кои се врши технички преглед

Post Views: 6 Подготвителниот период за технички прегледи на чамците и пловилата добива на интензитет. Месеците мај и јуни според капетанот на Капетанија на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски е период во кој најголемиот број од пловните објекти ги обновуваат пловидбените дозволи и вршат технички прегледи на своите пловила. Устијаноски информира дека сите активности во моментов се одвиваат според определениот план, а за да им излезат во пресрет на сопствениците на пловни објекти, ќе имаат дежурни тимови и во сабота и недела, како и во периодот од 16:30 до 12 часот...

Continue reading

Правата на власите најмногу се почитуваат во Македонија

Post Views: 6 Секогаш постои тенденција кон збогатување и признавање на што е можно повеќе национални права, меѓу кои подигнувањето на условите за користење на мајчиниот јазик, фоклорот и културата се едни од најважните според претседателот на здружението на власи од Охрид, „Луњина“, Драган Коровешоски. Денес власите од целиот свет, каде и да се наоѓаат го прославуваат својот национален ден. Според Коровешоски, иако секогаш постои можност за подобрување, сепак во Македонија, власите уживаат најмногу права од било кое друго место. „Сметаме дека во Македонија најдалеку е стигнато бидејќи...

Continue reading

Традиционални танци, носии и јадења на Денот на култури 2016

Post Views: 5 Народни носии, претставување на националните кујни и колоритните национални песни и танци. Денес студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ги славеа различностите преку веќе традиционалниот „Ден на култури“. Годинава истиот беше организиран на градскиот  плоштад како би можело што е можно поголем број на посетители да вкусат дел од традиционалните кујни на земјите од каде доаѓаат студентите, но и да се фотографираат со нив во нивните традиционални носии. „Ќе танцуваме, ќе ја покажеме нашата традиционална храна, ќе покажеме и еден наш културен церемонијален танц...

Continue reading

Супер пресметка на РК Охрид 2013 пред решавачките натпревари за излез во Европа

Post Views: 0 Супер интересен дуел за публика и подигнување на моралот кај нашите ракометари. Утре во терминот од 18 часот со салата “Билјанини Извори”, РК Охрид 2013 во дуел со втората најсилна екипа во ракометната Супер лига, екипата на Металург. Воедно ова е првиот натпревар во кој тренерот на Металург, хрватскиот стратег Лино Червар ќе го игра во двојна улога, по неодамнешното назначување за селектор на македонската ракометна репрезентација. Ова според голманот на РК Охрид 2013, Благојче Трајкоски е мотив повеќе и можност за докажување па можеби и од нашиот тим да...

Continue reading

Дефиле со пожарникарските возила за одбележување на Денот на пожарникарите

Post Views: 0 Звучната сирена и ротационото светло на нашите пожарникарски возила денес не значење причина за загриженост. Денес територијалната противпожарна единица од Охрид дефилираше со своите возила низ охридските улици како дел од одбележувањето на 20ти мај, денот на пожарникарите на Република Македонија. По дефилето, во рамките на просториите на територијалната противпожарна единица беше презентирана и пожарникарската опрема која нашите пожарникари ја поседуваат. Командирот на нашата единица, Спасе Прентоски вели дека трендот на намалување на бројот на интервенции ги радува...

Continue reading

Пуштена во употреба реконструираната ул.„Воденичарска“ во Велгошти

Post Views: 1 Свечено пуштена во употреба реконструираната улица „Воденичарска“ во село Велгошти. Оваа улица, односно нејзината реконструкција е резултат на директната комуникација на локалната самоуправа со мештаните на Велгошти кои побарале освен реконструкција на улицата да се доврши и фекалната и атмосферската канализација каде тоа не било направено. Според градоначалникот Бакрачески, реконструкцијата на оваа улица се случува на општо задоволство на сите бидејќи станува збор за улица поради која децении наназад мештаните не можеле адекватно да си ги обавуваат своите потреби особено...

Continue reading

grm centar za turizam

Од нива до трпеза-угостителскиот центар „Грм“-Словенија-пример на самоодржливо училиште

Post Views: 2 Малку визија, многу работа, посветеност и љубов во она што се работи е доволно за еден мал училишен центар во Ново Место-Словенија да прерасне во фантастичен пример на самоодржливо училиште. Центарот за биотехника и туризам „Грм“ во Ново Место во едно соединение ги спојува знаењата од полјоделството, угостителството и туризмот. Раководејќи се според нивното основно мото „Од нива, до трпеза“, учениците од ова угостителско, туристичко училиште сами ги произведуваат своите намирници, а потоа ги подготвуваат и послужуваат на своите гости. Комплетирајќи го овој бизнис круг,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top